ne mislev taka deka e nepotrebno, tuku premnogu golem stres pretstavuva samata dijagnoza. sakav da kazam deka so pravilna ishrana ne e voopsto strasno, sekako deka ne daj boze koga navistina ima potreba se dava i insulin i druga terapija, ama konkretno za vakviot rezultat dovolno e malku kontrola na ishrana i se ke bide ok. namerata mi bese da ja smiram idnata mamicka zasto pamtam jas kako kolkav stres go doziveav toa
Секој ден по два пати и мереа шеќер на ќерка ми во болница исто и мене,по пораѓај ми ставија инсулин ми беше висок на гладно 11... Во бременоста го контролирав со диета од нутриционист,еве сега ми е низок исто како пред бременост Во бременост качив едвај 5 кг,бебето се помало со недели на секој преглед(2640 се роди во 39та недела) но имав многу плодова вода
Ко ќе пишувате вака трагично и колку е страшен шеќерот а гинекологот што ме води на приватно и матичниот не се загрижени многу ме прави да сумњам дека нешто не е во ред и треба да барам други мислења.. 35та недела сум и во главата ми е попара.. Читав дека ве праќале на цтг нонстоп јас општо имам контракции од 20та никој не ме има на цтг пратено сега скоро последно бев 30та недела.. Стварно веќе се загрижувам дека нешто не правам како што треба, дека оставам така па дека нешто ќе се случи.. Ич ич не сум раат а не контролирам и не мерам шеќер само внимавам на благо сокови леб никако и бели печива пошто ми рекоја дека е тоа доволно.. Овде читам за посебни протоколи проверки по раѓање, компликации по бебето и коски ми се тресат. Дајте објаснете ми што треба да прашам, за некој ден сум да се договорам за пораѓај, зошто е подобро царски ако бебе не е големо. Триста ума глава не знам кај ми е само црни сценарија сум полна..
@Be-yO-nCe Јас сум 37+1 и немам шеќер проверено досега а со цтг почнав од 36+1 ај слушај си лекар и не читај се и сешто
Мене единствено што не ме чекаа до термин, туку ме породија во 39+1, поради шеќерот. Друг протокол некој немаше. Само ми мереа шеќер додека бев во болница. Толку. Не се вознемирувај за џабе пред крај
Какви ти се мерењата? На обична крвна слика каков е шеќерот? Сосема е во ред да немаш посебен ред, ако е во граница на нормала. Јас имав и малку повисок шеќер, и кај ендокринолог бев и два пати ми правеа скриен шеќер и немав строг режим. Само да внимавам требаше. Плус бев со вишок кг кога останав бремена. Имав и високи димери ама дозволени за соодветно тромесечие и само ги проверував редовно и трансфузиолог кажа во ред е. Значи сите велат да се следи. Кај мене беше крупен плодот па од претпазливост беше се. И црг од 35та некаде почнав. Се си испадна како што треба, ама мене ми даваше мир тоа што матичниот е претпазлив и што проверувам секој месец се детално. Матичниот не е паничар, ми кажа се нормално да правам што ми годи, и прошетки и секс и чистење, да не легнам без потреба. Овде читам даваат поддршка со прогестеронска терапија за секој случај а нема нешто сомнително.
Една позитивна работа од диетата. Крвната слика и мокрачата никогаш подобри. За тоа барем се исплати, добив воља да не јадам глупости. Маж ми вели ааа ќе ја тераш цел живот.. Кога сум го спашкала Искрено одвај чекам да си апнам благо овошје и бело пециво
Секако кога се пази на исхраната и не се јадат глупости. Ама за разлика од тебе јас сум никаква. Завчера ме фаќаше криза за благо, а вчера ескалираше работата и јадев црн леб и крем бе. Ама колку беше тоа посилно од мене оф ми се слоши, па ко бајаги црн леб се тешам. Незнам дали вака смее барем на 10 дена да се јаде нешто благо убаво. Ја чекам @Speechless со информации во врска со јадењето.
И јас прекршив и каснав овесни као без додаден шеќер од цело зрно со прелив какао и вчера и денес.. Колку е така и колку смеам не знам. Зедов и Дорина млечно со стевиа не е лошо можиш да си земиш. Исто така пудинзи без шеќер има протеински по поголемите маркети и ги отепав од мислење дека каснав благо по едно 2 дена по ред ми е шубе да го отворам ама го премислив изгледа ќе се почастам барем некое лажиче денес после ручек како ужина Е сега не е убаво благо како што сакаме ама малку од малку ќе те залажи да не оди само таму паметот.
Да ве прашам, скоро некоја да правела тест во Авицена на приватно, какви услови има таму за чекање, дали има многу пациенти во чекалната во тие 3 часа? Закажав за 7.30 сабајлечки со надеж дека нема многу луѓе што чекаат за скриен шеќер
Јас кога правев лани лето, бевме само јас и уште една трудница за скриен шеќер и седевме настрана на едни фотељи. Немавме многу контакт со други пациенти. Сигурно и сега е иста ситуација.
Јас правев пред две недели, има од страна за седење двосед и фотељи. Кога бев јас вратите им беа отворени нонстоп. Е сега маска тие 2-3часа константно носев(освен кога ќе го пиев растворот и вода на кратко ја вадев). На моменти има многу гужва, на моменти се рачистува. Совет: Земи си вода од дома и нешто за одозгора, директ над тие фотељите и двоседот е климата, ако ја имаат пуштено не е баш пријатно за седење. Јас испитав 27ма недела, тогаш ми кажа матичната, а за дали е потребно да испитуваш најдобро да си прашаш доктор, некои доктори обавезно го даваат, а некои зависи од индикации дали има ( поголем плод, дебелина, дијабетес во фамилијата..) Јас би те советувала да го направиш, барем да знаеш дали имаш или не.
Јас не сум трудна. Правев брисеви и ми најдоа кандида. Па ми кажаа можно е скриен шеќер. Па се мислам дали да проверам.
Кој се разбира во вредностите за скриен шеќер, да ми кажете дали е во ред: Прво мерење 4.7 Второ мерење 9.1 Трето мерење 8.5 Благодарам
Мислам дека ти е на граница. Малку пазење на исхрана и супер ќе бидеш. Зависи каков ти е докторот и колку ќе те испаничи, може да те пратат на ендокринолог. Ама сепак, освен контрола на исхрана секако на почеток не верувам дека би ти препорачал и тој. Јас имав доста повисоки резултати од тебе (11 после 1 час, 9.3 после два), матичниот гинеколог бидејќи немав друг показател не ме испаничи. Само пазев на исхрана своеволно, се породив 40+ природно, бебе 3 кила.