Здраво девојки Првиот пат кога ми земаа шеќер 5.3 После 2 саати боцкање 8 Може некоја да ми каже дали е океј кои се вредностите?? Јас во Авицена правев, да напоменам трудница сум 27 недела
Не се лежи во болница. Одиш во лабораторија и си чекаш испред, 2 саати. Те боцкаат 3 пати, на секој саат. После првото боцкање ти даваат да се напиеш гликоза.
Дали на тест за скриен шеќер ви се покажало во урина во 90 минута после испиена гликоза, гликозурија 50мг/dl? Вредностите од крв после 60 мин и 120 мин се ок.
Мене ми се покажа и од памет ме извадија. Инаку била нормална, само тогаш покажала покачена гликоза во урина. Јас буквално ништо друго немав пиено над 8 часа освен гликозата, нормално дека неа ќе ја измочам. Провери како е во други денови, кога не те тестираат.
На крвна слика пред 10 дена нема шеќер во урина ама има еден плус за кетони, па затоа ми е сомнително. Исто после 21 вечерта ништо не јадев и пиев освен вода. Фала ти.
дали може да се добие упат за проверка на скриен шеќер во приватна лабораторија на пр. авицена или со упат се оди само на државна клиника?
Можеш во приватна син лаб или авицена, само кога ќе земаш земеш упат од општ доктор треба да нагласиш за која лаб сакаш да ти издаде
Во ремедика после породувањето дали има некој режим друг на исхрана за родилки со дијабет??? Знам дека даваат убава храна но е со леб ориз, благо, се она што избегнуваме, па како се храневте тие денови.. Како ви идеше шеќерот со оглед на тоа дека не се стабилизира одма?
женски што викате за моите резултати од шеќер *1 боцкање на гладно 5.2 *2 боцкање после 120 минути 5.9
Така јас конечно отидов на доктор.Контрола на 3 месеци.Шеќерот 1 час по јадење ми беше 7 Нормално ми кажаа морам да мерам една недела секој ден 7 пати Како ли ќе изведам на работа на гладно , по јадење, а навечер во 3ч без да јадамШтом се мора не е тешко. Од утре и јас сум на диета. Бев на советување и ми дадоа ново апаратче, листови со што да јадам , што не.Рецепти само за ленти , а за игли таа на рецепција не ми ја даде . Па ми ѕвонела да се вратам ама не сум ја чула.Среќа имам од старото апаратче полно игли, па за една недела не е проблем. Па со лесно да ми е на прстите