Дали имате Б2 тестови за Гете. Пример за Б1 имаше Modeltests на интернет за да знам што отприлика даваат. Имаат еден модел тест на нивната страна, тој го видов, ми требаат плус некои. И секое искуство со Б2 ниво е добредојдено.
Ми треба Ausblick 3, пдф книга и по можност работна. Дали некој ги има и би можел да ми испрати. И ако имате некоја добра книга за Ц1 пдф и ако сакате да ја испратите, би била благодарна
Мене прашањето ми е дали Ребека, или било која вака што дава часови дава и сертификат признаен јазик? И за повеќе јазици каде има.
Ми треба книга (романче) за читање на германски, некое пониско ниво, и пдф работна со граматички вежби, нешто како EINFACH што е, ама со уште повеќе вежби?
Ако живееш надвор од Мк, можеш од Амазон да ги порачаш. Ако си во Македонија, сигурно би можела преку торент да ги најдеш во pdf. Овие две серии се најдобри, посебно Grammatik Aktiv, граматиката е добро објаснета преку примери и добри илустрации а има и мноогу вежби за секоја граматичка тема. И двете ги има од А1 до C1 ниво.
Каде може да се најде добар македонско-германски или уште подобро англиско-германски прирачник/речник?
Здраво Доколку сте заинтересирани за онлајн индивидуални часови по германски јазик,пишете ми.Цената е 500 денари за еден индивидуален час од 60 минути. Поздрав
Дали 84 илјади денари е многу за интензивен курс со кој се совладува од а1 вклучително и б1 ниво? https://lingualink.com.mk/курсеви-по-германски/
Дефинитивно многу ама и во Гете толку ќе те фати некаде. Јас толку можеби дадов за приватни часови од А2 до Ц1.