Дали некој знае колку се нормалните вредности при мерење на шеќер на гладно сабајле и еден час по доручек ручек и вечера?
Наутро 4,5 до 6,0 а по еден час 7/8 зависи од јадење може и 9 зависи од јадењето и количината. Бар кај мене така ми кажа докторката...
Не сум бремена (се бориме за бебче), а резз ми се на гладно 6,2 по 120мин - 6,5. Инсулин 22, а горна граница е 17. Претпоставувам не се во ред?
До 5,6 е на гладно кај тебе е повисок. После 2 часа треба да е помалку од 5,6. И инсулинот ти е покачен малку , треба да си се консултираш со доктор.
@ocicka2014 пробај прво со корегирање на храната. Мене ми беше висок шекерот на гладно. И кога почнав со Ивф ми рекоа никако бел леб или шекери. За 2-3 недели ослабев 5 килограми и пак се фати. Пробај прво со корегирање на храна. Повеќе зеленчук, никако грицки, бел бел смени го со тонус на пример повеќе лесна храна, повеќе протеини и овошјето контролирано. А за инсулинот, мислам не е диретно поврзан со исханата, баш минатата недела бев повторно да тестирам и се беше нормално. Сепак консулирај се со специјалист. Кај нас во Струмица има диабетски центар, ама едвај функционира, и јас бев кај интернист.
Мене инсулинот ми беше 88,95 вториот сат а третиот 86,23 :/ а првиот 13. гликемијата ми беше првиот сат 4,8 вториот 4,9 а третиот 6,2 ми препишаа метформин и ми кажа докторов ендокринологот дека од метформинот ќе имаш повеќе јајце клетки и редовна менс и по првиот месец обид останав бремена сега еве уште пијам метформин до 12 недела... а неможев да останам и јас првиот пат подолго а после метформинот по само неколку обиди!!
Еве ги и моите вредности. Само за после два часа неможам да сфатам дали се добри зошто во референтните пишува дека се за невремени. Колку е граница за бремени?
5.1 гладно, по 1 час 10, по 2 часа 8.5. Сите три референтни вредности не се за трудници на резултатот овие што ти ги пишав овие се за трудници.
Ама го изедов. Неможев да одолеам, а и паника ме фати дека нема да јадам до сабајле Може уште подобри ќе ми беа резултатите
Добри ти се само внимавај малку сепак. Мене организмот ич не ми поднесуваше благо киселини одма после тоа глад осеќав и една вика и на сила треба да јадеш благо. Не смееш да не јадеш. И тоа ти е потсвест. Кога почнав да јадам баш буквално и на сила некогаш. Му викав на маж ми нашата бебушка ич нејке благо ама ја со сила и давам. И ете сега проблеми. Затоа си реков отсега ќе си го слушам само телото а не рекла казала.
Мешиња денес бев на контрола за гестацискиов дијабет од мерењата ми рекоа биле добри резултатите но сум била на граница за пред дијабет така да до пораѓај ќе терам со диета тоа е. Благо може во мали количини ама после еден саат да измерам шеќер ако е покачен да не конзумирам. Контрола пак за две недели и така. Се надевам по пораѓај дека ќе немам, читав се губел дијабетот. Малку тешко со диетава ама ќе издржам. И матичниот ми рече дека со бебето си е се во ред нема знаци за покачен шеќер ама да си внимавам
На гладно до 4.8 највисоко, а после јадење 7.8 кога ќе јадев повеќе онака до 6.8. Ја прашав докторката колку треба по јадење да е највисоко ми рече 7.8 Затоа и рече добри се вредностите ама мора да продолжам со диетата. Инаку не мерам лебни единици туку јадам трипати на ден строго по две кришки леб интегрален јадењето гледам да не ми е количински многу и трипати во ден јадам овошје. Не е она ептен строга диета
@karibian па супер се вредностите Шо се занесуваат на граница си. Јас два три дена, јадев бело брашно и имам грижа на совест Благо само една коцка чоколадо и едно лажиче сладолед. Роденден ми беше и два трипати и торта чепнав. И пола палачинка со мед
Да ама морам со диетата да продолжам т.е да внимавам што јадам. И јас вчера изедов две лажички сладолед па кога мерев пак не беше мн високо 7.0
Јас пред да испитам два дена внесував повеќе јаглерохидрати... ми рекоа од ендокринологија да јадиш два дена гевреци јогурт јајца благо сок такви работи.. и ми рекоа да прекинам да јадам во 6 одручекта и од 6 до сабајлето дури ми земаа крв на 3 сати како шо е само вода пијав
Mene ne mi napomenaa nisto.Pred 2,3god koga ispituvav vo hemolab,mi kazaa da jadam blago.I 12 sati gladna.Ne znam kako ke izdrzam.Jas ne spijam do sabajle.I jadam celo vreme ovosje ili nesto.Cela nedela kako odlozuvam.Ama do petok moram da go zavrsam toa.Posle nema da mozam voopsto