Јас сум посетувала во неколку различни школи и во мојот град и онлајн и никаде не било повеќе од 100 евра.
Дали може цело А ниво да се полага одеднаш? Не знам како одат полагањата, а скоро го знам цел материјал за ниво А, па да знам дали може со едно полагање се да поминам
Да. Ама така е и поефтино. Оти а1.1 и цело А исто пари ќе е, полагање е полагање. Е после наредните б1 и б2 дека потешки може ќе треба башка. Не знаѓ
Кој курс? Или општо мислиш? Не мора во Гете да завршиш курс, може било каде да учиш / да се спремаш. Но да, скапичко е. Зависно до кое ниво си моментално.
Моментално сум а2.2 степен. Одам на курс, но не сум задоволна. Не се чувствувам спремно да зборувам. Учевме по Schritte книгата, после за а2 од Menschen. Читаме текстови преведуваме и решаваме задачи во работната. Нема дискусија на германски меѓу нас и не можам да составувам реченици течно, затоа не сум задоволна. Мислев да се запишам во гете на курс б1, по претппставка дека би не спремале како за нивното полагање. Не знам стварно како да направам. Дали имате препорака за некој курс каде добро спремаат?
Во однос на книгите, ми се чини дека Menschen е подобра. За курс јас сум задоволна од Lingoline, имам и претходно пишано мислам. Се даваше огромно значење на зборување и пишување текстови, не толку многу на граматиката. Има добра атмосфера, не се чувствуваш лошо ако направиш граматичка грешка или не можеш баш добро да се искажеш. Значи дефинитивно голем дел од часот беше зборување. И да, и професорката објаснува на германски најчесто што е исто голем плус. Во Гете се доста поскапи курсевите, дури и допло поскапи. Не знам како се работи, кога прашував имале некој нивен материјал. Не знам дали се обрнува внимание на спремање за полагање и тоа. Ми се чини околу 12000 или 15000 денари беа тами курсевите. Можеш да одиш и друго место на курс, а ако имаш слободно време и сам/а спремај се во меѓувреме за полагање. На интернет се наоѓаат доста добри ресурси за полагањето. Не сум полагала и затоа не знам многу околу тоа, но ја знам содржината на тестот и сум решавала такви прашања (иако од поодабна).
Здраво, дали некој полагал скоро во ОСД Тетово? А1 треба да полагам и ме интересира отприлика што е и како е? Дали е тешко/лесно итн.
Hey! Dali nekoj pocetnik ima stignato do b2 ili c1 za 1 godina? Dali e vozmozhno? Sovet? Vi blagodaram