Во делот за презентација за Б1 ниво во Гете, има избор од две теми, да избереш која ќе ја презентираш. Прашањето ми е, ако сте во пар, дали има секој од вас по две теми и секој си бира една од тие две, или севкупно се две теми, па еден бира прв, а за другиот таа што ќе остане? Некој што полагал нека сподели како е. *Мене ми нема логика еден да има можност да бира, а вториот не, па претпоставувам двајцата би добиле по 2 (вкупно 4) и секој си бира една.
Здраво! Дали би можеле да ми предложите курс за германски јазик со локација во Аеродром, Ново лисиче или Центар во Скопје, со кој сте забележале доста напредок?
Си купив б1 курс од Германски со Мартина, супер е ми се допага све е опфатено само ми фали ззборување, дали може некоја професорка дами предложите за зборување ми е најмногу да го користам јазикот ми треба по можност некоја добра професорка со која имате искуствво , не било кој кој се рекламира по форуми
Здраво, дали некој има скоро полагано во Гете институтот за А1? Дали дигиталниот сертификат е валиден за во амбасада при поднесување документи за спојување на семејство?
Здраво. Имаме голема желба со сопругот да научиме Германски јазик. Немаме никакво предзнаење за тоа. Бидејќи сме родители со обврски повеќе би ни одговарало онлине. Дали ќе може да ни предложите кај кого да се обратиме и да не посоветувате дали е подобро да земаме часови преку ZOOM пример или да платиме за цел ниво А1 како лекции и да го учиме сами ? Ин