Моите резултати од с.шеќер и ги пратив на матичната ми рече дека се во ред Пред 4.08 По 60 мин 5.66 По 120 мин 3.95
Здраво девојки. 30+6 г.н. сум, денес повторив Огтт по иницијатива на гинекологот поради зголемена плодова вода. На првиот Огтт во 25+ г.н резултатот беше следен: на гладно - 4.3, два часа после оптеретувањето со гликоза 7.3. Од гинекологот добив насока да внимавам на газирано, бело брашно итн, со ендокринолог тогаш не се консултирав. Се придржував на некој свој режим на исхрана, ама читајќи ве низ страниците наназад, гледам дека сум правела грешки. Секој ден пиев овошни шејкови, ставав овошје во овесни каши итн. Пиев на гладно мед со семе од коприви за крвта, а гледам дека и медот не се препорачува, т.е. и докторката ми рече мед никако. На денешниот Огтт, резултат на гладно - 5.05, два часа по оптеретување 7.90. Овој пат се консултирав со ендокринолог, ми даде диета и во следниве 7 дена треба да мерам шеќер 6 пати дневно и да водам дневник. Со добиените резултати рече ќе реши дали сум за терапија или не. Освен зголемената плодова вода, бебето ми е со нормални параметри и убаво се развива. На вчерашниот преглед го измерија 1415 гр. односно одговара на 30+4, отстапува само еден ден. Би сакала да видам мислење од поискусните за мојава ситуација. Денес сум под голем стрес што е очекувано и знам дека ќе ме разберете. Полека ми легнува информацијава и од утре почнувам со сите препораки на докторката. Имате ли некој дополнителен совет за мене? Ви благодарам.
А чекај, колку се дозволени вредности за трудница после 2 саати? Како што се информирав јас, до кај 8.5 е границата. Мислам дека навистина немаш потреба за грижа, ти не ни имаш гестациски дијабетес според моето "стручно" мислење. Како и да е, јас имав мислам 9.3 после 2 часа, после 1 ми беше над 11 и докторот (матичен) ми рече не се замарај. Јас само се изначитав све и свашта и решив да гладувам до крај на бременост. И си мерев шеќер по моја иницијатива. Бебето ми беше помало дури, немав никаква индикација. Препорака, избегнувај бело брашно, леб јади тонус, внесувај месо и салати, протеини. Не јади многу компир, ориз... Благо, сокови никако. И на овошје пази, банани немој да јадеш, информирај се кое овошје е со помалку шеќер. И многу контролиран внес. Малку ми е чудно што мислат за терапија на овие вредности, ама ете можеби ендокринологот ти ја знае поубаво историјата, дај Боже да си решиш сѐ со исхрана. И движење. И вода мнооогу пиење @Bella_Stella тебе ти реплицирам, не сум стиснала реплицирај
Мене докторката ми рече до 6.8 дека требало да ми биде. И јас се напнав денеска искрено, се изначитав се и сешто, триста сценарија ми поминаа низ глава и еве полека се смирувам.. Ќе ги следам упатствата на докторката, диета, мерења, се што треба.. И верувам пошто ме води уште пред да забременам и многу работи ми доведе во ред. Имам дијагноза ПЦОС плус Хипо/Хашимото тироидизам. Фала ти за советите за исхраната... обавезно ќе се придржувам и се надевам дека ќе си истерам безбедно до крај.
На гладно ти е до граница а после2часа ти е малку над граница треба до 7.8 ... Според мене чим ти кажале дека мерките на бебето си одговараат со диета до крај ќе немаш проблем, смири се, се ќе си биде во ред. Мене на гладно од старт на бременост ми беше 5.8 па со диета после месец дена ми се намали на 4.2
А да одиш на 3 скрининг во систина или ремедика за мислење за плодова вода? Колку ти е мерењето по 1 час? . Не се високи вредностите, ама мора диета и пешачење.
@Bella_Stella мене и со помали вредности ме пратија на ендокринолог. Ме мрзи да барам кои беа вредностите, ме пратоија од претпазливост.
Ќе станам досадна на темава Јас имав ептен ептен високи вредности, бебе уште во 24та недела почна да отстапува за 2недели+. Проблем со плодова вода немав, ако имаш можност побарај мислење од друг гиниколог на приватно. Не ми се чинат твоите вредности дека се покачени. Ама бидно е и после 1ч колку е вредноста. Да не рипа нагло пример до 14ка и после да се спушта на пола до 7. Моја препорака е од утре да мериш и 1ч после јадење и 2ч. Ако немаш проблем, тогаш можеш да одиш на второ мислење чисто да бидеш мирна.
Ќе се придржувам на се што ми кажаа и ќе биде добро се надевам. Почнав од денес со мерење и диета, ќе бидам дисциплинирана и ќе бидеме добри. Фала на поддршката. @MilaSs12 @Butterfly1107 Не знам зошто така изреагира мојот ендокринолог, дали дека имам историја со Пцос, а и до 3ти месец примав Глукофаж што го пиев од претходно за подобри овулации. На второ мислење за плодовата вода планирам да одам следната недела, за да се смирам и да не го мислам пошто на редовен преглед сум дури после 4 недели. Вредноста на гладно кај мене никогаш не била покачена, највисока беше вчера - 5.05. Проблемот е со вредноста после 2 часа, а после 1 немам мерено кога сум правела Огтт, тука кај нас немаат таква пракса, директно после 2 часа мерат. Утрово на гладно 4.5 беше вредноста..сега чекам да помине еден час и да мерам пак. Сакав исто да ве прашам, како да ги распоредам суплементите што ги пијам? Пијам витамини Прегназон, после доручек ги пиев до сега. А поручек пијам Лактиферон за крвта. Него го пиев заедно со еден портокал, а сега си мислам да го пијам со ц витамин во форма на апче, дали е во ред? Фала ви за мислењата. Да знаете дека малку ќе ве замарам деновиве, пошто темава ми е шпанско село.
И јас пиев хеферол за железото, цинк, ц витамин, фембион 2 и магнезиум. Магнезиум пиев од алкалоид тој кма фруктоза(овошен шеќер) ама не ми правеше никаков проблем со вредностите. Пробај види, мери. Јас пример видов дека бело брашно ми правеше голем проблем. Од овошје јадев само јагоди, цреши, јаболко и грејфрут. Тие ми беа дадени како Ок од нутриционист и не ми правеа проблем. Обично за ужина ги јадев и обавезно со путер од јатки во комбинација и со наросен цимет. Кај мене највеќе ефект имаше ако јадам на 2ч по малку количински. Пример ако доручкував во 10ч да речеме и измеѓу не кадев ужина, пред ручек ми беше околу 4 и после тоа нагло рипаше над 9, без разлика што јадев, дури и да не јадев јаглехидрати. Така што измеѓу обавезно јатки или овошје со путер од јатки, салата марула со зеленчуци. Некогаш и мала порција јогурт со чиа/овес. Имаш и протеински пудинзи и тие мене не ми правеа проблем. Кон крајот на бременоста си купив и колачиња без шеќер од зегин и со нив се заблажував после ручекот по едно и немав проблем
А да, заборавив и магнезиум дека пијам, цитрат од Синерџи.. треба да проверам состав. Само што мерев 1 час после појадок - 6.1 е вредноста, дали е добро?
*Пред појадок - 4.5 *1 час после појадок - 6.1 *Пред ручек - 4.6 *1 час после ручек - 5.6 *Пред вечера - 4.4 *1 час после вечера - 6.2 Еве како беше денес девојки, како ви се чини?
jas isto mislam deka ti se super rezultatite, mislam deka po nieden parametar nemas skrien seker. moj sovet ti e da si se opustis i se da si jades, eve mozes malku da si go ogranicis blagoto samo. jas na primer imam skrien seker vo site tri parametri i momentalno sum na dieta da se regulira so ishrana. zosto ti spomnale terapija stvarno mi e cudno
И јас не знам зошто. Во ред е и да мерам и да сум на диета, ама начинот на кој што ми беше кажано ме извади од памет. Денеска сум смирена, се соземав. Ама вчера бев катастрофа, многу тешко ми падна... Благо и онака не консумирав многу во последно време, најчесто јадев темно чоколадо и тоа по 1 ред на ден. Изгледа претерав со овошјето, многу ми беше застапено во менито..исто и мед јадев со семе од коприви секое утро. Докторката ми рече мед никако. Ќе следам оваа недела диета и ќе мерам, па баш ќе видам какви инструкции ќе добијам после 7 дена. Фала ви на мислењата.