Од каде во скопје сте најзадоволни авицена, синлаб? Секако на приватно планирам, и дали треба да се закаже однапред?
И двете лабаратории се океј. Јас имам на двете места правено бидејќи требсше пак да го повторам тестот. Првиот пат правев бо Авицена и таму се закажува. Ако си имаш упат од матичен лекар чекаш едно 2 -3 недели зошто само во понеделник испитуваат, ако си приватно пократко е времето да ти закажаат. Си седиш таму кај нив 3 саати. Цената со упат 36 ден без упат 450 денари. Во Син Лаб бев 2риот пат со упат платив 130 ден не ми се чекаше во Авицена зошто за 2 недели ми дадоа термин. Не седиш кај нив заради короната значи јас 3 пати идев и се враќав и нема закажувања. Вака беше пред 1 месец.
На гладно шеќерот ми беше 5.6 а откако го испив шербетот 4.7. Може ли некој да ми објасни зошто е тоа така? Имам закажано на ендокринолог ама тек средина на јануари имаше термин, па во меѓувреме ако има некој упатен да ми подобјасни. Инаку скриен шеќер проверував бидејќи последните неколку крвни слики ми покажуваа покачен шеќер 5.9 или 6, а од неодамна сум со хашимото дијагностицирана.
Здраво девојки Сакам да ве прашам дали ви се има случено да измерите едно подруго шеќер со апаратчето и да ви покаже различни вредности. Денеска, утрово при првото мерење ми покажа 5.5. Веднаш потоа ми покажа дека батериите се при крај, но измерив уште еднаш покажа 5.2 и уште еднаш 5.1. Значи три различни вредности. Бидејќи ми се вредностите во нормала до сега, веднаш ми беше сумљиво и затоа мерев уште 2 пати. После јадење шеќерот ми беше 5.8.
Edno prasanje, sto e sovet za ishrana so pokaceni vrednosti? Denes dobiv info deka blendirano ovosje trebalo da se izbegnuva pravelo seker, da se jadelo svezo. Nekako bezveze mi e muabetov, baska sekoj den mi vrti nutribulleton.
Како совети што имам читано на интернет а и диета болничка што даваат е некоја "исхрана"-диета од 1800 калории.Еднаш ја отворив и кога видов за доручек маргарин, виршли... не сакав ни да ја дочитам. Најдобро е сама да видиш како ти реагира шеќерот со одредена храна. Јас уште на почетокот решив строго да се придржувам на исхраната и навистина даде резултат. Јадам повеке месо и салати.Месото динстано, печено или на една лажица масло грилано. Исто така јадам и риба, најчесто ослиќ. Зелена салата, марула, морков... од зеленчук се јадам. Со мешункастите не експериментирам често, јадев грав, боранија и грашок не ми го кренаа шеќерот. Искрено не ги ни сакам многу па затоа не ги ни правам. Овошје јадам само портокал, киви и јаболка една на ден, не секој ден. Во главно се придржувам на храна која нема јаглехидрати. Често јадам пудинг од чија семе со бадемово млеко, некогаш додадам какао, некогаш 2 3 јагоди. Искрено не ми е тешко да се придржувам некако се програмирав дека мора така да биде и дека на тоа има крај, во прашање се неколку недели или месец два. Мислам дека психата е многу важна во овие моменти а поготово во бременост кога хормоните лудуваат.
Може. Мене еден период ми покажуваше невообучаено високи вредности наутро. Бев на контрола и за малку ќе ме ставеа на инсулин. На истата контрола добив нови лентички, со новите лентички добив ниска вредност како и порано а со старите многу повисока. После ги фрлив старите и немав можност многу да се распрашам зошто е тоа така бидејќи ми беше последна контрола. А кога и пишав на дијабетологот ми кажа добро штом е до тоа. Тоа значи дека постојат и такви фактори кои може да влијаат на резултатот. Точно е тоа за блендираното овошје. Имам читано од др. Митов дека кога се блендира овошјето концентрацијата на шеќер се зголемува до четири пати а воедно се уништуваат растителните влакна.
.Колку се точни апаративе?? Мене ми мери 6ка на гладно па на крвна слика 4.7 Дали е најточно да се направи 3м профил? Јас сум на преглед нареден вторник едвај најдов место ќе видиме што совети ќе добијам
При оваа состојба никако цедени сокови и смути. Зависи колкави ти се вредностите, од овошје најдобро е бобестото, како боровинки, капини, малини, јагоди и сл. И тоа најдобро во комбинација со јогурт.
Na krvna slika mi e ok a ovoj testov so serbet uste ne mi e praven. Jas smoothie pocnav da praam za da smesam cveklo,spanak radi nedostatok na zelezo i mi padna cudno koa mi kazaa ne cinelo taka poise seker imalo
Нема повеќе шеќер,туку е смелено и брзу се обработува од организмот и распространува низ крвта и нагло расте шеќерот во крвта.Додека овошје прво треба да помине низ желудникот и да се обработи па му треба време да стигне до крвта.Овошје и така не се препорачува многу.Мене ми рекоа колку големината на дланката. Иста е и ситуацијата со белиот леб.Побрзу се обработува од организмот и брзу го дига шеќерот.Додека ржаниот полека се вари и полека го качува шеќерот.
Еве сум јас повторно Денеска бев на контрола кај дијабетологот, вредностите се добри. Пишав и погоре дека правам профил со 4 мерења(наутро,после доручек, после ручек, после вечера) но јас за моја контрола си мерев и некогаш пред јадење, па ми напоменаа дека не треба повеќе од 4 мерења дневно. Едно ме мачи... На секоја контрола до сега ми напоменува дека со зголемувањето на бременоста се зголемува и нивото на шеќерот, тоа дополнително ме става во мисла и само повеќе паника ми создава. Еднаш до сега вредноста ми била 5.4 и тоа наутро. Последните 3 дена ми е малце повисока наутро за разлика од предходните денови кога ми била 4.7, сега овие денови ми е околу 5.2. Си велам дали е можно навистина да почнала да се зголемува. Останатите вредности после јадење не надминуваат 6. Е сега сакам да прашам кој има искуство колку е толеранцијата за да не те стават на терапија, загрижена сум бидејќи 2 пати до сега имам измерено пред спиење еднаш 4.4, еднаш 4.7 што е ниско. На овие вредности да се ординира терапија вечерна со инсулин е малку загрижувачки ради хипогликемија.
Вредностите ти се супер не се плаши и не си прави стрес ќе поминеш без инсулин. Треба да ти се неколку дена едно подруго над 5,3 за да добиеш инсулин.Како се зголемува плодот точно е дека шеќерот се зголемува, ама за нив вредностите на шеќерот не се битни само ,побитен е обемот на стомакот на бебето , дали одговара на г.недела. Ако бебето е нормално нема потреба од инсулин
Апаратчињата секако не се 100% точни. И јас кога мерев повеќепати различни вредности дава и вадев средна вреност. Доколку бројката не е во нормала тогаш мерете повеќе пати, инаку не мора. Пример ефнаш знам се деси 10 да ми покаже и мерев уште два пати. Или ако се десило 8 пример пак мерев два пати. @xxx-ba моја препорака да го провериш после 1час од оптеретување. Можно е нагло да се качи на 1час и после да паднал. @Pacient srna јас пиев смути се додека не ми најдоа дијабет Ама секако не ми беше дијабетот од смудито де. После тоа со диетата имав дозволено само неколку овошја и тоа грејфрут, јаболко, јагоди и цреши Ама во одредени денови, не беше секој ден и обавезно споени со путер од јатки, јатки или цимет.
Јас пак да се пожалам,денеска бев кај гинекологот на редовен преглед и толку многу се разочарав што веќе навистина не знам како да постапувам. Кога ми го открија ГД бебето беше во нормални граници, исто така и на контролата после таа беше во нормални граници. Денеска докторката ми рече дека бебето е веќе доста големо. Јас сум 31 недела и бебето е околу 1900гр. И ми рече тоа мора да е од ГД. Ја прашав како, кога вредностите ми се нормални, се зачуди и рече може треба да бидат уште пониски..... После јадење 1 час ми се 5.7,5.8 до 6. Уште на почетокот немав доволно доверба во неа, сега само се зголеми недовербата. Искрено, се консултирав со доктор од Македонија, ми рече дека на влез во 8ми месец воопшто бебето не е големо и дека доколку шеќерот е контролиран станува збор за генетика. Истото го тврдеше и докторката овде, дека се работи за генетика, од почетокот бебето е понапредно но во граници на нормала и одговара на гестациската зрелост, за денес да го смени мислењето. Незнам повеке во што да верувам?! Пред два-три дена бев кај дијабетологот кажа дека е се ок. Пропорциите на бебето се симетрични...
И кај мене беше така, и цело време понапредно, немам скриен шеќер. Генетика е во прашање кај мене, сигурно и кај тебе, опушти се.
Izvini vaka ama doktorkata kineskinja da ne ti e pa po nivni proseci se vodi. Bebe i 4.5 kg se raga niso ne mu e, neka ne te.sekira za dzabe bog da cuva
Офф леле ете го истиот муабет. Големо било, голема глава имало. Еве го синко Фала му на Бога се роди 3240гр 50см со нормална глава. Еве не знам како може такво бебе да е големо. На снаата моја исто викаа демек леле крупно бебе бла бла и се роди 2500гр. Немам коментар.