Малку сум загрижена, 15нед сум а имам килоипол во минус со диетава за шеќеров дали и вас ви се случи? На мисла сум дали да зборувам со гинекологот или да чекам за 3 недели на преглед
Референтни вредности за трудница се : На гладно до 5 После еден час до 10 После 2 часа до 7.6. Кај тебе е покачен на гладно и доста покачен на вториот час. Фали вредноста за првиот час, изгледа не ти измериле..
Леле фалааа, у некое друго време ќе се радував ама сега се секирам за бебушот. Страв ми е да не му предизвикам дијабет само тоа ми се врти во глава
Здраво девојки, Јас не сум нова на форумот, член сум веке долги години но, пасивен. Да не должам... Трудна сум во 28 недела и во 24 недела ми открија гестациски дијабет. Вредностите се: 5.2 на гладно, 10 после еден час, во нормала после два часа. Зборувам за Огтт тестот. Дијабетологот ми даде дневник и водам 2 неделен профил. Вредностите на профилот од првиот ден до сега ми се во нормала на гладно помалку од 95mg/dl а после јадење ми се нема качено над 140mg/dl, најчесто вредноста е околу 105-107mg/dl. Да напоменам живеам во Германија, и ми кажаа дека ке бидам следена од дијабетолог до крајот на бременоста. Гледам дека на форумот има членки што се во Германија па сакам да прашам, сега бидејќи профилот ми е добар дали на следната контрола ке ми кажат да правам пак профил или после извесен период? Воопшто не ми е тешко да се придржувам на исхраната, но мерењата ми се напорни бидејќи мерам 6 пати,пред и после 1 час од јадење. Па затоа прашувам да бидам колку-толку спремна за наредната контрола, да знам што да очекувам. Инаку бебето на контролата кога ми го правеа тестот за шеќер си одговараше на неделата која сум трудна.
До крај ќе те контрлориаат.Мене така во првата бременост ме контролираа на 2 недели.Со диета успеав без да добијам инсулин.Па како што се сеќавам не мерев секој ден после 2 ра недела мерве 4 пати во неделата. Ако ти скокаат вредностите ќе ти дадат инсулин, затоа пази и шетај повеќе.Ама и ѕоа не е страшно , јас примам сега само навечер ради високи вредности на гладно, ама со инсулинот ми е цело време 4,8. Така да ништо страшно следи,пази и шетај
Ти благодарам драга, До сега имав сосема нормална бременост, што неможам да кажам дека и сега не е така, но искрено ова малце ме извади од колосек. Внимавам и се надевам дека нема да има скокови во вредностите. Колку ти беа тебе вредностите на гладно пред инсулинот? Мене околу 84,86,90,91mg/dl.
Во оваа бременост не правев испитување на скриен шеќер оти уште одев редовно на секој 3 месеци на контрола. Ама првиот пат знам дека на гладно ми беше 93 , а границата е 92.Само тоа ми беше повисоко. Сега мерев секој ден по 6 пати 2 недели па ми продолжија уште 2 и пак 2 и видоа дека наместо до 5,3 мене ми е често над. Те разбирм како се чуствуваш ама тоа и не е нешто за што треба да се нервираш.Јас се нервирав првиот пат кога ми открија, ама па бебето е побитно од моите прсти.Уживај си во бременоста и остани само на мерење, не си прави стрес оти и тој влијае многу.Јас сум исто 29 недела па вака терам 2 месеца и тоа секој ден боцкање .Имам уште ама нека остане на овој инсулин само.Инаку бебињата и во двете бремености ми се во границата на нормална тежина
Навистина ти благодарам на одговорот, ме смирува тоа што сега вредностите на профилот се добри. Уште едно прашање и не те гњавам веќе Дали првиот пораѓај ти беше индуциран? Читајќи дојдов до заклучок дека кај бремени со ГД во повеќе случаи е индуциран пораѓајот.
Мене на резултатот од второто боцкање после пиењето шеќер ми е ок, ама првото мерење на гладно нормала е 5.1 а кај мене е 5.8. Матичната ми рече после 2-3 дена да го премерсм пак само на гладно да видиме дали ке покаже ист резултат. Искуства?
Ќе треба до крај да го мериш, но доколку вредностите ти се во граници на нормалата може да го намалат бројот на мерења во текот на денот. Јас кога отидов најпрвиот пат ми беше кажано да го мерам наутро, пред и после појадок, ручек и вечера и пред легнување, што му доаѓа осум пати. После првата контрола бидејки ми беа добри вредностите ми намалија на два до три пати на ден, обавезно наутро и наизменично после некој од трите оброци.
Да, денес ги разгледав типовите на профили и видов дека во книшката има 3 типа. Претпоставувам дека доколку е добар првиот профил ти даваат со 4 мерења:наутро, и 3 пати после јадење. Колку пати во месецот одиш на контрола кај дијабетолог?
Се породив јас во јуни. Иначе одев еднаш месечно под услов да се вредностите во ред. Ми беше кажано доколку забележам континуирани повисоки вредности, блиски до границата, да се јавам за да отидам на контрола порано од закажаниот месечен термин. За среќа, немаше таква потреба.
Девојки денес бев на контрола и сакав да споделам. Бев и кај гинекологот и дијабетологот. Бебето е добро 1400гр 40цм ми кажа Др. дека малку е големко но во границите. Го зема во предвид и тоа што и кажав дека во фамилијата сите сме поголеми бебиња јас сум родена 4000гр, брат ми 4100. Дијабетологот го гледаше профилот и кажа дека е супер, така да продолжам. Ми напомена дека морам да внимавам, како расте бременоста така и шеќерот може да почне да се зголемува. Ми ги намали мерењата само сабајле на гладно и после јадење. Мислам дека строгиот режим на исхрана многу ми помогна и пешачењето. Јадам повеке месо и салати без леб, јајца, печурки, кашкавал, урда...
@C-iena каде одиш приватно или државно? Треба и јас изгледа да одам, вредностите не ми се намалени ни со диета
Јас сум во Германија, па незнам да ти кажам. Докторот ми објаснуваше дека некогаш и покрај диетата вредностите не се во нормала, во тој случај се прима инсулин. Убаво и детално исто така ми објасни дека не е воопшто страшно да земаш инсулин. На моето прашање за тоа дали може да остане и после бременоста, односно после раѓањето ми кажа дека досега во неговата кариера тоа не го сретнал. Но тоа не ја исклучува шансата да добиеш подоцна во животот, дека било некој вид на аларм оти треба да внимаваш. Дали од почетокот ти се покачени вредностите или со растењето на бременоста почнаа да ти се покачуваат, мислам на профилот (доколку го правиш)?