Леле жени лошење од шербетот...не очекував вакво нешто у пм.таман за второ боцкање ај уште 10 мин си викам кога почна да ми се лоши,гадење,потење,ми се стемни пред очи...ај брзо притисок супер за 10 секунди ја ок. ..ај трето боцкање за 20 мин и мене пак лошење,сега сум дома и ке спијам,незз што да јадам а да не качам шеќер
До денес го пиев секој ден по 1 шоља ама сега со диетава ич неможам да се снајдам и незнам што смеам што не,многу ми е страв да не се случи нешто на мене и бебето инаку осеќам глад.
Матичната,лебни единици треба да бројам а баш имам апетит едно чудо,сега додека да се навикнам на одредена храна ке ми биде тешко,инаку си јадев и благо и тестенини во изобилство сега несмеам а мислам дека од тоа до сега живеев
Како што сум приметила ,кога ќе јадеш гледај на пола од тоа што си јадела да јадеш.Така шеќерот не ти се качува над границата, по 1-2ч можеш пак малку да апнеш и така да ти биде регуларен шеќерот.Ќе видиш ќе можеш и благо да јадеш ама само умерено по малку и често.Мора да експириментираш и да видеш како ти реагира телотоВрати се неколку страни наназад имаше и некоја табела за единиците.
Мешковци дали вие што сте со дијагностициран гестациски дијабет, на беба bpd (biparietal diameter) бил/е поголем од гестациската недела од терминот? Вчера бев на преглед и bpd е 2 недели понапред и 'нормално' на чичко гугл прочитав дека тоа вообичаено е кај гестациски дијабет. Денес сум полна 21 недела, матичната ми рече дека во 24та се проверува скриен шеќер. Гликемија на гладно секогаш ми е во граници на нормала (околу 5) и досега сум немала проблеми.
Кај мене е под нормалата( 54мм) во 22+3 г.н. Ама јас сум со скриен шеќер од првото бебе и сега не правев испитување одма мерев шеќер и си добив инсулин.Ама пак бебето ми е нормално , не е поголемо.
Мене како што ми кажува дијабетологот важно е мешето за шеќерот, да одговара на неделите и секогаш ме прашува колкаво е мешето.
Поназад некаде имав пишано како се рачунаат ако можеш најди го постот... Еве пример само ќе ти дадам според дијабетолог... 1чашка јогурт и 1ѓеврек ти се 3единици (+ зденка сиренце јајце не се бројат во единици) по доручек имаш ужина 1единица дали ќе е овошка или 30гр благичко останува на тебе ама еможеш на секоја ужина благо па за ручек салатите не ти се бројат ќе ги рачунаш пр.2к леб со малку компир месото не се брои... и така ова е само примери да почнеш од некаде да пазиш на количински на внесување на јаглехидратите ... и внесувај течности - вода
А да прашам еве на пример ненамерно ке претерам со оброците или било како и ми се качи шеќерот,како да го намалам,што ако ми се лоши ,ми се гади...што да направам во тој случај,,вода да пијам само ке се намали ли?
Е тоа со ендокринолог и гинеколог ќе си се консултираш најдобро што како , ...ако не го намалиш може терапија ќе ти дадат а и до инсулин да боцкаш (но ако внимаваш на исхраната ќе го средиш ако не е многу висок) А и нека пишат поискусните, @Alishan30 ако може да ја посоветуваш? Пс. Се надевам ќе се среди побрзо