Девојки кога се прави испитување на глукозен хемоглобин и на скриен шеќер? Јас сум 13 недела и пијам метформин подолго време заради подобра овулација но кога ќе ми ги прекинат ми е страв да не ми се качи шеќерот. Пред бременост испитував скриен шеќер и беше во граница на нормала а на крвна слика со пиење на глукофаж ми е 4,8. Матичната не ми спомнува ништо за ова баш ми потенцираше да не правам многу испитувања периодов ради ковид, само тие што ми се неопходни
Др. од Систина ми запиша од 22-24 недела скриен шеќер, јас од страв ради ковид отидов во 26 недела прочитав до тогаш најкасно може. Сега на следен преглед кога ќе бидам 35-6 недела треба да носам испитување за глукозен хемоглобин, поради тоа што во урина после 2часа пиење на гликозата се појави ацетон.
Фала ти на инфо. За почеток може да успитам глукозен хемоглобин, а иде ли тоа испитување со упат и кој го издава упатот?
Немам земано уште упат,планирам да пробам кај гинеколог, па ако не бива кај матичен општ. Така направив за скриен шеќер само кај мат. општ успеа да ми издаде. И пак отидов на приватно на крај каде што пуштаат дома да си полежиш тие 2,3 саати. Ама и да не даваат упат за гл. хемоглобин прочитав на приватно е исто како скриен шеќер околу 400 денари.
Денес имам испитување на скриен шеќер, докторката ми рече да не одам со празен стомак или можеби јас погрешно ја имам разбрано???
За испитување на скриен шеќер се оди со празен стомак,колку што знам јас и што имам читано,незнам зошто ти рекле најадена
И како помина ако не е тајна,слушнав дека ако имаш покачен шеќер може и да ти се слоши додека чекаш...многу ми е страв од таа помисла....јас за една недела треба да одам па чисто инфо...
Се јавив и прашав Не сум знаела за тоа, иначе ми се слоши малку, тоа шербет за баклава како да пиеш и како да не ти е мака јас не знам ... а резултатот утре ќе биде готов па ќе видам што ќе биде
Нема потреба да се плашиш затоа најубаво е да се седиш таму додека трае поцедурата за во случај да ти се слоши. Јас сум во странство и овде ми пратија цела процедура како ќе биде. Најубаво покажува ако претходно немаш јадено 12 часа, мислам дека секаде и во Македонија е така освен ова првпат што прочитав што и рекле дека може да јаде.
И јас како што знам претходниот ден треба да го преоптовариш организамот со благо....штознам ке прашам пред да одам како и да е.