Вака би било: Wie geht es dir? Ich hoffe du hast mich nicht vergessen und du wirst an mich erinnern. Ich glaube, dass es nicht gerecht von dir war, mich nur so zu verlassen. Du konntest mir ganz am Anfang sagen und würde alles beendet. Jetzt erkenne ich, das war keine Liebe, sondern nur Besessenheit. Allerdings, (овде јас лично место allerdings би ставила auf jeden Fall) (за ова се двоумам) vermisse ich mit dir zu schreiben/vermisse ich die Schreiben mit dir. (овде можеш двете варијанти да ги искористиш) Grüße
Wie geht es dir? Ich hoffe du hast mich nicht vergessen und du kannst dich an mich errinern. Ich glaube, dass es nicht gerecht von dir war, mich so zu verlassen. Du hättest mir ganz am Anfang sagen sollen und wir hätten es beendet. Jetzt erkenne ich, dass es keine Liebe war, sondern nur Besessenheit. Trotzdem, ich vermisse das Schreiben mit dir. Grüße Сите преводи беа супер, јас само би направила некои мали измени.
Мене ми оди германскиот, 4 години учам и веќе го знам повеќе од пола, а бев и една недела во Германија. Прашувајте што незнаете.
Многу го сакам германскиот јазик прелесно е според мене..Имав да одберам меѓу француски и германски и одбрав германски и не зажалив...Лесен е за учење и разбирање..Среда правиме тест па би сакала доколку сака некој да ми објасни за овие welche,welcher,welches..Бев отсутна затоа што бев болна и не успеав да ја прашам наставничката да ми објасни па ако може некој накратко да ми каже
Уф, од сабота почнувам да го учам јазиков. Не ми е нешто омилен, ама зорт ме натера. Се надевам до летоска барем основите ќе ги научам ако ништо друго, затоа што моментално блеам во реченициве што сте ги пишувале како теле во шарена врата
Ако може некој да ми го објасни Passiv. Пр1-Активна-Viel Wald wird zerstört. Пасивна-Häuser werden zerstört. И ако може да ми објасни некој на кои глаголи во пасив се става ge
дали може некој да ми каже за заменките во акузатив.... Спојлер од наредната недела старата наставничка ке оде на семинар во германија и еден месец или една недела ке имаме друга наставничка изгубив волја за учење на јазикот
Јас учам германски ама тешко ми оди. Знам нешто да прочитам и нешто да напишам, ама не сум на нивото на кои би требало да бидам. Епа кога не се предава како што треба во основните.... Важно сега професорката што ни е е добра па се снаоѓам.
Здраво на сите! Мене германскиот ми е преубав јазик, но неговата граматика е претешка, но полека ја совладувам. Се запишав на германски јазик и книжевност и сум прва година и сега учиме морфологија за trennbare und untrennbare Verben. Знам дека оние глаголи со префикс: be-, ent-, ver-,zer- и други се неделливи и оние со префикс bei-, ein-, auf-, vor-, nach- и други се делливи, но овдека во граматиката се дадени глаголи кои имаат именка како префикс (haushalten, teilnehmen) или придавка (frohlocken, langweilen) или пак глаголите со префикси: durch-, unter-, um-, hinter-, voll-, wider-, wieder-, über- некогаш се делливи, некогаш не. Може некој подетално да ми го објасни ова пошто не можам баш добро да го сфатам само ако е употребен глаголот во конректно значење е деллив, а кога е во апстрактно е неделлив. help meee
За да се направи пасивна реченица се користи werden + глагол во перфект АКТИВ: Menschen zerstören den Wald. (Луѓето ги уништуваат шумите.) Wald во оваа реченица е објект/предмет на кој се извршува некое дејство од субјектот - Menschen. ПАСИВ: Viel Wald wird zerstört. (Многу шуми се уништувани.) Објектот од активната реченица Wald станува субјект, додека субјектот од активната реченица може да се додаде како индиректен предмет, но и не мора: Viel Wald wird zerstört von den Menschen. Префиксот ge- се користи во Перфект - предминато време (пр: haben - gehabt, kaufen - gekauft). Зависи во кое време е пасивот, соодветно ги формираш и глаголите.
Како повеќе го учам, се потежок и потежок ми станува јазиков. Сега особено ова Перфект. Кажете некоја ,,финта‘‘ како побрзо да ги научам глаголите кои како одат, треба на памет да ги учам.
Никаде неможев на интернет да најдам, а и не ми беше секаде сигурно, па ако некој знае и може да ми ги измени во сите лица модалните глаголи mochten, konnen, mussen. Благодарам. Јас ги напишав ама не сум сигурна...
^^ Повели möchten 1. ich möchte 2. du möchtest 3- er-sie-es möchtet 1. wir möchten 2. ihr möchtet 3. sie möchten können 1. ich kann 2. du kannst 3. er-sie-es kann 1. wir können 2. ihr könnt 3. sie können müssen 1. ich muss 2. du musst 3. er-sie-es muss 1. wir müssen 2. ihr müsst 3. sie müssen Ова е во Präsens, ако треба нешто друго, слободно кажи
Сега сум 8мо и сакам да се запишам во германска парарелка во ЈБТ... какво е вашето мислење за германската паралелка?
за финта, нема финта. на пример како што можеш да ги научиш глаголите во англискиот јазик , така мислам и ќе ги научиш и овие. а најмногу се учат со вежбање. треба да знаеш дека тие се образуваат со помошниот глагол сум(sein) и глаголот има(haben) па после пред глаголот стои ge па глаголот (и тука во глаголот има промени во наставките)