1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Германски јазик

Дискусија во 'Образование' започната од Ivu4, 15 септември 2011.

  1. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Дечки ве молам препорачајте ми професор/ка по германски за индивидуални онлајн часови.
     
    На MeckaCia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Кажете некоја школа за Германски јазик, сакам да учам интензивен курс, и колку би ме чинело.
    Во Биг Бен 500 ден од час ми рекоја и отприлика 20 часа. Мислам дека тоа е премногу пари а премалку часови
    Ова за индивидуални часови зборам.
     
  3. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    11.587
    Пол:
    Женски
    За индивидуални часови секаде е горе долу таа цената за 60мин (500-600 од час). Некаде е и поскапо, Гете Институт на пример е 2000 за 45 минути.
    Е сега со бројот на часови, тоа 20 што ти го кажале не е малку, отприлика го рачунаат за еден полустепен, на пример А1.1 го слушаш за 20 часа, после за нареден продолжуваш понатаму, не е дека 20 часа ти ги израчунале за цел јазик.

    За интензитет можеш да се договориш. Пример 2 пати неделно е просечно, ако сакаш интензивно можеш 4 пати неделно по еден час или 2 пати по 2 часа. Во глобала, распоредот за индивидуални е по договор со училиштето/професорот.
     
    На SummerGirl и bookslover им се допаѓа ова.
  4. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    А1 -1 ми треба да испитот во Тетово, така се договоривме со неа, дека сум кратка со време рече дека ќе гледа некои работи да ги прескокни кои смета дека нема да ми се важни, ви меѓувреме и дома учам и вежбам.
    Затоа реков да прашам некој, не за џабе да фрлам пари и на крај ништо да не научам :)
     
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека е добро да прескокнувате работи. Што мисли под тоа да прескокне? На пример?
     
    На SummerGirl и bookslover им се допаѓа ова.
  6. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    1.538
    Пол:
    Женски
    500 денари моментално за германски не е ништо. Јазикот вреди така што 600-700 е дури разумна цена да се земе.

    Види да не намалува на квалитет со тоа што ти зема 500 денари од час, и јас исто не би препорачала да прескокнува работи.
     
    На SummerGirl, Cvetce_ и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Затоа ми беше, ќе си платам и повеќе ама да научам како што треба, да не одат бадијала и тие 500 денари од час.
    Учиме според делфин учебник и ми рече од прва до седма лекција да ја испечатам книгата.
     
    На SummerGirl, bookslover и marija.maci им се допаѓа ова.
  8. Catperson3

    Catperson3 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2025
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Не е во ред кога некоја прославена инфлуенсерка, чие достигнување не ми е јасно, сега држи часови по германски, англиски и тоа со 30 луѓе. За мене час со повеќе од 10 луѓе, ми звучи на предавање, Не на настава. Наставата ја нарекува ,,застарена класична настава” и објавила дека ,, има создадено своја пдф “германска граматика” која слична можете да си ја купете од издавачката куќа Венеција и се нарекува “германска граматика”, пишува дипломски, магистерски и докторати за одредена сума, па уште тоа го објавуваат на страните по фб. Значи овие важни академски квалификации треба да се работат САМОСТОјНО, со длабока посветеност и стручност.


    Прво не е професор, второ не живее во оваа земја и трето се занимава, работи сосем друга област- смер економија. И додека некои танцуваат на инстаграм, и со 30 сториња на ден се обидуваат да достигнат популарност, ние немаме едноставно време за тоа..

    Учиме за културата, историјата на јазикот, од фонетика, синтакса, лексикологија, контрастивна анализа итн итн, граматика од А до Ш, книжевноста од Шилер, Гете, Кафка, Хофман, Хајне и многу други, со полагање на 60 песни во сесија, 4 методики и одржување час со ученици, хоспитации, секој испит писмен па усен.

    Ние, кои потекнуваме од работничка класа и се трудиме да дадеме се од себе, ние чии родители ни плаќале ќирија за да присутствуваме на факултетот, сме одржувале индивидуален час 100денари на некој ученик со физичко присутво и не јадело срам дека сме биле недипломирани, немаме родители, сопрузи со финансиска или политичка позадина, сведоци сме дека и наставниците се иселуваат, сведоци сме на луѓе со купени дипломи во здравството, и сега се чини дека квалитетот се запоставува.


    Во ваков систем кој го потиснува напредокот на студентите и на оние наставници кои со пола работно време одржуваат настава во училиштата за 12000 денари,нѐ тера да се соочуваме со ситуации и предивици во кои површното знаење и популарноста добиваат поголемо внимание од реалната експертиза.

    Проблемот е што таквите инфлуенсери создаваат илузија дека успехот може да се постигне без вистинска работа и знаење. Неправдата е во тоа што нејзиниот животен стил и популарност привлекуваат внимание, додека оние кои навистина вложуваат напор и знаење, се оставени во сенка, односно ја потиснува важноста на образовсните кадри.


    Затоа е од витално значење да се создаде свест за критичкото размислување и да се поттикне населението кое ги вреднува вистинските експерти. Само така можеме да изградиме општество кое цени квалитетот над популарноста и кое ќе ја поддржи вистинската експертиза и знаење.


    “Herzlich Willkommen” во овој живот, кој подразбира дека ако не си популарен, не објавуваш 30 сториња и не си во тренд ,, you are not doing it enough “.
     
    На Miss666, bookslover, marija.maci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    @Catperson3 малку офф-топик може ќе звучи, ама и преводот од страница треба да е солидно наплатен (за било кој јазик). Сите се научија евтино, евтино и од тоа евтино ужас преведуваат.
     
    На SummerGirl и Catperson3 им се допаѓа ова.
  10. Catperson3

    Catperson3 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2025
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    @eliesaab се слагам целосно.
     
    На marija.maci и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    1.538
    Пол:
    Женски

    Моментално светот и баш сите бизниси и се' друго го вртат маркетингот. Така што сметам дека со добар маркетинг што го прави она можеш да продаваш и воздух и слама и пак ќе има луѓе што ќе потпаднат на истото, без буквално никакви вештини.

    Не би можеле да знаеме дали знае или не знае додека не земеш курс кај неа, така што во тој аспект не се согласувам целосно. Дека е привилегирана, и дека продава воздух и слама и дека исто така е лигав тип што не на секого одговара ќе се согласам.

    Но тебе како професорка, ако студираш тоа, не те спречува никој да земаш 500/600 денари од час и напротив би ти кажала дури и да се цениш себеси, ако го имаш знаењето секако. Учењето на “контрастивна анализа итн итн, граматика од А до Ш, книжевноста од Шилер, Гете, Кафка, Хофман, Хајне и многу други, со полагање на 60 песни во сесија,“ не покажува ти колку го знаеш јазикот бидејќи какошто сите знаеме се учи најчесто на памет (особено на УКИМ) и си вреднуван преку призма на оценка. Така што не би се согласила со тебе дека знаеш дали има квалификации или не, се додека не посетуваш часови кај неа.

    Како и да е, муабетот ми беше да ти кажам да си се вреднуваш себеси и твоето знаење, да вложуваш во себеси и да не дозволуваш да те нервираат личности како неа, затоа што се' тоа што е прикажано на инстаграм не е секогаш вистина, како рекле “није живот инстаграм“, и добро знаеме дека маркетингот си го прави своето.
     
    На SummerGirl и marija.maci им се допаѓа ова.
  12. Blaackqueen

    Blaackqueen Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Nekoj sto polagal vo goethe institut neka mi pise
     
  13. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми некој добар професор што држи приватни часови, јас имам учено до А2 сега за Б1 и Б2 сакам приватен професор за да можам да разговарам и да си го посвети вниманието на мене мислам так анајдобро ке научам
     
  14. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    11.587
    Пол:
    Женски
    Ако е за понизок степен пиши ми. :)
    Имам полагано А1 во Гете и А2 Телк.
     
  15. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Некој што има полагано во Тетово А1 да ми кажи што да очекувам од испитот. Имам видено модели од испитот, ме интересира само како поминавте, дали се фаќаат за ситници, дали кај делот за слушање ви пуштаат повеќе пати ако не можите да слушните разговорот, на што да внимавам најповеќе и како оди бодувањето
    Јас еве веќе два месеци одам на курс, имаме два пати неделно по еден час, ама ептен на граматиката обрнува внимание таа што ми предава.
    Држиме индивидуални часови и преку цела недела обавезно по два часа денот секој ден учам и вежбам дома.
     
  16. farahfarah

    farahfarah Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Kakvi se testovite za polaganje a1 od prilika sto treba da ocekuvam
     
  17. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    11.587
    Пол:
    Женски
    https://www.goethe.de/ins/mk/mk/m/spr/prf/gzsd1/ueb.html
    Има на линков пример тест, можеш да си го симнеш во ПДФ. За задачите со слушање има и аудио.
     
  18. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на постот и воедно да се пофалам, јас положив :party:
    Одев на курс два пати неделно, и за 24 часа посетени на курс и три месеци учење положив на прва со освоени 86 поени.
    Ептен ми легна јазикот и убедена бев дека на прво ќе положам.
     
    На farahfarah му/ѝ се допаѓа ова.
  19. farahfarah

    farahfarah Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Kakvi se prasanjata odprilika