Леле ццц, и јас највеќе за тоа ми беше, и јас спремна од вена ми вика не од прст боцкаме. А Авицена минатиот пат од вена ми земаа. И ај сеа
Јас па имам фобија од прст, одвај еднаш ќе прифатам да ме боцнат, а тек па три пати @mssuniquee и @DELFINA81 кај испитувавте вие?
Јас во државна во мојот град,али мене не ме боцкаа три пати,туку два пати. Значи ме боцнаа во 7.30на гладно,после 15.мин ја испив течноста значи во 7.45.па во 9.45 ме боцнаа пак.Трет пат немаше
Денес бев на преглед кај матичната, и малку ме испаничи. На последната крвна слика што ја правев минатата недела шеќерот ми беше 6, со тоа што јадев суви сливи касно вечерта, а утрото пред да ми земат крв каснав грисини затоа што на гладно ми се лоши многу и ми беше страв да не ми се слоши дополнително кога ќе ми земат крв.Знам дека требаше да издржам да не јадам ама тоа е. Докторкаѕа испаничи дека е тоа многу, ама сепак горната граница за шеќер нели е 6.5? Не ми е јасно што се смета за висок шеќер во бременост кога мерките се во граници на нормала? Обавезно ќе правам тест за скриен шеќер, ама страв ми е како ќе се одвиваат работите замене и за бебуш.
6ка е скрос нормален, особено после каснување нешто, за што се испаничила докторката? Направи тест за скриен шеќер и не плаши се, од што да се плашиш како да се одвиваат работите, и трудници со дијагноза висок шеќер си се пазат и си тераат супер, а ти нема од што да се плашиш без дијагноза.
Докторката ми спомна дека трудници требало до 5.1 да им е шеќерот, а зошто во бременост би биле поместени нормалните вредности не знам. Инаку во фамилија имам дијабетичари и сама си дадов дијагноза дека сигурно имам гестациски дијабет и така ете се исплашив.
И мене мојот доктор ова ми го има кажано, а ти не се секирај сигурно од што си јадела ти е покачен малку. Кога ќе се осеќаш подобро повтори ја крвната слика. Те разбирам потполно и јас имав мака гладна ептен.
Дури и да имаш, што ако. Многу жени имаат па тераат бремености, има режим на исхрана па и лекови ако треба. Не е ништо за плашење. Тоа што во семејството имаш дијабетичари нема врска со твој гестациски дијабет. И кажа на докторката дека беше јадена? Резултат 6 после јадење апсолутно не е ништо загрижувачко.
Јас еве утре 20 полни недели па проверував скриен шеќер во 18та недела бидејки имав некои симптоми и докторките ми кажаа да испитам. И покачен е малку, и јас кренав паника што ќе биде како ќе биде уште дијабет ми фалеше, ама не е ништо страшно, цел месец треба да избегнувам благо друго све можам да јадам па пак ќе се боцкам за две недели... во фамилија немам никаков случај на дијабет ама тоа е што е, ќе помине само позитивно и да испадне нешто немој да се нервираш, за све има решение
@SophiaBella @Mantub @Iva Mitrevski Благодарам за поддршката, многу ми значи. Да, и кажав дека имав јадено, ама сепак не беше цел оброк туку грисини-соленки една рака. Инаку 18+3 сум, со тежината сум супер, бебе одлично. Ме утешивте дека и да имам висок шеќер не е страшно и се решава
Девојки дали по автоматизам се прави проверка на скриен шеќер и кога или само ако има индикации на општа крвна слика? Сега сум 8+4 а на 6+3 проверував крв и докторот ми кажа дека е 10/10 се било супер. Инаку јас пијам и Глукофаж (метформин), не ради шеќер него пошто го пиев пред да забременам заради полицистични јајници и подобрување на овулации, па ендокринологот реши да ми го продолжи во првите три месеци од бременоста.
Сите прават. Не дека не можеш да не правиш ама покачен шеќер може и да не дава симптоми, така што убаво е да се направи, нема никаква штета освен што е напитокот тежок малце за пиење. Се прави меѓу 24та и 28ма недела.
Napitokot neli e seker i voda? Jas pravev pred 6-7 god pred da pocinjam ivf vo avicena se mislam deka toa mi dadoa
Мене матичната не ми закажа со упат, ми рече да се јавам сама да закажам и да резервирам лаб. за 2 саати (изгледа ради ситуацијата треба "да резервирам" за да нема други пациенти).