Чекам да ми пише ендокринологот и докторот, им пратив резултат, а јас веќе сум на диета од ова киселимиве како мачка јадам воздух што би се рекло. Се надевам дека нема да ме тормозат со диети, ама да, ќе припазам на благото. Ти благодарам мила
Благо, сокови, бело брашно највеќе рестрикција. Има и други работи што качуваат шеќер, а не се благи, ама овие што ти ги набројав ептен се..
Мене како што ми кажа ендокринолог во бременост, после 1 саат треба 7.1 да биде. Е сега ова беше за после јадење, бидејќи мерев после секое јадење, би требало иста вредност да треба да е и после шербетот.
Здраво мамички. Моментално сум 27 недела бременост. Гинекологот ми даде да испитам скриен шеќер. Ми земаа преку вена излезе шеќерот на гладно 5.1. За кратко преку прст беше 5.9. Два часа после гликоза пак крв преку прст 11.1. Не знам дали направив грешка зошто вечерта изедов сендвич и банана во 21:30 часот. А сабајле кај 07 30 отидов за крв. Искрено сум преплашена зошто сите изминати испитувања на крв шеќерот ми бил 4.4, последните два пати 3.6. Инаку сум поправена само 4 кг досега. Бебето во 26 недела имаше 850гр. Денес ќе одам на второ мислење дали да се повтори тестот. Да не има некој вакво искуство како моето? Благодарам
Консултирај се со лекар. Мене ми е чудно што воопшто ти испитувале на толку висок шеќер на прво мерење. Јас кога бев ми рекоа дека за да може да се испита на првото мерење пред да се испие гликозата треба да е под 4.9 шеќерот, ако е повисок дека не може тогаш, да се испита туку друг ден. Е сега секоја лабораторија различно работи затоа најдобро лекар ќе ти каже. Исто мислам 11.1 на последно мерење е висока вредност. Ова е мое лаичко мислење те молам не го земај здраво за готово. Матичниот што вика за резултатите?
Чудно ми беше што резултатот се разчикуваше преку вена 5.1 а преку прст 5.9. И мислам згрешив што јадев многу доцна 21 30. И немаше 12 часа поминато. Инаку шеќерот ми бил изминатите два месеца 3.6. Ќе одам да за консултација и на приватно и ќе го повторам тестот морам
И ендокринологот и гинекологот ми рекоа не е високо, ништо страшно, само без леб, а јас тонус јадам, секако ќе припазам пееиодов на благо и леб, сокови не пијам
Кога се правеше тестот за скриен шеќер? И искрено, задолжително е за сите или може да се прескокне? Памтам во минатата бременост дека многу непријатно искуство беше, во принцип ни тогаш ни сега не поднесувам многу шеќер, тогаш на раб да се онесвестам бев писле пиењето на гликозата. Инаку имам уредни крвни параметри и низок притисок цела бременост, сакав да се поштедам од ова
Околу 26 недела јас го правев. Треба секој да го направи според мене, јас немав никакви показатели, ни на кс ни на бебето (ситно беше, немав вишок плодова вода), а имав гестациски дијабетес.
go proveri li posle poragjaj? jas se porodiv pred dva i pol meseci, uste ne mi se odi nekako, strav mi e so koronava, ne mi se ostava bebe doma 3.5 saati
Проверив крвна слика може година после пораѓај, обичниот шеќер ми беше ок, ама тој секогаш ми бил. Скриен не проверив, искрено немам време
Јас скоро проверував тримесечен, во странство е под назив HbA1c test. Интересна работа се препорачува вадење крв на гладно
Тест хемоглобини A1c, ја мери количината шеќер(глукоза)во крвта. мене ми го бараа зошто кога проверував инсулин и шеќер после глукоза ми покажа високо и сумљаа дека имам дијабет тип 2 и ме пратија на тестов да проверам три месеци уназад со тоа дали е наследен или е моментална ситуација.