Здраво девојки, дали некој го посетувал курсот во Гете Blended learning (50% онлајн, 50% самостојно учење). Правев тест на нивната страна и ми одредија ниво, ми препорачаа да се запишам на курсот за Б2.1. Ме интересира некој што посетувал курс таму да сподели мислење.
Се полага дополнително, не е само сертификатот валиден. Мислам во Гете имаа, ама најблиску Србија. Глупост...ама ете. Не мораш инаку да полагаш во Германија за да ти важи. Со ова полагањево го покрива тој дел. Мислам 300 евра беше.
Сертификати од тие обичните курсови во школите за јазици не се признати во Германија. Посебен испит се полага во Гете кој важи интернационално.
Ве молам за појаснување бидејќи не разбирам баш. 1. Дали е признат сертификатот од Goethe Sprachschule оној што го продаваат на Групер? 2. Ако имам Европски документи дали мора да добијам германска виза? 3. Дали ако со моите Европски документи решам некогаш да се преселам во Германија или Швајцарија ќе ми бараат сертификат или важно е колку всушност јас знам германски јазик? 4. Да сте на мое место дали би се посветиле максимално да учите сами јазик (не сум ептен почетник) или би запишале ултра интензивен курс за да земете и серфитикат?
За Швајцарија ке ти одговорам: Ниеден секртификат од надвор не го признаваат, си имаат посебни нивни школи каде што мора да одиш без разлика што си со ЕУ пасош. Ако сакаш нормална работа мора да поминеш низ нивни курсеви. Швице дојч не е ист со германскиот, ниту па италијанскиот ни францускиот од оние во Ит и Фр. Кога ке појдеш во Швајцарија за барање виза ке те упатат и за курс (зависно во кој дел ке си).
Ја би комбинација од двете. Има многу предности од одење на курс отколку учење сам дома. Прво, имаш рутина и обврска, за разлика кога учиш сам многу лесно може да излезеш од колосек и после тоа тешко е да се вратиш. Второ и според мене најважно, во група и со професор многу повеќе се вежба зборување и комуникација на јазикот кој го учиш. Трето, сам секогаш можеш да земеш некоја граматика со вежби и да решаваш во слободно време или пак да гледаш видеа на youtube со цел повторување и зацврстување на наученото.
Можеш и да го полагаш само ако си скроз сигурна дека баш јазикот им го знаеш, оти напоменав дека има разлика. Во моментот кога поднесуваш за виза во некој кантон прашај си најубаво за јазик каде да се обратиш.
1 не 2 не ти треба виза, еу пасош имаш 3 за Германија колку што знам, не 4 комбинација од двете. Само учење сама е долг процес.. Сертификатот не е поврзан со курсот. Си плаќаш дополнително и си полагаш.
Nasive makedonski seetifikati ne gi priznava germanija ako vejke vleguvas na rabota so jazik na primer jas polagav tuka do b2 i na kraj sertifikatot mi propadna vo voda sega ucam pak germanija za da mozam da vlezam na rabota so b2 jazik