Ајде, па пиши ни овде чисто да споредиме. Може германциве само вредноста после прв час ја земаат за релевантна . Тебе после колку време откако го открија шеќерот ти го воведоа инсулинот?
И јас мерам еден час после јадење, така ми кажаа и мене. Како што разбрав Др. ми кажа дека после еден час од јадење е највисок шеќерот. Потоа почнува да опаѓа. Кај дијабет тип 2 што имам читано се мери два часа после јадење.
Јас имав скриен шеќер во прва бременост од пред 5год.Каде бев само на диета без инсулин.Сега сум и плус повозрасна 36 год .После тоа одев редовно на контроли за шеќерот.Никако не можеа да ме стават во тип 2, ниту пак дека немам шеќер.Ми правеа секакви генетски испитувања ама беа негативни.Имаше испитување во америка го праќаа и чекав резултати 6 месеци.За оваа бременост требаше да одам одма штом ми потврди др дека сум трудна , ама јас не сакав и неможев поради гадење да отидам па отидов некаде 16 недела.Од тогаш мерам шеќер, ама одев на раб и плус дете немав време да пазам .Како растеше бебето мене вредностите на гладно ми стануваа повисоки.Па после серија од неколку дена зголемена вредност над 5,3 ми предложија долгоделувачки инсулин.Вредностите ми се регулираа.Ми беа околу 4,8.Исто вредностите по вечерата ми беа се нешто високи над 7,8 исто и по појадок.Ми ја зголемија дозата и со тоа се регулираше шеќерот по појадок ама вечерата остана да ме зеза.Затоа сега ми дадоа само 3 И.Е. Па ќе видиме др. четврток како ќе биде.Многу редовно одам секоја недела, многу внимаваат,а се мерам секој ден од само почеток.Плус не можам било каде да се породам морам со болница каде има детско оделение, каде има специјалисти за шеќер, ептен е комплицирано.Ама штом се породам го прекинувам инсулинот.Значи ме следат подолго време и затоа ми дадоа, не сега за една вредност.Ако една вредност ми е повисока не ја ни сметаат . Со поголема килажа може да бидат ако мајката има дијабетис тип 1 или 2 кога не можат шеќерот да го исконтролираат или има скриен шеќер ама не знае. Жените со скриен шеќер одат редовно на контроли и држат диети и затоа бебенцата не се толку големи.Моето прво бебе се роди 3390гр во 41+0.
На почетокот мерев секој ден и запишував,мат ми рече ок е супер продолжи така со исхрана немораш да запишуваш,а и сите овде знаат колку паничев и плачев на почетокот...сега таман се опуштив да не запишувам и мерам толку често само да си внимавам на исхрана испаѓа дека мора строго пазење на гладно и 1ч после оброк,ова според тоа ти како мериш и искрено колку сериозно ја објаснуваш работава страв ме фати....се преплашив штознам
Не ми е намерата да те исплашам.Јас морам да мерам секој ден, а кога бев на диета со првото мерев 4пати неделно, 6пати на ден. Инаку сериозна е работата ако бебето не дај Боже се роди со хипогликемија. Работата не е за плашење туку за внимавање.Овие германците се луди некогаш и претеруваат, ама тоа го прават од претпазливост.После пораѓајот продолжуваат да те следат најмалку уште 1 година.
Се согласувам, овде ништо не оставаат на случајност. Јас од почеток мерев 6 пати на ден(на гладно пред секој оброк, после 1ч од оброкот) Кога видоа дека е ок од втората контрола веќе ми рекоа 4 пати да ден(сабајле на гладно, и после секој оброк). Во Македонија од една пријателка слушнав дека до 36 недела била на прегледи за шеќерот и потоа не. Прашав овде и ми рекоа до последната недела, додека не се породам ке одам а исто така и ке мерам. Ми рекоа дека по пораѓај ке правам уште еден тест, гинекологот ми рече дека не е лошо да си контролирам после на 1,2 години. Таа ми рече дека незначи оти ке добиеш тип2, но може и да добиеш за 5 10 год а може и на 70год. Мислам дека оваа состојба не е до крај испитана, по тоа што претражував на нет нема некои опширни стручни студии со цврсти докази. Овие вредности за трудници не се одсекогаш. Да бевме бремени пред 20 години со овие вредности дали и ке сме биле забележани, сигурно не. Во една прилика гинекологот ми рече дека секоја втора трудница кај неа е веќе со гестациски дијабет. Кога ја прашав зошто, дали дека границата на вредностите е намалена, таа ми одговори дека не е до тоа, туку до тоа што се повеќе сме гојазна нација. Држи вода ама... Пребарував многу и за ГД после пораѓај, не најдов некои информации. Има жени што пишале дека им останал, ама мислам дека тоа се изолирани случаи, додека другите на пример на кои им исчезнал сигурно не гледале потреба да пишуваат веќе за тоа. Зборувам за англиски форуми, од таму читам.
Можеби се луди ама правилно ми изгледа мене Тоа е тоа,од денес се враќам пак на мерење и контролирање...штознам па и матичната не ми е нешто загрижена на последната контрола само онака ме праша како што ништо посебно...ке си продолжам јас со следење...фала женички
Мене вчера ми утврдија покачен шеќер, само на вредностите на гладно (ми има покажано 100мг/дл, а границата е 95мг/дл, мене ми мерат во вакви единици, не знам зошто). Првично на предтестот покажа, па сега на големиот. Бев вчера кај специјалист, ми објаснија се, морам да мерам по 6 пати на ден, пред оброк и саат време после оброк, со тоа што мене ми рекоа дека смеам да имам само 3 главни оброци, без ужинки, ако ептен осетам глад, да земам јатки или некој зеленчук, како ужина. Е сега, те читам дека треба пораѓај да биде на специјална клиника, јас уште немам направено пријава за пораѓај, термин за пораѓај ми е во април, така да, планирам за 2-3 недели да го завршам и тоа. Прашањето ми е, дали мора сите со ГД да се пријават на специјална клиника? И дали би значело по автоматизам дека ако имам ГД, а бебето е со нормални мерки, ќе треба царски или сепак постои можност за природно? Немам никакво искуство, прва бременост и ептен голем шок ми е ова со шеќерот.
Без стрес и паники.Не е ништо страшно ќе внимаваш на исхраната и ќе бидеш фит мама Моите беа исто вакви мерки кога го испив растворот.Само правев во прва бременост и беше за 1 единица повисоко на гладно. Инаку јас сум со инсулин и морам во болница со детско оделение , за не дај Боже.Со првото исто имав ГД и бев во помала болница без детско.По раѓањето бебето го следат неколку пати и му земаат крв од пета за да видат да нема пад на шеќер.Ако е во ред ништо страшно, е ако е низок тие преземаат мерки.Со првото се беше во ред со сите мерења и немавме потереба од педијатар. ГД не е идикација за царски, јас сум природно породена со првото.Верувам и сега ќе биде исто.Може само ако е поголемо бебето порано да ме породат со провокација, ќе ми кажат за две недели во болницата кога имам термин за разговор со доктор. Така да кога ќе се јавиш кажи си дека си ГД и тие сами ќе ти кажат што како.
Јас се водам првиот час и ја земам вредноста 8.Прашај си др најдобро како ве водат кај нас. Еве виде полно пати си мислам сега шеќерот ќе ми е во нормала па ќе излезе висока бројка и се чудам од каде ,се добро направив.Ама организам.
Се јавив на мат.ми рече вториот час е битен не првиот ,да мерам 2 пати неделно по 4 пати на ден,на гладно и 2ч после оброк да запишувам и да и праќам...хмм незз стварно ова различно вака шознам...а овие вредности од сабајле не ми биле страшни...ке правам како што ми кажа матичната... @Ava.84 премногу ти благодарам душо...,на секоја објава со душа чекав твој фидбек и секогаш го добивав,ти благодарам за подршката и советите
Еве гледаш кај нас одат по американско искуство .Еве и јас ќе прашам ако не заборавам(со овој мозок) дали може по два саата и која е вредноста и ако не зошто не? Нема проблем , ако знам нешто и од искуство да споделам кажувам , ама ако не сум сигурна не можам да претпоставувам, не сум др
Мене ми кажа ендокринологот да мерам 3пати на ден пред појадок, 2 часа по ручек и пред спиење А колку е нормално навечер? Мерите ли вие?
Па тоа ќе дојде истото мерење после вечера нели? 2 часа после оброк,ако вечераш во 19.00 во 21.00 треба да мериш...јас не мерам дополнително ама тебе ако ти кажале дека треба мери си.
Мислам дека не му доаѓа баш 2 часа по вечера пошто ја кај 23 мерам па си легнувам веројатно ја интересира докторката колку е разликата со утринскиот пошто тој ми беше 5.8 на крвна слика пред да почнам со диета И мене ми е многу стресно и скапав од нервирање ради шеќеров, а сега почнав да размислувам дали во Чаир е соодветно за пораѓај ради ова