Секогаш ми бил ок,истиот ден на рутинската крвна слика ми беше 5.8,е сега јас си згрешив си јадев после 20ч. бадеми бидејќи блуев од киселини па во 12 часот ноќта краставица и сабајле во 8 на мерење отидов,за стап сум знам ама тоа е,наредниов пат планирам после 18ч. да не јадам,ќе пробам да издржам.
@Solen☀ по мое би требало да е океј, сепак после 12ч глад внесуваш 75гр шеќер. Со висок гликемиски индекс е и одма го стимулира панкреасот да лачи инсулин за да го истроши. @Stressed Out јас последно до 22ч јадев, последно тост вечерав со јогурт, а сабајле во 9:30 појдов. Ама штом претходно секој месец бил во ред, веројатно од бадемчињата и краставицата ти е.
Каков стрес ни прават со шеќерот, во право е @C-iena дека доволно е да внимаваме на исхраната а ова мерењава се помалку им верувам, буквално ми се дешава после 2 секунди да премерам и да ми даде за 2 единици разлика што не е малку
Женски ви реков јас и од кога ке се породам ке мерам. Психа... Му теков на маж ми да ми го донесе апаратчето и вчера мерев. После јадење 1ч 6.2, пред спиење 5.3, сабајле на гладно 5 ми беше. Значи се регулирал, па сега ке видиме на тестот после 6 недели како ке биде. На бебето веќе не му мерат, првите 3 дена сабајле и вечер. Е сега не сум трудна и не погледнав баш кои се референтни вредности, мислам јас ги знам амаа... СЗО само менува нешто, па моментално не сум запознаена. Ако знае некој нека пише. Само сакав да ви кажам, пораѓајот почна природно а заврши со царски, бебето беше заглавено со главчето. Па кога почнав филмови да си правам, нели читаме по нет како се големи бебињата од ГД и се заглавуваат и најчесто треба царски рез, па кога почнав да паничам.....Да си правам секакви филмови... Будала
Ооо веќе ми се крева косата од мало-големо. Гледав по вратите од болницата има залепено имиња на бебињата и килажа. Да видите само бебињата се претежно 3000г 2600г. Не се секирај, се ке биде во ред.Подобро да те индуцираат, барем ке ти престанат стресовите.
Дали некако активноста на бебето може да е поврзана со редуцираната исхрана? Јас си го осеќам секој ден, си клоца, си се врти, ама некако не така нагли движења како пред тоа, пред да ја променам исхраната. Инаку сум во 33та недела, баш мислев дека како расте повеќе, ќе осеќам посилни, дури можеби и болни удари, ама ова некако баш е обратно...
Девојки кој дава упат за испитување на скриен шеќер ? Општ матичен или генеколог? За некоја недела треба да испитам, сакам во Синлаб па да знам од кај да барам упат
Од тоа што читав кога јас бев трудна, можно е на 1ч да се качува ептен високо и после да нагло да падне ниско. И додека ти мерат не треба многу да се движиш и вода две/три голтки колку да изгасиш жед.
Девојки здраво. Еве ги моите резултати од скриен шеќеер: на гладно 4.80, еден час по оптоварувањето 6.85, и два часа после 6.47. Матичниот ми кажа диета. Ве читам и гледам и со поголеми вредности од моите ги сметат за океј, стварно не ми е јасно.
mace јави се прво во лабораторијата кај што сакаш да испитуваш конкретно ете во Синлаб за да видиш како оди дали треба да закажеш и да прашаш кога има термин, за да не ти биде џабе одењето до кај општиот матичен лекар. Скрен шеќер најдобро нели по 24та недела да се испита, ама ете мене совет ми беше даден од гинекологот во 26та да испитам. Авицена ми е најблиску, се јавив таму пошто со закажување работеле, ми рекоа со упат прв слободен термин дури на 1ви март, а без упат имаше слободни термини. На 1ви март јас веќе 28ма недела ќе бидам, така да приватно ќе си платам. Приватно е 450, а со упат било 36 денари.
Фала ти на советот ќе се јавам да закажам. Јас планирам во 24 недела да правам пошто пијам глукофаж апчиња па докторот сака да ми ги прекине но пред тоа мора да имам направено испитување за скриен шеќер. Иначе и во 28 недела не ти е касно ако немаш никакви индикации тоа ти е чисто рутински преглед
Па претпоставувам дека не е касно, ама ај да ја послушам си реков сепак ме посоветува докторкава и отидов направив денес, па едни киселини кога ме мавнаа од тоа шеќерот, од мори мајко во грло ми стоеше нешто како да ме гори цели 2 саати... Помина ајде не е толку страшно
Vo synlab ne se zakazuva za skrien seker ni so uoat ni privatno, racunajte si samo na guzvata duri dojdete na red i plus 2casa, pravev pred 2 nedeli
Гужва колку сакаш, цели редици Немаат ич добар систем за прием за пациенти али мене ми е блиску затоа идам таму, иначе Авицена реално за организираност е над сите лабаратории