Обер покрај сто значи горе, значи и келнер. Дали е beim ili bei, зависи од кој род е именката. Ако е женски род , тогаш е bei der . Die преминува во der (dativ), ако е машки род т.е. Der, преминува во dem ili na skrateno Beim! dativ- die - der der - dem das - dem die (plural) - den за првата реченица, не знам во кој контекст е реченицата, затоа што rein, може да значи внатре или пак може да значи чисто.
Ај пиши нешо повеќе,2 реченици пред и 2 реченици после ова шо не можеш да преведеш,зашо чудно малце ми звучи ова,Zahlen е именка од женски род(во превод плаќање), и ме чуди зашо е со beim.Ober e келнер во превод иначе,а bei,beim,bei der се користи исто како во англискиот by,at,about,,,Very particular about the price"=,,Sehr kleinlich beim Preis";,,He has been to see the doctor."=,,Er war beim Arzt."A rein има повеќе значења,затоа пиши повеќе,ако не те мрзи
Zahlen e Verb ама од него можеш и Nomen да направиш. Тука се сите das. Кога менувам Verb во Nomen е секогаш со das. das вo Dativ e dem и испаѓа Beim едит Verb е со мала, Nomen е со голема буква, така откриваме значење и конотација во зададена реченица
Еве некоја реченица пред критичниве. Am Mittag hatte ich grßen Hunger. Da war ein Restaurant. Also, nichts wie rein!. Einmal waren meine Cousins und ich beim Essen in einem Restaurant. Beim Zahlen fragte der Ober. Фала ви за помошта. Ова Дативот тешко ни оди, многу набрзина им го предаде.
првата реченица е дијалект, се употребува во смисол дека ништо не ги спречува внатре да влезат, зошто да не.... Типичен сленг, говор за германците, затоа е малку збунувачки. За втората веќе пишав дека ове не станува збор за die Zahlen, со значење бројки...ради тоа во Дативот не вршиме префрлување од die во der. туку zahlen како глагол со значење плаќање, и потоа извршуваме префрлување од Verb/ Nomen и го добива das. и потоа формата на das во Датив ни e dem. И се добива Beim
Девојки хелп Како да ги употребувам Relativpronomen? Незнам кој член да го ставам во речениците, по што да препознаам?
машки женски среден множина nom der die das die akk den die das die dat dem der dem denen gen dessen deren dessen deren стално после запирката стојат Relativpronomen(освен ако нема препозиција) и глаголот е на крај. Das ist der Mann,DEN ich gesehen habe.Бидејќи Mann е машки род а релативната реченица е во akk.** Das ist Herr Gans, DESSEN Frau(чија жена) neulich im Lotto viel Geld gewonnen hat.**Herr Schmal, DEM mehrere Häuser gehören(кому му припаѓаат), hat neuerdings Geldprobleme.
Тука само напамет учење помага, нема друго. Веќе ти ги напишаа кои прономен постојат во кој падеж. Кога учиш еден збор напамет мораш веднаш да го учиш и Артикелот во Номинатив. Не оди по логиката ако е женски род на пример преводот на македонски, дека автоматски и во германскиот ќе му ставиш прономен за женски. Постојат чести остапки, мораш напамет. Кога веќе го знаеш зборчето заедно со неговиот релтив прономен во номинатив, ќе ја погледнеш табелата.(воа на старт, после и табелата со прономен во останатите падежи Акузатив, Датив, Генитив ќе мораш напамет да ги учиш). Кога ќе формулираш една реченица прономен ќе треба а го промениш од Номинатив во еден од останатите падежи, т.с der, die das кои ти стојат пред зборчето ќе се сменат со останатите од табелата. ПРетпоставувам дека најзбунувачкиот дел е кога кое да го употребиш. Прочитај уште еднаш дефинициите кога употребуваш Акузатив, кога Датив, кога Генитив. Т.с КОИ ПРАШАЊА ТРЕБА ДА СИ ГИ ПОСТАВИШ. Секој ПАДЕЖ ОДГОВАРА НА ОПРЕДЕЛЕНИ ПРАШАЊА. Кое прашање пасува, тој падеж истотака пасува. После е едноставно, спрема прашањето кое пасува го употребувате тој падеж. Пример Генитивот означува припадност, ако при конструирањето на реченицата сакаш да пишеш чие нешто...прономенот на зборчето од номинатив ќе треба да биде сменет во Генитив. Ќе си погледнеш во табелата... и ќе ги смениш. Датив ќе употребиш кога во реченицата добиваш одговор на прашањето кому. .... Warum antwortest du mir nicht? кому? mir Акусатив може и за личност и за предмет. Wen ? i was? Кој и што. Kannst du mich die Vokabeln abfragen?. тука нема што прашањата од Датив или Генитив да ги употребуваме....нема логика, а со тоа и артиклите за Датив и Генитив ич не ги погледнуваш. Да заокружам. Научи се напамет се што може да се научи. А кога ќе дојдеш до моментот за промена на артикел од номинатив во другите падежи запрашај се првен кој би одговарал највеќе. Кој е адекватен. Постави си го прашањето кое е карактеристично за секој од нив и види дали ќе пасува во логиката на реченицата.
Комплетно те разбирам и се согласувам. И јас како ѓаволот да ме натера го одбрав под дифолт како втор јазик затоа што го учев во средно (а сакав италијански) и нервите ми попуштаат искрено. Од неодговорниве професори ми стана одбивен за учење.
Дечки, реченици со deshalb, на ист ли принцип како weil и obwohl се градат? А со wenn само помошниот глагол е после него, другиот е на крај, така? Да си бидам сигурна, така укопчав дека е од книгава, ама дека не ни ги предаде овие, па морам вака да си прашам.
копи пасте направив од нет , побргу оди одколку сама да објаснам се надевам ќе ти помогне Konjunktionen Im Teilsatz, der mit der Konjunktion eingeleitet wird, ist der Satzbau genauso wie in einem normalen Hauptsatz (Konjunktion + Subjekt + finites Verb + …). Beispiel: Kerstin ist glücklich, denn sie hat Urlaub. Subjunktionen Im Teilsatz, der mit einer Subjunktion eingeleitet wird, steht das finite Verb am Satzende (Subjunktion + Subjekt + … + finites Verb). Beispiel: Sie macht Urlaub an der Nordsee, weil sie das Meer liebt. Mit einer Subjunktion eingeleitete Nebensätze heißen Konjunktionalsätze. Konjunktionaladverbien Im Teilsatz, der mit dem Konjunktionaladverb eingeleitet wird, steht das finite Verb vor dem Subjekt (Konjunktion + finites Verb + Subjekt + …). Beispiel: Sie will den Sonnenuntergang sehen, deshalb ist sie jetzt am Strand. Konjunktionen aber denn doch oder sondern und Subjunktionen als bevor bis da damit dass ehe falls indem nachdem obwohl seit seitdem sodass solange sooft während weil wenn wohingegen Konjunktional-adverbien allerdings also andererseits anschließend außerdem dabei dadurch dafür dagegen damit danach dann darauf darum davor dazu deshalb deswegen einerseits ferner folglich genauso immerhin inzwischen jedoch schließlich seitdem später trotzdem vorher weder … noch zuvor zwar
Епа ќе си пукнам од јазиков, зошто да е просто кога може да биде сложено. Ама тенкју ти вери,вери мач, тоа боичките ми објаснија поубаво отколку цела моја книга.
A има некој/а нешто околу препозициите и со кој падеж одат? Не ми треба за менливите препозиции auf, hinter, neben и сличните, ами оние bis..zu, gegen итн.
Имаме натурлих. Со Акузатив се - bis, durch, entlang, fUr, gegen, ohne, um Со Датив се - aus/aus ... heraus, auSSer, bei, dank, gegenUber, mit, nach, seit, von/von...aus, zu/bis zu, ..zufolge. Тие со голема буква што се има умлаут кај нив.
Фала ти Дузи, ако го положам псимениов испит ти должам частоФка во септември. Туку еве, по некоја вежбичка. Повеќе има од оние со менливите препозиции, дативни, акузативни препозиции итакамунатаму. Ќе и' се најдат на некоја ако е у тесно како мене. Спојлер http://delicious.com/germangrow/Grammatik-Präpositionen?&page=2
Јазиков сум дрвце Во основно учев во училиште каде се изучуваше француски, а од средно германски и тоа не почетен,туку продолжителен степен. Другиве колку-толку знаеја нешто,јас катастрофа. Цело време имав 5ка,бидејќи учев тековно ама полугодишните тестови ми беа многу слаби. А и јазиков е тежок. Цела реченица оди и на крај глаголот.Ајдее... Фала богу па само првите две години се учи во средно па се збогував хахаха
ние во средно почнавме да учиме се од почеток...ама џабе, пак не сфаќам од граматиката знам само да ги менувам глаголите по лица а падежите...уфф...мака мачам со нив