Девојки јас денеска бев на контрола кај дијабетолог, па да споделам. Ова беше последна контрола, кога ми кажаа се израдував многу. Ми беше и чудно бидејќи предходно кога прашав ми рекоа дека до крај ке имам контроли, додека не се породам. Но ми рекоа дека вредностите се добри, јас сум веке 36 недела и нема потреба повеќе да одам. Ми го намалија мерењето, еден ден ке мерам наутро, друг после доручек, трет после ручек, четврт после вечера. Дефинитивно ќе го контролирам почесто, некако сакам да сум сигурна дека е под контрола. Ослабната сум 4кг последните 4 недели. Исто така бев и на гинеколог завчера и сега наводно бебето е во границите не е поголемо, а вредностите биле добри (скоро исти како и предходно што беа). Ова е делот и докторот каде ништо не ми е јасно ама во ред.... повеќе не е ни битно. Ми напоменаа дека морам да отидам на контрола 6 недели од пораѓајот, дури ми потенцираа да не заборавам, да направам уште еден тест со 75гр. гликоза. Ми кажаа дека најдобро и за мене и за бебето е да го дојам. Сега вака кога размислувам навистина е шок, дел од 7ми месец и 8ми ми поминаа во стрес. Можеби немало потреба, ама сепак мислам дека ситуацијата треба да се свати сериозно. Благо немам каснато, бел леб еднаш или двапати. Навистина се придржувам и тоа мислам дека даде голем резултат. И сакав ова да го споделам, мислам дека и пишав погоре: некаде околу 31 недела, наутро вредностите ми беа на граница, последната недела, сега се симнаа како на почеток кога мерев 4.6-4.8. Ништо немам сменето во исхраната, се исто како на почеток. Заборавив да прашам зошто би можело да биде така.
Жени да ве прашам дали ви наплаќаа за скриен шееќер и која беше цената и каде испитувавте? Кај матичната ми кажаа ги укинале упатите за скриен шеќер освен да се земе од кај општ матичен лекар.
Вчера бев на др и прашав дали можам да мерам по 2 часа, рекоа дека нив им требаат вредностите од првиот час, зошто точно не разбрав , бидејќи дојде докторката и не прекина и после заборавив да потпрашам Така да јас морма да мерам после еден час.
Неделава таков апетит имам што едвај се контролирам и за благо и за количина, Имате ли некои грицкалици што се безбедни? Им се фрлив на апетисаните сега 22+ криза
Денес баш се јавив прашував во SynLab, ми кажаа со упат од општ матичен лекар е бесплатно, а без упат 400ден.
Дали може некоја да ми објасни убаво. Пред испитување на огтт, утрото треба да сум гладна, вечерта пред испитувањето не треба да јадам после 20ч, а исхраната претходно да ми е нормална за да имам веродостојни резултати? Или има некои други препораки?
Јас денеска направив едно благце и баш добро испадна. Па, да го споделам Кора: Кокос 200гр. Ситнети лешници 50гр. Павлака за готвење од кокос (незнам дали и каде има во Македонија,може некоја ниско калорична павлака за готвење, како замена) јас користев павлака за готвење од кокос на Alpro. Замена за шеќер,јас користев стевиа. Се мешаат кокосот и лешниците Се додава од павлаката за готвење, смесата треба да биде доволно цврста да се обликува Се става во тавче и се натапкува рамномерно. Фил: Павлака за готвење од кокос Чоколадо 85% какао, јас ставив 60гр-2 реда Се загрева павлаката за готвење и се топи чоколадата Се прелива кората Стои 2ч во фрижидер. После 2 парчиња од десертот и поминат 1час го измерив шеќерот беше 5.5. Овој десерт прв пат го правам и ми се допадна.
6 Многу вкусно делува јас нема ни да ставам стевиа еднаш пробав во кафе исто како да немав ставено Фала ти за споделениот рецепт ќе се проба
Денес бев на контрола кај дијабетолог и ми рече дека одлично го држам под контрола шеќерот, да продолжам така и понатаму, па ќе видиме во понеделник бебуш дали си расте како што треба, па да одлучиме што понатаму со мене...секако ќе ме следат до крај на бременост, ама можеби ќе ми ги намалат мерењата во текот на денот. За тоа што ми паѓа ниско шеќерот, рече воопшто да не се грижам, ниско било испод 60 (3,3) некаде, ама дури и да паднел, не било страшно, ми рече задолжително да внесувам јх во секој оброк, така нема да паѓа многу. Ми олесни малку, сега само и бебуш да ми биде како што треба и да здивнам малку од грижи
Добро женски вас цело време ви се под контрола мерењата? 7ца немате никогаш после 2 часа од јадење? Ем сум исплашена ем се нервирам гладна ова не смее она не смее аман веќе, уште 4 месеци ќе пукнам А на крвна слика 4.7 мерки добри на бебуш ам пак се плашам да не му наштетам
Јас после јадење немам до сега ниедна повисока вредност, наутро имав гранични вредности само. Зошто си гладна? Може не јадеш доволно? Јас за ручек претежно јадам месо и салата, така повеќе... Месото не прави проблем, пробај. А држи ситост повеќе време. Наутро претежно јајца, урда, сирење. Мене јајце и урда ме држи сита до ручек. И мене ми е многу страв да не му штети на бебето и внимавам. Иако имам уште малце, сепак не се опуштам. Ми рекоа да мерам само еднаш дневно но неможам, морам да проконтролирам почесто. Почнав да правам кето десерти. Никогаш немам правено диети и незнам многу за истите, но претражувајки по нет наидов на кето десерти и навистина се вкусни а воопшто не влијаат на шеќерот. Денеска исто правев, изедов две парчиња. Мерев после 1ч, шеќерот беше 5.4. Не ми се допаѓа што ставам замена за шеќер,знам дека е вештачко но ставам по малце. Не се издржува инаку, луѓе сме. И мене ми се јадеше благо, веќе 3 месеца сум на режим со исхрана... Само едно приметив, оваа исхрана ми помогна за регулација на шеќерот но и за општата состојба. Не сум поправена, се чувствувам лесно иако сум на крајот на 9 месец, не сум отечена, столицата ми е регулирана и немам киселини. За киселините и столицата сум сигурна дека е од исхраната, пред тоа имав страшни киселини, дури и повраќав.
@C-iena јас воопшто не сум по месото и тоа ми е најголем проблем мислам Не ми е воопшто проблем благото ,ако имам стрв земам коцка темно чоколадо Онашто ми фали се тие лошите скробните
Воопшто ли не јадеш компир, ориз, грав? Јас приметив дека компирот не ми го покачува шеќерот. Јадев до сега неколку пати, колку по една рака пржени компирчиња и во ред беше се. Најдобро е да си пробаш и ке видиш што ти одговара. Се смееш да јадеш но умерено, без претерување. Доколку даде висока вредност го одбегнуваш. Боранија исто така може да јадеш колку сакаш. Јас правев неколку пати, но не се чувствувам најадено од неа. Ке се издржи, тие месеци ке пролетаат пред тебе, после пораѓајот ке бидеш фит-мама.
Јас кај мене приметив, не знам дали држи вода ова, ама колку повеќе внесувам салата, протеини во исхраната, толку повеќе има добри вредности, за разлика од тоа ако изедам само едно нешто, пр некое р'жано лепче со јогурт, шеќерот одма оди нагоре, а доколку скроз истото лепче го јадам со краставичка, јајце, јогуртче, шеќерот е одличен, а јас сум плус најадена. Мораш да пробуваш, да видиш што како ти влијае. Јас можам компири да јадам, дури два пати правев манџа, два пати мусака, нормално со салата и немам проблем, интегрален ориз исто, со спанаќ, немам проблем, макарони од цело зрно со сирење, протеински пудинг, ред чоколадо со над 75-80% какао, всушност скоро нормално се хранам со замена на продуктите само + мн протеини и салата задолжително во секој оброк. Само еднаш имав досега покачени вредности и тоа од овесни снегулки, со бадемово млеко, пола лажичка мед и 5 малини и веќе знам, тоа веќе не го јадам, ама морав да пробам....сакам да кажам, не гладувај, најди што му одговара на организмот и јади преку 4-5 часа, по помали оброци.
Многу ви благодарам на советите и поддршката, тешко ми оди смислувањево комбинации да ме држат сита да не ми кренат шеќер а да не се месо За пребирлив човек ко мене ова е мака невидена, ама ќе се издржи уште некој месец
@Solen☀ повели да знаеш количински колку наморнициве се во 1единица (а за доручек пример можеш 3ед јаглехидрати за ручек 4 и велера 3 -измеѓу нив по 1единица ужина) Пс. И да сиренце зденки јајце кашкавал месо салати тие не се бројат во шеќери (за разлика јогурт млеко и кисело)