Здраво. Дали има некој возрасен што одел на курс во YES International Language School во Аеродром? Како сте задоволни?
Здраво, Во Yess оди син ми, кој е ученик во основно училиште. Моја најтопла препорака за неговата професорка по германски јазик Ивана Митиќ. Таа девојка е богатство да ја имате за професор. Толку е посветена и ги мотивира децата да учат. Реткост е денес некој толку да се труди да предава убаво, и нормално - одма си има резулати.
Дали некој скоро полагал Телк Б2 во ЛингваЛинк? Пред некој месец објавуваа термини на веб-страната, но сега нема, па ме интересира дали уште прават Телк полагања. Сакам да се пријавам таму пошто е 6800, а во Гете ова ниво е малку поскапо 7400.
Здраво на сите. Ќе ве замолам да ме контактира некој што полагал Б2 во Гете Институтот во Скопје. Имам неколку прашања. Итно е. Благодарам однапред.
Здраво на сите. Дали некој посетувал настава во Гете. Замолувам некој да ме контактира, би сакал нешто да прашам. Благодарам однапред.