со два часа неделно, три години, од 0 до б1. Ако имаш време и пари, 5 часа неделно и за три години треба да си ц1.
со два часа неделно, три години, од 0 до б1. Ако имаш време и пари, 5 часа неделно и за три години треба да си ц1.
Само да надополнам. Учи како сакаш и тебе ти одговара. Битно е да се изложуваш и да го слушаш јазикот во тие часа. Дали тоа ќе бидат песни, текстови, тутор, видеа, граматика сеедно е. Најдобро е да биде комбинација од сите овие работи, ама ако сакаш повеќе видеа да гледаш одошто читаш, пак истата цел се постигнува. Нормално, можеш да го компримираш времето и секој ден да поминуваш по 5 часа така што ќе го научиш за 1 година ако некој точно те насочи. Ама идеално се учи за 2-3 години.
Најкраток реален период е 1.5 година. Е сега од положување на тест до вистинско знаење Ц1 има и разлика. Бидејќи тестовите се шеми, тоа што се смета дека ти треба да го знаеш. Ама не е тешко. Лани баш критериумот за Б2 и Ц1 беше небаре ист.
Дали некој го има учено јазикот во Германија, дали постои можност да се посетува германски курс бо Германија истовремено да се работи нешто на пола работно време без Еу пасош, со студентска виза или работна не знам?
Доста зависи и од индивидуалниот пристап, пример мене ми требаа околу 5,6 години да го научам јазикот на разговорно ниво, да можам да работам со германски и да зборам течно. Зависи секако и што ти е целта, ако ти е целта само диплома тогаш лесно можеш да ја земеш за 2 години со интензивен курс. Ако ти е целта да зборуваш и да се разбираш со луѓе и работиш тогаш може и подолго ќе ти треба.
Jas ucev vo germanskata paralelka vo Georgi Dimitrov i za nekoi 3 godini moze da se stigne do C1 (spored mene)
Здраво. Дали некој има искуство со оваа академија? https://www.instagram.com/affluentacademics__?igsh=MW85OXlycHg5bGFrOA==
Ова е многу индивидуално. Зависи колку ти одат јазици, колку часови ќе имаш неделно, дали ќе го учиш јазикот во Германија или Македонија. Ако си во Германија интеграциски курс до Б1 4 часа 5 дена во неделата ќе ти требаат околу 6 месеци. Курсот е многу интензивен и бара секојдневно учење и плус ако работиш некој мини џоб да го вежбаш јазикот ќе го совладаш материјалот. До Б1 се учи скоро цела граматика. Б2 трае од 3 до 5 месеци. Се учи воглавно вокабулар и малку граматика. Треба време да ти "легне" Б2 затоа подобро е да се учи побавно. Ц1 зависи каков Ц1 ти треба дали општ или медицински. Доста високо ниво е. Треба да имас супер граматика и богат вокабулар, да можеш да дискутираш на високо ниво на многу теми.Се учи 3- 5 месеци. Тука веќе треба да знаеш 80% да зборуваш без грешка. И јас сум на мислење дека барем 3 години требаат за да се извежба јазикот до тоа ниво. Тестовите можеш и побрзо да ги поминеш.
Колку време отприлика е потребно за да се совлада А1 Германски, на пример со интензивен курс од од еден час дневно ? Треба да полагам испит за соединување на семејство па затоа прашувам Имам слободно време на претек да учам цел ден, а и лесно ми влегува во главчето па си велам дека за месец два ќе го совладам, си велам
Кога учев на времето германски одев од 17:30-20:30ч од пон до четврток и од курс ми требаше по 1 месец.Сега пресметај ти за 1 ч колку време ќе ти треба.
Не ,тоа е само А1.1 има и А1.2 значи за 2 месеци ако учиш по 3ч четири пати во неделата.Ама А1 е прелесно.
Поима немам мене не ми барале.Курс одев прво во Мк А1.1 почнав и стигнав до А1.2.Кога дојдов во Де си најдов курс и пошто немаше ваква навала како сега (ова пред 11 год)ми направија тест за кое ниво припаѓам и сакаа на А2.1 да почнам ама јас сама си се вратив на А1.2 и не погрешив имав супер група и супер учител.
Тоа на сликата е А1 (или уште Start Deutsch 1 по телк или Гете). Ако учиш по Меншен, учебниците имаат 12 теми А1.1 и уште 12 во А1.2. Школиве и професориве генерално си рачунаат по 2 часа од 60мин за една тема, што значи еден дел вкупно 24 часа, а за цел А1 би било 48ч х 60 мин. Секако ако ти оди побрзо може и помалку часови на крај да испаднат, но со 2ч секој ден би требало да постигнеш.
Здраво. Каде испитот е полесен, во Goethe или Telc? Дали некој во скоро време има полагано Б1 и Б2? Ако може да ми каже каков е испитот и да ми прати материјали од кои се има спремано за испит, дали има часови организирани од нивна страна пред полагање? Благодарам