Вие што имате повисок шеќер, какви симптоми чуствувате? имате наутро чуден вкус во устата и да се будите сред вечер да пиете вода? или ова е сосема нормално кај сите?
Чуден вкус имам јас нон стоп. Го снемува чат пат на ден/два само. Мислам не е врзано со скриен шеќер. Докторот ми кажа нормално било во бременост таков алкален вкус.
И јас имам чуден вкус, дури од него мислам ми се гади. На почетокот веќе секојдневие ми беше тоа, а сега поретко ама пак се појавува.
Јас имам гестациски диабет и верувај НЕМА никаков симптом. Претпоставувам на лекар те плашат ако ти се пие вода ако мочаш.............. Бремена си МОРАШ да пиеш вода а и телото ти бара, логично е да мокриш, ако пиеш вода. Тоаљ е симптом на диабетичари, но во нормални услови. Не заборавај бременоста е друга состојба на телото и умот.
@Butterfly87 не ме плашат. Сама се анализирам да не случајно сум стигнала до стадиум да запнам со барање медицинска грижа. и пред бременоста ми беше благо покачен шекерот. Сепак ти благодарам за мислењето. штом нема додатни симптоми, и штом Кукла го има вкусот, нема голем простор за паника. Ви благодарам многу за брзите одговори
само пред бременоста. сега сум едвај 5 недела. на гладно ми беше ~5.5 *кај нас не даваат шеќер/шербер. јадеш солено и благо, и одиш пак да ти го мерат. по консумацијата ми беше 6.5
така и рекоа. високо е, ама до границата. да не даваме лекарства, не јади благо и леб. и не јадев, не јадев. ама тие денови малку lux направив со бело брашно, и некако организмот чудно реагира. или организмот навистина реагира, или имам премногу слободно време да си креирам сценарија. ти благодарам на советите
Чуден вкус во устата имав првите 3 месеци, после исчезна. Јас навечер кога си легнам мора до мене да има шише вода, осеќам многу голем жед, мислам дека ми горат градите и ако не испијам најмалку пола кило не можам да заспијам, некогаш ни пола кило не ме оправа . И ноќеска ми се случува да станам за вода. Зголемена жед се јавува кај дијабетичари точно, ама мене шеќерот ми е на долната граница, значи нормално е да чувствуваш потреба за вода, особено ако преку дента не пиеш многу.
@stevemila правев ОГТТ во државното, општа болница, каде што земат крв. прават, само не дават шербет, сам треба да јадеш солено и благо комбинирано, и за два часа да одиш да ти мерат пак, шеќерот. Земат од прст, со апаратче. Ако е тоа, тоа...
@stevemila јас правих во медика , заедно со крвмата слика комплет , глукоза толеранс тест е запишано . После 2 саата од кога ќе јадеш ќе одиш од прсто ќе те боцнат .
За трудници треба да е до 5.1 јас испитував во адриа лаб ск на гладно земаат па пиеш шербетот после еден час пак боцкање после 2 часа трето боцкање така ми го бараше матичната стрикно со две т.е. три вредности.