Не е тежок. Само на почетокот додека не го сконташ концептот. Се' е до пристапот на професорот. Многу е логички јазикот, без оглед на тоа што има падежи во граматиката, се учат лесно. Еднаш кога ќе им влезеш „во шема“ нема шанса некогаш да ги промашиш или заборавиш. Тешката работа во германскиот е што родот на именките не се совпаѓа со именките во македонскиот, и за жал, нема никаква систематизација да се запамтат. Барем мене ова ми беше најтешкиот дел од јазикот, и ќе ми биде додека го зборувам Е тоа мора некако да се учи, зависи кој како ќе си најде начин. [/quote] се надевам дека ке ми биде лесен.. ме плашат падежите оти во српскиот падежине уште не ги знам ..се бунам некако ми се тешки да ги запамтам [/quote] Падежите и во српскиот и во германскиот и во латинскиот, и претпоставувам во секој јазик кој има падежи (овие три јазика ги учев, затоа ги набројав) имаат иста функција. На пример, со Акузатив секогаш се искажува директен предмет во реченицата, со Датив секогаш се искажува индиректен предмет во реченицата. Генитивот секогаш означува припадност. Во сите три јазици е исто. Е сега, германскиот нема 7 како во српски, има само 4 падежи, па така многу работи се попрости за разлика од српскиот На нас ни се тешки падежите, затоа што ги нема во нашиот јазик, кај нас поинаку се решени работите во тој поглед. Инаку, исти се секаде падежите, ако веќе ги знаеш во српски, многу полесно ќе ги разбереш во германски. Иста функција вршат Без гајле, ќе го научиш, не е ништо страшно и нешто што не се учи А ако заглавиш-тука сме да помогнеме, барем мене можеш слободно да ми се обратиш ако ти затреба
се надевам дека ке ми биде лесен.. ме плашат падежите оти во српскиот падежине уште не ги знам ..се бунам некако ми се тешки да ги запамтам [/quote] Падежите и во српскиот и во германскиот и во латинскиот, и претпоставувам во секој јазик кој има падежи (овие три јазика ги учев, затоа ги набројав) имаат иста функција. На пример, со Акузатив секогаш се искажува директен предмет во реченицата, со Датив секогаш се искажува индиректен предмет во реченицата. Генитивот секогаш означува припадност. Во сите три јазици е исто. Е сега, германскиот нема 7 како во српски, има само 4 падежи, па така многу работи се попрости за разлика од српскиот На нас ни се тешки падежите, затоа што ги нема во нашиот јазик, кај нас поинаку се решени работите во тој поглед. Инаку, исти се секаде падежите, ако веќе ги знаеш во српски, многу полесно ќе ги разбереш во германски. Иста функција вршат Без гајле, ќе го научиш, не е ништо страшно и нешто што не се учи А ако заглавиш-тука сме да помогнеме, барем мене можеш слободно да ми се обратиш ако ти затреба [/quote] Ти благодарам многу срцка..па да така е се е до професорот епа јас на почетокот не ги сватив падежите и нз ни сама како го положив испитот..не ми ги објасниа нај нај а и професорот беше едно женскариште огромно па ми беше страв да одам на лекции кај него,така да се обратив на една професорка ама ете резултати нула хех и сеа се плашам нз како ке го поминам вториот дел од испитот,преводот го направив земав добра оценка ама во мај имам писмен дел/граматика се надевам ке помине се добро пријатен ден и се најубаво
http://www.hueber.de/pingpong-neu/ овде имаш вежби по германски. Таму доле каде што се тие трите, стискаш онаму каде што сакаш да вежбаш. Јас од тука вежбам а и помага. Поздрав
Извинете не мислам никого да навредам и јас би сакала да го знам... ама овој јазик кога го слушам ми се чини човекот се дави. Како да грчи, стенкање, 'ржи... http://www.youtube.com/watch?v=XzNBDNKCcKo
Вака сега, јас јазикот го знам да речеме прилично добро, го учев подолго време ама сепак комуникацијата ми оди тешко, а инаку разбирам скоро се. Ама за зборување многу потешко ми оди, сакам да го зборувам течно како англискиот на пример. Дали знаете некоја страна онлајн да вежбам или па некој форумкаде што можам да вежбам комуникација повеќе?
Многу богат јазик, за 1 збор ќе најдеш колку сакаш синоними. Прекрасен е, многу го сакам јазиков и баш сум среќна што го учам уште од 6то. Тврд јазик, авторитетен таков, лидерски... Хитлерски
интересен ми е јазикот, но не ги сакам германците како нација. Btw тежок е јазикот за учење, но имам желба за да го научам и се трудам
Ќе може ли некој да ми објасни како да правам разлика помеѓу номинатив, акузатив и датив?? Како да видам во кој падеж да го ставам членот (mein, dein, unser ...) во реченици со испуштени членови??
Акузатив се употребува најчесто кога дејството е во движење. Наставките за акузатив се den за машки род а другите наставки за женски род, среден род и множина си остануваат исти как и кај номинатив. Датив се употребува кога дејството е во мирување односно на прашањето каде (Wo?) а за акузатив на прашањето (Wohin) . На пример: Реченица каде употребуваме акузатив, Ich gehe in die Schule. Јас одам во училиште. Schule е женски род па затоа употребуваме die. Реченица каде употребуваме датив: Ich bin in der Schule. јас сум во училиште. Die од акузатив преминува во датив, односно во der затоа што овде имаме мирување односно немаме никаква акција. Најчесто употребувани глаголи кои одат со акузатив се: Gehen, fahren, fliegen, bleiben. За членовите треба да видиш со кои препозициони одат. има препозициони кои одат само со датив има кои одат со акузатив или со датив и со акузатив. на пример mit оди секогаш со датив а für секогаш со акузатив. Се надевам дека ти помогнав со тоа
секако дека ми помогна, фалаа, само уште да ги побарам препозиционите за акузатив за датив сум ги имала запишано во тетратка (mit, bei, zur, von)
Дали ќе се најде вака некој да ми помогне окулу ставањето на именка - > придавка, како се прави тоа?? и нешто интересно што поттекнува од Германија? Треба есеј да правиме за нешто такво
Германисти, помагајте. Вака сега, решавам една вежбичка тука, ама се бунам нешто. Нели ова препозицијава um оди со Акузатив... Е сега, во вежбава човеков оди од едно на друго место (треба да ги извежбам препозициите, родот на именките на местава и да видам дали е акузатив или датив). Значи вака имам, пример... Zuerst ist er zur Bank gefahren. За ова ми е јасно, нели zu оди со Датив, ама е за движење. Е, после оваа реченица, треба да напишам, пример, во толку и толку часот, тој се наоѓа таму и таму. Um neun Uhr war er auf der Bank. Јас тоа со Датив го пишувам, а ме буни тоа UM дека оди со Акузатив, а типов не оди накај банката, туку во 9 е ВО банката. Или тоа UM-чето само пред часот си стои и нема врска со моево прашање? На часови дури наредниве денови ќе почнам, а сакам сама да си разјаснам некои работи и затоа. Ах маки.
јас би рекла Um neun Uhr war er in der Bank. како што имаш напишано е дека е на клупа иако и така се употребува...но тука воа ми е некако пологично
Во книгата пишува дека со Банка оди auf препозиција. А сега преведов на гугл транслејт, зошто стварно испаѓа дека вика оти сум на клупа?? Па во книгата така ми пишува, не дека знаењево ми оди надвор од книгата.
германците користат најчесто bei der Bank, in der Bank..... a auf го користат за Bank / со значење клупа. ме збуни и мене сега со правилава во учебникот
Преводот на овие две реченици ни прави проблеми, а гугл транслејт ми дава нелогични преводи Also, nichts wie rein! Beim Zahlen fragte der Ober. (ова Обер ми го преведува Горниот) Контекстот на текстот е во ресторан. Исто за ова bei, beim кога се употребува? Однапред ви благодариме и јас и син ми...