Здраво девојки 16 недела сум од бременост, правев крвна слика и на урина покажа присувство на гликоза, па матичниот гиниколог ми препорача да направиме тест за скриен шеќер.. денес правев резултатот ви го приложувам... матичната ми кажа дека е над нормалата.. па по празниците да го повториме тестот... можно е вели и од стрес да е покачен.. ме стави на диета.. некој со слично искуство да ме утеши бидејќи мн сум исплашена поздрав
Покачени се вредностите. Со 75гр. гликоза ли го правеше?Јас откако го правев со 75гр. гликоза и ми покажа покачени вредности ми дијагностицираа ГД и ми рекоа дека нема повторно да го правам тестот, само дома да мерам. Искрено да ти кажам од стрес може да се покачи тоа секако, ама да биде над граница... Сепак е метаболичко нарушување. Незнам колку ти објасни докторот, но не е многу страшно ако го добро контролираш. ГД е честа појава во бременоста. Прочитај за исхраната и направи си режим, почни уште веднаш. Втората вредност воопшто не е за потценување.
Мила ти благодарам, да со 75гр гликоза го правев.. тоа ми кажа и докторката дека треба да внимавам на исхраната и ако е потребно да се консултирам со eндокриолог.. колку ти беа вредностите тебе и ако можиеш да ми кажеш што пвеќе конзумираш од храна ... мене докторката ми рече од овошје јаболка повеќе зеленчук пилешко месо,телешко и да исфрлам благо ,газирани сокови, тестенини
Ако имаш услови да земеш апаратче за мерење на шеќер нема да ти е на одмет. На пример кога ке каснеш овошје после 1 до 2 часа ке го измериш и ќе видиш како се однесува шеќерот при внес на истото. Јас јадам малце овошје може во 3 дена еднаш и тоа портокал, зелена јаболка, јагоди, малини... Кога ке ми се пријаде благо јадам пудинг од чија семе или еден до два реда 80% како чоколадо. Најчесто само за доручек јадам леб (со цело зрно),јајца, малку ајварче, сирење само да не е полномасно,урда. Некогаш кога не сум толку гладна јадам леб намачкан со путер и кашкавал или едно парче пилешка шунка, потпечувам киноа со кисело млеко. Различно... За ручек претежно 150-200гр(не мерам, отприлика) месо со салата. На пример можеш да си направиш цезар салата, туна салата. Во нив додавам некогаш и јајце, пченка, домат. Печам ослиќ на хартија со замрзнат зеленчук но одбегнувам да има морков, варениот морков има голем ГИ, додека свежиот не. Некогаш јадам и грилано свинско или пак го правам како селско. За вечера некоја салата... На почетокот е тешко и ќе бидеш гладна но подоцна не. Овде психолошкиот момент е многу важен, првичен шок ти е тоа како јас трудна а неможам се да пробам. Некако тоа е наметнато од времето кога од постарите имаме слушано трудница треба да јаде за двајца или да проба се. Тоа е мое мислење.. Јас на почетокот многу повраќав до 18 недела, после немав апетит ниту па желба за некое јадење, сега тоа со ГД и ќе се навикне човек... Јас да сум на твое место би разговарала со ендокринолог или дијабетолог, сепак тие се стручни и ке ти дадат совет како да ја нормализираш состојбата. Моите вредности беа: 5.2 на гладно, 10 после еден час, третата вредност во граница ама не се сеќавам точно.
Ти благодарам мила за советите ќе ги практикувам да после празниците секако ќе се консултирам со ендокринолог ... имај убави празници мила
Јас не не ама купив апаратче и почнав со мерење само имам проблем со исхраната,од страв малку јадам и не се качува шеќерот...пред јадење ми беше 4.2 јадев 1 кришка леб,мало парче сиренце и свежа краставица се качи до 5.2 после 1час,сега ке изедам 1 јаболко и ке си легнам...јадењето ми е голем терет,незнам за вас ама мене ме мрднува кога ке ми се пријаде,ШТО ДА ЈАДАМ? Ке биде Многу тешко додека да се навикнам.
Можеш јаболко, киви, грејфрут, јагоди, шумско овошје по една шака. Кашкавал, сирење, јајца, хумус, сите јатки, путер од кикирки, маслинки, салати, авокадо, манџа леќа, гравче, боранија(без запршки), печурки, наут(фалафел), риба, месо. Кисело млеко, јогурт јас пиев Јока и Бучен Козјак тие најдобри ми беа, не ми го качуваа. Има еден протеински пудинг и таков напиток по маркетиве и тие се добри.
Браво, брзо си собрала храброст. Вредностите се добри. Кога ти се јаде касни бадеми, ореви, напиј се лимонада без шеќер. Пред спиење избегнувај овошје, и воопшто јаглехидрати. Овошје си јади поручек до 16-17ч.
Се можеш да јадеш само умерено пример со кришка леб само лебот ти се рачуна во 1единица а сиренце зденка и кашкавал не се рачуна...краставица и зеленчук не се рачуна значи можеш да јадеш буквално се.... 30гр чоколадо е 1единица , 1чаша јогурт к.млеко или млеко е 1единица ај потсети ме утре во лп да ти пратам слики од кое што колку носи и ќе си рачунаш... Пак ќе ти дадам пример можеш 2кр. Леб (2ед) + чашка јогурт 1ед се рачуна но на тода додаваш пр 2јајца плус сирење или зденка плус краставица .... За ручек 2кр леб + парче месо и салата не се рачуна е сега колку супени лаж.ориз или компир во 1 единица идеа но ќе ти пишам .... За ужина меѓу доручек и ручек или пред вечера можеш некоја овошка...ама 1 а не пр 3јаболки туку само 1
Многу е тешко додека човек да се навикне,сепак е нов начин на исхрана па и на живот,се мењаат многу рутини...секако се што јадеме е здраво за нас и нашето бебе ама тешко е.Мене лично многу лошо ми делуваше психички оваа ситуација,уште си плачам и се прашувам зошто мене ,од прв пат го сватив дека ако направам погрешен чекор ќе не снема и мене и бебето затоа толку психички се оптеретив,малку по малку почнувам да учам и јадам тоа што е потребно. Како за беља на се 27 недела сум и брахтон хикс контракции имам од време на време што дополнително ме вади од кожа,како и да е несмеам да се нервирам ем си качувам шеќер,ем ми штети на бебуш ем глава ме боли.... Девојки бидете живи и здрави во новата 2021 година,се што посакувате да ви се исполни од се срце ви посакувам.
Како се снаоѓаш до сега мила? Дали редовно го мериш шеќерот и какви се вредностите? Се навикна ли на исхраната. Те прашувам зошто и мене на почетокот ми беше голем шок но подоцна некако ги прифатиш работите...
Да душо,на почеток е шок исто како да е доживотен а привремен е ,ми помогнаа психички од ендок.од државна и другарка што е на инсулин,секако и овде од сите што споделија совети и искуства....премногу им фала....ептен убаво ми објаснија и се опуштив ...имам обавезно 3 оброка,менувам по малку односно експериментирам малку со јадењето и никогаш не надмина граница,мерам 1 и 2 часа после оброк,ужина си земам овошје и супер сум,денес ги пратив мерењата на матичната рече супер ми оди ...на било кој и да му треба помош или совет тука сум и јас
Ме интересира што те советуваше ендокринологот. Ако не ти е тешко да ми кажеш. Иако има секакви муабети за нашите доктори, сепак сметам дека имаме исклучително добар кадар....
Секој совет е индивидуален зависно од вредностите на покачениот шеќер,кај мене не е толку многу за паника ама сепак ми рече треба да внимавам,да ја заспределам храната на 3 помали оброка,направив и уште правам некои промени во јадењето,односно експериментирам и мерам редовно и сега за сега сите мерења се супер.
Девојки ај кој се разбира подобро нека ми објасни....како се разликува нормалниот од скриениот шеќер,еве јас со апаратче го мерам и најчесто се движи од 4.6 на гладно,1час после јадење над 6 ама ретко може и 5 да биде и 2 часа шоске јадење пак накај 4.6....каснувам и благо кога ке поминат 2 часа од оброк и пак до 5 е....е како имам покачен шеќер јас? Моментално само лебот го сменив се префрлив на црн и се поткаснувам...не суж желна за ништо, Се утепав од боцкање а не ми е јасно стварно дали треба
Ќе се потрудам да ти одговорам. Скриен шеќер е покачен шеќер кој се утврдува со тн. тестови на оптоварување со глукоза, а инаку ако испиташ на гладно истиот е во реф.граници (па оттаму и терминот ‘скриен’). Ако се дијагностицира во бременоста се нарекува гестациски и се јавува како резултат на хормон кој го лачи плацентата (HLP), истиот прави да јх и останатите хранливи материи не ги искористува толку мајката туку да одат кај бебко за да расте. Е сега ако овој механизам претера, или има предиспозиции и претходни ризик фактори се јавува инсулинска резистенција, односно нарушена регулација на метаболизмот на јаглехидрати, односно гестациски дијабет. Според ова што го наоѓам на нет, критериум за дг (за ОГТТ со 75гр. глукоза) е присуство на еден од следниве: на гладно > 5,3ммол/Л по 1 час >10,0 ммол/Л по 2 часа > 8,5 ммол/Л (овие вредности се стандардизирани за оптоварување со чиста глукоза мерени од венска крв, не можеш пр. да земеш за споредба комплексен оброк и мерење гликемија од прст). Инаку вредности за нормален шеќер во бременоста се: на гладно < 5,3ммол/Л по 1 час од оброк < 7,8 ммол/Л по 2 часа од оброк < 6,7 ммол/Л На претходната страна ко што видов, тебе после вториот час ти била гликемија 8,9ммол/Л, па оттаму и ти кажале дека имаш покачен шеќер. Се надевам дека ти помогнав, а за тоа колку често треба да го мериш шеќерот, најубаво да се консултираш со ендокринолог.