Дали треба да земам упат од гинеколог или од општ за да испитам скриен шеќер? Матичната ништо не ми спомна на последен преглед а на нареден ќе бидам веќе 26+, па не знам да чекам или да одам сестрата да ми даде упат
Мене за скриен шеќер ми даде матичниот гинеколог. Бидејќи испадна дека имам скриен шеќер, матичниот гинеколог ме препрати во Велес на интерно со приоритетен. Од таму докторката ми даде приоритетен за ендокринологија во Скопје
Нема правило. Сум читала и за други работи некои даваат некои не, лудило. Јас од општ матичен земав и двата пати кога проверував.
Од општ матичен. Матичните гинеколози не им дава системот да ти дадат таков упат што е нелогично бидејќи реално тие не праќаат на ваква проверка. Порано можеа. Барем вака беше пред 1м кога правев јас проверка.
Здраво Еве ме мене пак од темата димери, сега и тука сум. Третово мерење исто ко тебе ми испадна 8,6 и матичната ми рече диета, ама мн тешко издржувам се осеќам без сила ☹️ Кажи ми ти како ка држеше диетата и дали сеа се е ок☺️Многу се плашам некако како под стрес се осеќам
Само намалив на благо, темно лепче јадам, правев тромесечен шеќер и искочи 5.1, матичната ми рече ако е под 6.5 немам гајле, така да не сум на диета туку на припазување колку ќе изедам благо и леб.
Јас да бидам искрена сакам да го повторам тестот сеа во сабота, а баш и размислував за тримесечен да правам, каде го правеше ти? Мојава матична е некако многу строга ми рече по пола кришка тонус на доручек и вечера ништо благо,ништо од бело брашно и помалку јаглехидрати и овошје да намалам
Ја се консултирав со матичен општ,матичен гинеколог, ин витро докторот и ендокринолог, значи 4ца и сите беа со исто мислење, таман си, на граница е, не се секирај,ништо страшно уживај, само општиот ми рече намали благо и леб, а тромесечен во биотек правев
Многу ти фала за се и во претходната тема за димери и закажување ти ме оправи еве и сега ❤️Стварно си срце премногу сум ти благодарна
Тие вредности ти се при оптеретување со гликоза. Ако имаш можност позајми апаратче за мерење шеќер и 3 дена мери на гладно и по секој оброк да видиш какви вредности вадиш. Ако по 1ч од оброк имаш вредноати до 7.8 а по 2ч до 6.8 добро е. Ако не пази на исхраната. Јас имав далеку повиаоки па по 1м пазење сега имам одличби резултати.
Фала ти многу за советот, ќе најдам апаратче и баш ќе видам како ќе ми се движи. Дај Боже да биде добро❤️
Ќе биде, има решение. Јас ептен бев исплашена со моите бројки, 11 и 12, па сега ми е супер, по месец дена си јадам многу работи, и пица, и лиснато и чоколадо и имам супер вредности.
Здраво на сите, сакам да прашам дали на ГАК прават испитување за скриен шеќер или на приватно треба, и ако знаете да ми кажете колку се цените во авицена? Ви благодарам многу
Може и со упат од матичен лекар ама едно 2-3 недели однапред треба да се закаже за со упат. Така е 150 ден
@Knizhevnik11 знам ти ги баратиш овие работи. Да те прашам - Костените го качуваат многу шеќерот?! Т.е дал појќе они го качуваат или пример порција мусли на Виталија со пресно млеко? Глупо е малку прашањево, знам Ама пукната сум и за двеве работи