И јас така мерев, така ми е кажано. А и логично ми е, еден саат од последниот залак. @Bella_Stella и јас имав дијагнози и предиспозиции за гестациски дијабет па ендокринологот рече порано да го направам. Во 10та недела правев, покажа високи вредности и цела бременост бев на режим. Не мора да чекаш до 24-28ма недела.
Јас проверував претходната недела скриен шеќер бидејќи на последниве 3-4 крвни слики ми беше малку покачен на горна граница (5.8-5.9) и на гладно првото боцкање ми беше 5.8 а после шербетот 4.7. Како може така? Што значи ова?
На мене цело време на гладно ми е висок, а по јадење нормален и во двете бремености.Со првата средив со диета, ама втората се боцкам навечер инсулин и пак некогаш наутро ми е над 5,3.Треба на ендокеинолог да одиш, тој ќе ти каже што понатаму.
Фала за сугестијата. Ќе поразговарам со докторот кога ќе одам на прв скрининг за две недели. Ќе побарам да се направи порано, секако нема штета.
Бранкица Крстевска во Срце - центар за внатрешни болести ако уште работи таму, а на државно Саша Јовановска Мишевска и Билјана Тодорова во Центар за дијабет
Во Германија е нормален преглед од 24-27 г.н. Сите трудници го прават.Мислам и во Мк е исто, пошто сите што ги знам правеа, како нормален преглед без претходни индикации.
На гладно 5.9 По еден час 10.1 По два часа 9.1 Референтните вредности кажуваат дека е малку покачен, но вредностите се за рандом луѓе не за трудници. Да се потресувам?
Секако дека ќе се консултирам, ама никаде не можам да најдам референтна скала за трудници. Матичен општ вика не е многу висок ама види со ендокринолог, гинеколог вика види со ендокринолог, прв термин на ендокринолог за 3 недели! Епа...
Па на самиот резултат треба да имаш референтни вредности, провери. Секоја лабораторија си има различни за нијанса.
Кај мене границите беа до максимум 5 на гладно и 7.7 еден час после оброк. Ретко ми се случуваше да ги достигнам тие вредности иако не бев на некој строг режим. Наутро во просек ми се движеше од 4.4 до максимум 4.8. А за ручек и вечера внимавав да не се качи повеќе од 6.5.
Еве на мојот резултат како се референтните. Тебе веќе и на гладно ти е висок. Сигурно ќе треба да припазиш на храна додека да се консултираш.
Zdravo devojki, jas denes pravev glukoza tolerans test i rezultatot mi e 5.2 pred serbetot, posle 2h otkako go ispiv 10.3, a nema referentni vrednosti za trudnici (jas sum 31 nedela ) ima nekoj slicno iskustvo? Pozdrav do site