1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Не налетав на ваква тема, а сметам дека и нашиов форум би требало истата да ја има па затоа се решив да ја отворам.
    Ќе постирам неколку статии што ги најдов на нет, а модераторот доколку смета дека има потреба истите може да ги редуцира или корегира.


    1)Гестациски Diabetes Mellitus (ГДМ) се дефинира како нарушена јагленхидратна толеранција со различен степен на изразеност на клиничката слика, што за прв пат се јавува за време на бременоста. ГДМ е застапен од 2 – 12.5% во популацијата на бремените жени.
    Кај сите трудници треба да се направи скрининг тест за ГДМ. Тестот треба да се изврши на 12 гестациона недела кај жените со висок ризик и од 24-28 гестациона недела кај сите други. Пациентките со ГДМ се третираат со диета, следење на дијабетот што подразбира често мерење на гликемијата (6 пати дневно) и консултации со дијабетолог еднаш неделно. Доколку гликмијата на гладно е повисока од 5.8 ммол/л, а по 1 Ê по јадење е над 7.0 ммол/л во текот на две недели неопходно е да се воведе инсулин. Во приближно 15 % од пациентките со ГДМ покрај диетата потребна е и инсулинска терапија. Жените со претходен ГДМ носат голем ризик подоцна во текот на животот да развијат дијабетес мелитус. Овие жени треба да се советуваат да бидат физички активни и да ја одржуваат телесната тежина во нормални граници. Треба да се тестираат 6 недели после породувањето и 2 пати годишно за рана детекција на дијабетес.

    2)Гестациски дијабетес е појава на дијабетес првпат во текот на бременоста, додека пре-гестациски значи појава на дијабетес пред бременоста. Болеста претставува нетоле-ранција на јагленохидрати или со други зборови зголемени вредности на нивото гликоза во крвта. Гестацискиот дијабетес се јавува кај 1 до 4 проценти од бремените жени.
    Гестацискиот дијабетес се јавува најчесто во третото тромесечје од бременоста кога ве-ќе е завршена органогенезата на плодот и тој е веќе формиран, па затоа не води кон зголемен процент на аномалии на плодот. Болеста најмногу влијае врз растот на бебе-то.
    Кај жени со прегестациски дијабетес се советува посебно набљудување уште во периодот на зачнувањето. Тие имаат потреба од дополнителни лабораториски анализи, следење на крвниот притисок, прегледи на срцето, бубрезите, нервниот систем, очите и слично. Доколку пациентките користат орални антидијабетици, таблети со кои го регулираат нивото шеќер во крвта, треба да прекинат со нивната употреба и да ги заменат со инсулинска терапија. Потребно е да го одржуваат нивото шеќер во крвта во нормални вредности пред да останат бремени и во текот на целата бременост, особено во првите три месеци додека трае органогенезата на плодот. На тој начин се намалува ризикот од појава на вродени аномалии кај плодот.
    - Контролата на нивото гликоза и превенцијата на васкуларните компликации прават фертилната способност на пациентките да порасне. Добра грижа и правилно набљудување на бременоста значи многу за здравјето на бремената жена и здравјето на нејзиното бебе - вели д-р Снежана Стојковска, специјалист гинеколог-акушер од „Ремедика“.


    3)Гестацискиот дијабет е дијабет кој се јавува за време на бременоста со фреквенција од три до осум бремености на 100 бремени жени. Ризик факторите вклучуваат:
    -Фамилијарна историја за дијабетес
    -Прекумерна телесна тежина
    -Постоење на претдијабетична состојба
    -Претходни бремености со плод тежок повеќе од 5,5 кг


    Гестациониот дијабетес мелитус е дијабет кој се јавува за првпат за време на бременоста и се повлекува со раѓањето.
    Жените кои развиваат дијабетес за време на бременоста имаат проблеми со метаболизирањето на глукозата. Нивниот панкреас продуцира големи концентрации на инсулин, но нивните ткива, т.е. клетки се неосетливи на инсулинот (состојба позната како инсулинска резистенција).
    Гестацискиот дијабет побарува третман со диетарни промени во исхраната и благи вежби како и употреба на инсулин за да се одржи мајчиниот шеќер во нормални граници кои не би имале последици по плодот. Бремените жени треба постојано да се храбрат да ги мерат нивоата на шеќерот во крвта.
    Фетусот на бремените жени со гестациски дијабетес станува поголем во однос на своите временски пропорции и го складира вишокот на глукозата од мајката како масно ткиво, состојба позната како макроосмија (голем плод). Големиот плод може понатаму да претставува проблем при поминувањето низ родилниот канал за време на раѓањето. Останатите потенцијални ризици за бебето вклучуваат хипогликемија (ниско ниво на шеќер во крвта) и жолтица поради депозоцијата на жолчни пигменти.



    И за крај на постов ќе го споделам и моето искуство.
    Значи пред 3 дена правев крвна слика и резултат за глукоза ми беше 5,4 mmol/L, а границата за шеќер е 5,6. За да биде сигурна д-рката дека се` е во ред и дека немам скриен шеќер ме упати на ГАК за дополнителни испитувања, т.е баш денеска правев т.н ОГТТ (Орален гликоза толеранс тест )-се испитува гликемија на гладно (прво боцкање), па се пие гликоза растворена во вода, по еден час пак се испитува гликемија (второ боцкање), па по 1 час пак се испитува гликемијата (трето боцкање). Целиот тест трае околу 3 часа се` на се` со се чекање резултати и на клиника изнесува 180 ден со сино картонче.

    Еве ги и реф. вредности
    гликоза ммол/л - 4,0-6,2
    по еден час - /
    по два часа - до 8
    Утре ги носам кај матичната и се надевам дека се` е во ред. После 2 часа мојот резултат беше 6,5 . Мислам дека се` е ОК. :)
     
  2. bbsr

    bbsr Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    lolyta777 se nadevam deka ti se vo red rezultatite.Vcera pravev ogtt e moite se na gladno =4.5 /po 1 cas=11.2/ po 2casa=10.0 i mi rekoa blago da isfrlam,testenini...
     
    На sinoooka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    А дали е задолжителна проверка за овој скриен шеќер? јас сум 26недела и ме прати матичниот на неоки димери и скриен шеќер пред да ме види на ехо, а потоа ми кажа се е во ред. Јас знам дека ако не е поголем плодот или не ја зголемува мајката многу тежината нема потреба....многу се мислам...највеќе зашто не ми е лесно да земам слободни денови од работа.......
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    ^^^Колку што разбрав сега по најново било демек како задолжително да се испраќаат трудници за испитување на скриен шеќер.
    Врска немам зошто и мене ме испрати матичната кога мене шеќерот не ми ни беше покачен, граница е 6,3 мислам, а мене ми беше 5,4 на гладно. :?:
    Сега пак овој месец на крвна слика шеќерот ми беш 4,2...значи уште помал.
    Јас бев за секој случај, да бидам мирна, ниту плодот беше поголем, ниту пак јас енормно бев поправна. Еве сега сум скоро 33 недела и поправена сум 11 кг. :)
     
    На Delfina15 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    и јас денес бев на огтт , кај мене беше се нормално
    инаку сите матични сега мораат да ти дадат упат и да те упатат за да провериш,(а твое е дали ке одиш или не) бидејќи прават многу пропусти па ги стегнаа малку сега и нив.
     
  6. CudnaZena

    CudnaZena Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    12
    A vo koja nedela se pravi ova ispituvanje?
     
  7. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    од 24-26
     
  8. devojceubavo

    devojceubavo Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    А друго прашање дали правевевте скриен шеќер?
     
    Последна измена од модератор: 11 април 2017
  9. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    мене никој ми нема речено да направам тест за гестациски дијабетис. Дали треба прво да се почуствуваат симптоми или рутиснски го направивте??
     
  10. devojceubavo

    devojceubavo Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Порано не било рутински а сега да...уште не сум го направила, се прави негде 26 недела до 28ма само не ме фаќајте за збор тоЧно

    Отприлика тој период се прави..прашај си ,само јас некако се мислам дали да го правам..
     
    Последна измена од модератор: 11 април 2017
  11. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200

    Јас го правев вчера тој скриен шекер, и морам да признаам дека малку се мрднав зашто морав таму да седам 3 саати, зашто ми вадеа 4 пати крв.. Докторот ми го препиша чисто да провериме зашто се покажа дека имам малку повеке плодова вода па можно било да е од скриен шекер, но фала богу излезе дека го немам.. :) Мислам дека доколку нема сомнежи дека е присутен нема ни потреба да се прави..
     
    Последна измена од модератор: 11 април 2017
  12. devojceubavo

    devojceubavo Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Каталеа , мене пак ми кажаа дека ми е поголемо бебето, но и јас мислам дека тоа не треба секој да го прави ...се мислам дали да одам искрено...
     
  13. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Мое мислење е дека ако веке се има сомнежи не би било лошо да го направиш.. Јас бев во истата ситуација и ми рекоа дека не мора да значи но сепак ај да провериме и да бидеме сигурни.. Сега барем едно гајле си тргнав од мисливе.. Затоа мислам дека подобро е да си го направиш кога веке има па макар и минимална причина, барем ке си знаеш и ке бидеш на чисто :)
     
  14. Cacush

    Cacush Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    32

    Јас правев и ме изнервира матичниот зошто ми било детето мн.тешко и јас сум се поправила повеке сум имала шеќер и да одам да испитам и бев ама супер е, па можам да кажам и мал дека ми е
     
    Последна измена од модератор: 11 април 2017
  15. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    мешиња правевте испитување за скриен шеќер ? мене докторчето дури сега ме праќа во 34 недела ,а искрено индикации немам значи ниту голем одскок во мојата килажа ниту кај бебето :?: читав дека доколку резултатите од анализата се позитивни односни има скриен шеќер се препишува одредена диета,дали и колку ке имам време да ја применувам со оглед на тоа дека влегувам во 9 ти месец :(
     
  16. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Јас правев ама немам.А зашто го правев поима немам.колку да се рече ме пратиле на нешто :)
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    :D :D Форко во последно време шириш позитивна енергија :* хаха ме изнасмеа , а јас знам зошто ме прека соработува со приватниве лабаратории и да си земе процент ,мн непрофесионално од негова страна барем на време да ме пратеше сега ме фаќа инат :envy:
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mala-volsebnicka

    Mala-volsebnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    35
    Во 28 недела испитав на ГАК ,на гладно 5,2 по 1 час 11,по 2 часа 9,1. Границата е до 8.
    Ме прати матичниот гинеколог на Ендокринологија кај проф.Бранкица Крстевска која ме прати да испитам липиден статус,TSH I FT4 и се ок, на крвна слика најмногу ми бил5ка,поправена сум 12 кила до 32 недела,доволно плодова вода,бебето е само во плус 2 дена според сите мерки.
    Индиции никакви а ете за 1 мерна единица покачен.И ете маки на диета 2 недели и сега треба сама да си проверувам.
    Два пати потпрашав и не ми е јасно,на извештајот стои гликемија на гладно и 1 час по главни оброци ,2 пати неделно.
    Што значи 4 пати во ден ,2пати во неделата,значи 8 пати неделно.Или пред и по секој оброк ,односно 6 пати во ден,2 пати во неделата,12 пати неделно.
    На конрола во 34 недела.
    Дајте совет за апаратчиња поефини со ленти се е околу 2.000 денари, или да одам 4 или 6 пати во денот во аптека по 50 ден.???
     
    На tina9 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.522
    Пол:
    Женски
    Скриен шеќер испитував во Адриа Лаб. Платив 400 денари. Тестот беше негативен. Требаше да имам помалку од 7.2, а имав 4.6.
     
    На Stark* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    473
    Преска мерев шеќер во крв и ми испадна 6,8 (од оние домашни тестови), а не бев јадена со саати пред тоа, само го правев тестот додека пиев кафе (а кафе пијам со 1 ипол лажичка шеќер). Се надевам дека е од тоа малку повисок, ама па толку брзо да се појави од кафето?!?!