Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.969
    Допаѓања:
    34.603
    Пол:
    Женски
    Касни си ...30грама чоколадо меѓу доручек и ручек место овошје едно земи чоколадо30гр ама глеј не секој ден...
    Или скрати малку од вечерата за малку пудинг... воопшто ништо не ти е забрането само Ограничено мила....ич да не се замараш (што да кажам јас со овој режим сум уште пред да останам бремена)а сигурно ушто повеќе ќе треба да внимавам кога ќе сум... :hug:
     
    На mace89 и Mom_3 им се допаѓа ова.
  2. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.153
    Допаѓања:
    5.701
    На Клиника беше во Центар за дијабет?
    Вредностите наутро ти се на горна граница, само утринскиве вредности се проблем? (имај во предвид дека и ако си легнуваш ептен гладна, во тек на ноќта се активираат хомеостатски механизми па можеш да измериш повисоки вредности наутро на гладно)
    Битни се вредностите и после јадење. Мада тебе тромесечниот ти е 5.1% што значи дека во просек последниве два три месеци шеќерот ти бил околу 5,5mmol/L.
    Доколку не си бидена на Клиника мој совет е да си појдеш, ако толку веќе матичниот инсистира дека бебе е големо за гн.
     
    На C-iena му/ѝ се допаѓа ова.
  3. C-iena

    C-iena Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    198
    Не јас живеам во Германија. Само наутро ми се гранични вредностите. 1час после јадење ми се околу 5.8, 6. Никогаш повеќе од 6. Што мислиш за тромесечниот? Дали тоа е многу? Како што читав на нет 5.1 е во нормални граници. Докторката вели дека е поголемо бебето но јас имам и генетика. Сите во потесната фамилија се родени околу 4 кг како и јас.
     
  4. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.153
    Допаѓања:
    5.701
    Извини не знаев дека не си во Мк.
    Епа тогаш мила моја ќе имаш и ти големо бебе, штом има генетска предиспозиција :D. И кажа за ова на матичната?
    Јес да најчеста причина за поголема тежина кај бебко е дијабетот, но генетика и те како игра улога.
    Тромесечниот ти е супер, треба да биде мислам под 5,7%. И вредностите ти се добри после јадење.
    Така да не се оптоварувај многу, и од стрес се крева шеќер, уживај си во бременоста, јади си умерено и следи го шеќерот. Верувам дека во Германија знаат што како треба докторите :hug:
     
    На C-iena и Mom_3 им се допаѓа ова.
  5. C-iena

    C-iena Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    198
    Да и кажав, и на почетокот ми велеше дека е генетика а сега друга приказна. Хаха може ке биде големко,но не ми изгледа така, според мерките е 1 недела понапреден а и машко е. Имав пишано порано јас сум родена 4000гр, брат ми 4100гр, татко ми 5500гр. Се надевам дека се ке биде во ред. Фала мила
     
    На Mom_3, Ava.84 и Autumn Love им се допаѓа ова.
  6. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.834
    Допаѓања:
    33.848
    Пол:
    Женски
    Прво шеќерот што го спомна погоре не е висок.Еден ред црно чоколадо или било кое можеш да апнеш.Мене со првото советникот за дијабетис ми рече ако ти се препие кока кола можеш зеро. Сум пишувала полно пати дека благото толку не ми го дига шеќерот колку лебот.Ако не јадам леб шеќерот не мо е повисок од 6.Треба да експириментираш и да си запишуваш што како ти делува и сама да си направиш план на исхрана.
    Во првата бременост палентата-качамакот не ми го дигаше повеќе од 6,5 по еден час.Сега ми го дига над 8.Гледам да не го јадам.
    Еве јас од денес добив и брзоделувачки инсулин кој го боцкам пред вечера.Бебето во мешето ми е 2 недели помало, се вкупно е 3 дена понапред.
    Долгоделувачкиот го боцкам за гладно исто навечер.

    Денес ги гледав сликите пратени од бебенца на трудници со скриен шеќер.На секое пишуваше килажа."Најдебелото" бебе беше 4 кг.Повеќето беа под 3 кг.Значи грижата за шеќерот и те како е битна.
    Јас одам на дијабетолог-ендокринолог скоро секоја недела, на гинеколог не одам толму често:lol:
     
    На princess5, Autumn Love, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Мила а да не се замараш толку многу психички м?
    Се ќе биде во ред , сигурна сум :inlove:
     
    На C-iena му/ѝ се допаѓа ова.
  8. C-iena

    C-iena Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    198
    Се обидувам :) Може и хормоните се. Така малце и на плачка ме тера 2-3 пати дневно. :)
     
    На thelittle17 и Mom_3 им се допаѓа ова.
  9. C-iena

    C-iena Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    198
    И мене благото не ми го дига многу шеќерот, пробав и овошје јаболка и портокал добар беше. Со бел леб јадев пица само еднаш до сега, ама цела ја изедов за да видам каква ке биде вредноста, после 1час беше 7.6. Повеќе не сум пробала бел леб, страв ми е.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.834
    Допаѓања:
    33.848
    Пол:
    Женски
    Не е многу границата е 7,8. Јади си слободно:)
     
  11. saki13

    saki13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    976
    Која е границата за шеќер на гладно за трудници 6.1 или ?
     
  12. Solen☀

    Solen☀ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2020
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    5.1
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Јас знам за 5.3
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.834
    Допаѓања:
    33.848
    Пол:
    Женски
    5,3 на гладно , еден час по јадење 7,8
     
    На Mom_3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    3.227
    Како се мери шеќерот дома после јадење, одма, кога ќе се заврши со јадењето или треба да се причека некое време?
     
  16. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.153
    Допаѓања:
    5.701
    Можеш да го мериш еден час после јадење, при што треба да биде под 7,8 или под 6,7 ако мериш два часа после јадење.
     
    На Ava.84, Mom_3 и Marge им се допаѓа ова.
  17. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.834
    Допаѓања:
    33.848
    Пол:
    Женски
    Може ли и два часа:^)Прв пат слушам, а јас пак ако заборавам за 1ч оставам празно место , не запишувам . Ама никој не ми кажал.Ќе прашам во четврток па ќе кажам што ќе ми кажат:)
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Јас кога експериментитав со јадењава еве на пр.јадев 2 кришки црн леб со ајвар и сиренце...може и уште нешто имало не се сеќавам баш,после 1ч ми веше 8.2 испаничив многу и одма на мат.се јавив...ми рече ок ми е вредноста треба да биде над 6 што значи дека не сум гладна,убаво сум се најала и штом ме плашат вредностите 1ч после оброк да мерам 2ч после оброк и ми беше после во граница...секако активна бев најмалку половина час после оброкот и да ви кажам веќе не ни мерам....

    Кога сакам за ужина нешто благо да јадам тогаш мерам или ако јадам нешто повеќе од што треба мерам 1ч после оброк чисто да знам нели колку од што се качува ама пошто бројам лебни единици немам нешто многу проблем со шеќерот ФАЛА МУ НА ГОСПОД:bow::l:
     
    На princess5, Autumn Love и Ava.84 им се допаѓа ова.
  19. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.153
    Допаѓања:
    5.701
    Ова е според Американската асоцијација за дијабет, верувам дека и со Европскава се тука така со препораките, со тоа што треба да се запазат вредностите после прв и втор час :).
     
    На Ava.84 и Mom_3 им се допаѓа ова.
  20. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.834
    Допаѓања:
    33.848
    Пол:
    Женски
    Стварно не знаев.Еве ќе прашам во четврток па ќе кажам што ќе ми кажат германциве, после два часа сигурно вредноста мие под 6,7.Па според американциве не ни треба инсулин да се боцкам:wasntme: Ама ајде имам уште 5-6 недели и ќе издржам.

    @Mom_3 еве тоа е лебот , тој ја качува вредноста.Треба на пример да јадеш една и пол кришка или едно кришче и со тоа ќе ти биде во границата до 7,8.
    После час и пол можеш да апнеш некоја ужинка.Сега зошто не мериш ти си знаеш како ти кажале така:)
     
    На Mom_3 и Autumn Love им се допаѓа ова.