Форумџика на годината

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    3.227
    Ако може некоја да ме посоветува. Бев минатиот понеделник на т.н. мал тест за шеќер, со едно земање крв, каде што резултатите покажале дека имам индикации за скриен шеќер и сега утре морам да одам на големиот тест, со три боцкања, за да утврдат дали навистина постои или не. Ама кога ми се јавија во петокот, за да ми кажат дека на малиот тест имам покачени вредности, ме фати некоја паника и баш внимавав на исхраната овие денови (иако, морам да напоменам дека и пред тоа внимавав, ама овие денови ептен), не јадев ни благо, само јаболко...е сега, читам на нет, дека три дена пред тестот сум морала да се хранам без никакви ограничувања, за да се покажат вистинските резултати, а јас пазев. Дури сега јадев малку пообемно јх, од кога прочитав + банана. И сега не знам што да правам. Има ли шанси да се покажат неточни вредности утре, поради овие денови што не јадев, ај да кажам - нормално? Мада, начинот на исхрана овие денови и не беше поразличен од обично, само што не јадев благо и многу овошје и бел леб, а тоа е баш тоа што го покачува шеќерот.
     
  2. C-iena

    C-iena Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    198
    Кај мене кога на малиот тест со 50гр гликоза ми покажа зголемена вредност одма почнав со правилна исхрана. Тестот со 75гр гликоза ми беше закажан после 2 недели и тие две недели јас си внимавав... На големиот тест со три боцкања втората вредност ми беше иста како на малиот. Значи после 1час и на двата теста покажа 10.
     
    На tina2018 и Marge им се допаѓа ова.
  3. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    3.227
    Значи да не се плашам, едноставно и утре би требало да покаже така како што покажа на малиот. Затоа што кога ми се јавија во петокот, ништо не ми напоменаа, само ми рекоа утре од сабајле да бидам гладна. Ти го регулираш со исхрана? Јас сум некако многу исплашена, прва бременост, вака мерките постојано покажуваат дека бебуш е супер, пак внимавам и што јадам, пешачам секој ден, не ми е јасно, на што може да се должи покачувањето на шеќерот?
     
  4. C-iena

    C-iena Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    198
    Мислам дека доколку има нарушување на метаболизмот во бременоста секако ке покаже. Сега немој да јадеш барем 10-12 часа. ГД се поврзува со хормоните, не ја тражи вината во себе. Јас регулирам со јадење, да.
     
    На Marge и Mom_3 им се допаѓа ова.
  5. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Фала многу,премногу:inlove:....значи јас сега со мерењава сум си ок малку можеби пониски вредности имам ама сепак шофобро нели :) , каснувам нешто благичко на врв на јазик од стрв нели дека бремена :l:
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    3.227
    Ти благодарам на одвоеното време и на одговорите.
     
    На C-iena му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.153
    Допаѓања:
    5.701
    Вака вредностите ти се таман, со добро компензирана диета можеш се’ да јадеш, претпоставувам веќе ти дале совет како да се храниш, лебни единици и сл. Секако можеш и нормално е да си каснеш и блакце се додека тоа не е пола торта после изедена пола пица :wasntme:
    Без гајле, ќе си биде се во ред :l:, најголем е психичкиот притисок нели ‘еве мора да пазам’, ама пак од друга страна сите без разлика мора да внимаваме со исхранава ако сакаме да го сочуваме здравјето.
     
    На C-iena и Mom_3 им се допаѓа ова.
  8. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Дали некој поупатен можи да ми дај мислење за резултатите? Некако ми се чудно ниски вредностите :?:
     

    Прикачени фајлови:

  9. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.413
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Da ne zaboraile seker da staat u vodata, drugo ne mi teknuva:D
     
    На Mom_3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.153
    Допаѓања:
    5.701
    Дали ти се јавија симптоми на хипогликемија за време на тестов (во тек на првиот час особено)?
    Мислам дека може вакви вредности да се добијат ако си послаба со понизок БМИ, си почнала со помала килажа, неправилна диета пред тестот и сл.
    Мое мислење да се консултираш со ендокринолог, мада секогаш постои и опција ‘грешка во лабораторија’.

    Истото и ова ќе те прашав, се е можно кај нас:?:
     
    На thelittle17 и princess5 им се допаѓа ова.
  11. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    И јас прво помислив на истово,многу чудно .
     
  12. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Не, го гризев тоа што не можеше да се растопи.

    Немав никакви посебни симптоми, најнормално се осеќав. Бременоста ја почнав со малку помала килажа од што би требало, со 54 кила, а сум 167 висока, ама не нешто екстремна помала килажа. Ова ми е втор тест инаку во приватна лабораторија го правев со крв од вена, затоа што претходно на болница правев и имав исто чудни вредности, матичниот мислеше дека е некоја грешка па рече да повториме. На болница ми земаа од прст, ќе ги прикачам резултатите во поракава.
    Утре ќе видам тој што ќе кажи, ендокринолог во Битола не мислам дека можам да најдам за жал :sweat:
     

    Прикачени фајлови:

  13. saki13

    saki13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    976
    Скриениот шеќер има некаква врска со шеќерот што го мериме со апаратче? Мислам дали може обичниот да ти е 5 а да имаш скриен шеќер?
     
  14. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Може
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Јас сега имам скриен шеќер во бременост и преку ден ми е од прилика од 4.5 до 5.5 ама внимавам на исхрана
     
  16. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.969
    Допаѓања:
    34.603
    Пол:
    Женски
    Да ,еве јас обично шекерот ми бил од 4 до 5 на гладно а кога правев огтт излезе на горна граница по 2часа...и затоа сега го мерам по 2часа да го следам...
     
  17. saki13

    saki13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    976
    Јас сум 10 + 3 а бебушот одговара за 11 недела. Докторката ми рече дека ќе треба да испитам скриен шеќер но дека немора да значи дека имам, може порано да е зачнато.
     
  18. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Нема полошо од забрането јадење во бременост,ми се јаде благо ми се плаче...ми се јаде се и сешто;(,кока кола немам пробано незнам од кога,ми се јаде пудинг,ми се јаде сеееее,лизнувам само од стрв ете дека бремена;(;(;(...ке направам список после пораѓај што прво ќе јадам :(
     
    На mace89, Nefertiti., thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Solen☀

    Solen☀ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2020
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    И јас спремам список ххахха
    Јас јадам по коцка две темно чоколадо и ако имм главоболка една чаша кока кола зеро си пијам
    Знам дека не треба над 7 да отиде па гледам да пазам кокку можам
     
    На Mom_3 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. C-iena

    C-iena Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    198
    И мене почна да ми се јаде благо и да ме фаќа нервоза. Два месеца сум на редуцирана исхрана. До сега немав желба за некоја одредена храна но овие 3-4 дена благо многу ми се јаде. Јадам од протеинските пудинзи по пола... Но не е тоа-тоа... Од останатата храна веќе ми се гади. Пилешко, јајца, салати... Јадам колку да се каже и мислам дека е малку за бебето. Дополнително ме фрустрира вредноста наутро 5; 5,2; 5,3 од 31 недела ми е таа вредност веќе сум 35 за некој ден. Бев кај дијабетолог, ме прима само советникот за дијабет. Кажа дека е добро, и спомнав за вредностите наутро не обрна внимание. Мислам затоа што Hb1Ac ми e 5.1, со килажата сум 2кг подоле и тамо кога ми измерија бев јадена а вредноста беше 5.2. Гинекологот упорно тврди дека бебето е поголемо и голема била вредноста наутро. Бебето беше 2300гр во 33 недела. Незнам веќе што да мислам, неможам да се правам паметна и сама да кажувам на докторот да ми даде терапија. Сепак тоа е центар за дијабет и знаат што прават. На крајот од бременоста место да уживам мене 300 работи ми се вртат во глава. А да не кажувам колку само читам за ГД... И тоа ми допринесува.
     
    На Mom_3 и princess5 им се допаѓа ова.