Постои ли некоја долна граница кај ГД, која би покажала пример пренизок шеќер? Можно ли е од висок, да се премине во пренизок? Пример сега, саат време после вечера ми покажа 3.8, дури и на гладно ми е повисока вредноста. Не сум гладна, јадам на 4-5 часа, како што ми кажа лекарот и се придржувам до правилата.
Многу чудна вредност,мене мат.ми рече дека 1 час после оброк вредноста треба да биде над 6 ако си се најал убаво,ова стварно многу ниско...или апаратчето не ти е ок..премери пак
Кај мене беше така после оптеретување со гликоза, 4,4 на гладно, 4,3 по 1 час, 4,5 по два часа. Многу чудно и докторот ми се чудеше и не добив објаснување. Се сеќавам дека во првата бременост нормални ми беа вредностите.
Можно е од висок да падне во пренизок. Ако прескокнеш оброк, ако оброкот е мал, ако си преактивна физички, или да не земаш лекови или инсулин? Зошто ако земаш терапија, мора да јадеш точно одредена храна за да балансираш со терапијата инаку ќе го паднеш многу шеќерот ако примаш терапија, а не јадеш храна која го крева шеќерот.
Денес имав нормални три оброци, затоа што ми рекоа дека во меѓувреме не смеам да јадам, јадам само преку 4-5 часа. Последниот оброк ми беше јајца, пиперки, малку месо и салата шопска, без јх ми беше вечерата, денес само за доручек јадев јх...може до тоа е. Ич не знам да се снајдам со ова, како јадете вие, нормално или ептен оскудно, јас стварно не знам што да направам.
Не прескокнувам оброци, внимавам многу, денес доручкував во 9, ручав во 2 и вечерав во 7. Не примам терапија сеуште, денес пешачев околу саат време, ама тоа го правам скоро секој ден, се обидувам да бидам активна...може треба да внесам јх во секој оброк, барем по малку, не знам стварно...
Ми дадоа листа, каде што имам одбележано што треба да јадам, што да биде со усул, што не. Не е точнен распоред на јадење, ама комбинирам најмногу од дозволеното.
Немаше некој симптоми на паднат шеќер, како тресење ,препотување итн.?Мене ми рекоа ако шеќерот ми е под 3,9 морам да земам нешто благо како бонбон од гроздов шеќер, кока кола или сок.Еднаш ми се случи ми падна на 4 и веќе ги имав симптомите, апнав бонбон и ми се подобри за 10мин. Може треба да земеш нешто благо или овошје премногу е низок 3,8.
Никаков симптом немав, се чувствував најнормално, вчера после мерењето дури и земав околу 50 гр јатки јадев, сабајлево пред јадење ми покажа уште пониско, 3.7, ама можеби пред јадење е нормално. Инаку имав сега обилен доручек, со јаболко на крај, па ќе видам како ќе се одвива во текот на денот, ќе пробам денес да јадам пообилно во текот на денот, со тоа што планирам и во вечерата да вклучам јаболко, а во ручекот коцка-две темно чоколадо. Има ли простор за паника? Нареден преглед имам на 26ти, тоа е за недела дена, да го причекам прегледот или да се јавам/отидам порано?
На големиот тест проблем беше само вредноста на гладно, беше 100, што значи 5.6, после 1 час 148, односно 8.2, после 2 часа 96, односно 5.4, рекоа дека тие вредности после 1 и 2 часа биле ок. Колку всушност треба да бидат?
Ако си во опсегот на овие вредности, или само една од нив е покачена, се дијагностицира ГД. the fasting blood glucose (venous blood) at 92 mg / dl or higher is and / or the blood sugar one hour after drinking the sugar solution at 180 mg / dl or higher is and / or the blood glucose two hours after drinking the sugar solution at 153 mg / dl or higher is
Мое мислење е дека не внесуваш доволно јагленихидрати, затоа толку ти опаѓа шеќерот. Пробај по малку овошје, една коцка црно чоколадо и ќе видиш дали има промена.
Па скоро секаде прават во приватниве лаборатории, можеш и кај нив со упат од матичен, ама така се чека повеќе, приватно јас платив околу 400 ден.