Честитки и со лесно. Многу ми е мило, те следам одамна, баш се израдував. Скриен јас правев во 8ма недела зошто на крвната слика шеќерот на гладно беше 5.7. Тогаш резултатите беа супер, но во 24та недела нагло се смени ситуацијата и добив гестациски дијабет. Со диета го средив веднаш, немаше потреба од лекарства. Без паника девојчиња, проверете и доколку има нешто реагирајте со време
Извини касно ти пишувам, можеби си завршила работа. Матичната ти дава упат, ти се јавуваш да закажеш термин, со картони термините се презафатени бидејќи боцкаат само во понеделник. Ќе ти понудат на приватно доколку има слободни термини порано, бидејќи на приватно боцкаат и други денови. Инаку се оди на прво боцкање на гладно 12 часа, веднаш потоа шербетот, после 1 час е второто боцкање. После уште еден час е третото боцкање. Се седи таму во чекална, не смее да се излегува. И мала напомена, дента кога ќе закажете дојдете малку порано за да земете бројче, бидејќи и покрај закажаното за прво боцкање на гладно пак чекате заедно со сите што се дојдени пред вас. Ќе ви се фати многу саати гладни, па да не ви се слоши. Поздрав и со лесно на сите.
700 денари мислам. Боцкање на гладно, па саат време покасно боцкање, после пола саат од второто боцкање ти земаат урина, и последно боцкање пола саат по урината.
Малку сум збунка и загрижена шеќерот ми е 5.8 и гинекологот ми рече да купам апаратче да го мерам и да внимавам на исхрана Вика дека допрв ќе ми расте а сега сум 14та недела и ме фаќа страв. Секој совет е добредојден
Da ne si jadela poise blago pred merenjeto? Mene me interesira site li merite skrien seker ili samo ako e pokacen na krvna slika?
Тие што имаат некој со дијабет во фамилија, ако си по гојазна, ако си над 30 години, или ако си родила поголемо бебе
Od 24 do 28 nedela mora sekoj da ispita bez razlika kolku tie sekerot....bremeni mozat da dobijat skrien seker a posle poragaj da se izgubi zatoa se vika gestaciski diabet.
Во првата бременост ми беше 4.7 сега ми е покачен а гинекологов мисли дека не е ситуацијава за да ме праќа кај специјалист туку советуваше да не јадам благо и да внимавам количински при внес на продукти кои го качуваат шеќерот
Ова нема врска, под 25год сум, у фамилија немам шеќер, ниту сум дебела и прва бременост ми е. А ми открија скриен шеќер, затоа се препорачува сите да си испитаат
Точно, се препорачува, посебно ако имаш индикации ко тие погоре што ги наведов, ама доста трудници и не испитуваат. Иначе колку време не се јаде ништо пред боцкањето?
Нема врска годините.Бев 31 со првото па имав скриен шеќер.Бев само на диета, бебето го родив 3390гр во 42 недела. Сега со второто ме пратат од сам почеток и сум со инсулин само навечер.Кај мене проблемот е утринскиот шеќерот на гладно.Кога сум под стрес одма си кажува.Приметив ако не спијам вечерта ми се качува утрото.
Јас бев така, врати назад на темава ќе видиш. Од почеток шеќетот на гладно беше 5.7/5.8 и правев скриен уште во 8ма недела, испадна се океј. Од 24та натака се сменија работите, почна на гладно 7ца да биде. Имав гестациски. Искрено малку се обвинувам и самата зошто во 8ма коа ми рекоа супер си, јадев секој ден благо. Сабајлечки бурече И за таа сметка после 6ти месец бев на строга диета која ми го регулираше шеќерот. Според мене боље од сеа да пазиш за да не дојде до екстрем.
Затоа изгледа и гинекологов така озбилно ме стегна бидејки смета дека може допрва да се качува. И јас имав навика секој ден да мора да каснам благо макар и коцкичка чоколадо да е, банана секој ден за доручек и мед, тестенини ми се омилени па 2пати во неделата на мени ги имав бел леб исто стандард на мени и кога ќе размислам не е ни чудно што ми е 5.8 Ти благодарам за споделеното искуство, ме утеши што се средило кај тебе само со диета, па ќе се стегнам не е страшно, а се тешам и дека нема да качам многу килажа во вторава бременост