Ооо костени не сум пробала не излегувам многу и не сум ги видела за да ми текне на нив, ама мусли и пресно млеко до небо ми качува. Аа не е ич глупо, се нешто ни се прејадува. ☺️ јас си апнувам чат пат и лиснатко и пица, ама дома правени со повеќе мевце за баланс и не ми качува, и една палачинка неделно. Така.☺️
Девојки здраво, денес испитував скриен шеќер во бременост. Првото мерење на гладно 4.1 1х после гликоза 6.1 2х после гликоза 2.9 Дали и кај некоја од вас има ваков пад на шеќерот? И која препорака сте ја добиле од матичните? Благодарам
Јас имав слични мерења, на гладно 4.35, после еден час 7.2 и после 2 часа 2.95. Мене ми рекоа дека е ок, консултирав двајца гинеколози и си продолжив со нормална исхрана.
Фала ти многу, кај мене баш обратно ми велат да правам дополнителни испитувања да барам ендокринолог дека не било во ред да падни толку
Незнам стварно, но нели секој си го слуша својот гинеколог, за да си бидеш мирна направи како што велат. Јас сум на крај веќе, чекам да се породам.
Ве читам сите и тебе Бубче, ја кога имав желба за „забранета“ храна си ја ставав во уста си ја џвакав и си ја плукав и ќе ми поминеше ете тоа е моето искуство, мене ми помогна
Мене такви ме беа резултатите и во првата бременост и сега во оваа бременост. Со тоа што негде половина час откако ќе ме боцнеа по 2 часа многу ми се слошуваше (што според резултатите е очекувано зошто ми паѓал шеќерот). Одговорот од повеќе доктори (матичен гинеколог, општ др и специјалисти гинеколози) беше дека појака инсулинска реакција давал мојот организам и не треба ништо дополнително да се испитува ниту терапија/диета. Ко на шала ми рекоа да имам чоколатце/бонбонче при рака за во случај да ми се слоши. Првата бременост си ја истерав до крај без проблем. Се надевам и сега исто ќе биде до крај.
Дали уште во Авицена со упат испитуват само во понеделник? И дали некој испитувал во скоро време во Синлаб и дали може таму да се чека, да не треба да чекам надвор на ладново, оти претходно поради корона не било дозволено што читав овде
Па јас за 1 саат не можам да стасам до дома и да се вратам само И што, на ладното надвор треба да седам да чекам да настинам
Кога правев врнеше па немаше каде и морав да си одам дома и да се враќам. Во развозување ми помина времето Иначе не боцкаат по 1 саат, па по 2. Само по 2 саати директно. Види си во Авицена, знам дека таму е дозволено дa сe чека.
По боцкањето не е дозволено да се движиш, мора да седиш а не да бидеш активна, појди си во Авицена, има одделен дел за шеќер, те боцкаат и седиш таму до следно боцкање и дозволено е само до вц и назад, друго движење не
Јас како што сум без кола деновиве, ќе треба пешки да одам до дома и назад 3 пати Ќе видам за Авицена ако може било кој ден или евентуално на клиника.
Авицена на приватно може било кој ден, те советувам најрано да одиш пошо 2 саати нема храна, значи закажи си во 7-7.30 за до 10 да завршиш и да јадеш нешто, ако идеш покасно што би се рекло треба гладна до 12 да бидеш а не е убаво за трудница толку време без храна да биде, мислам дека беше 450 денари приватното ако не сум измешала бројки, нека ме корегира некој за цена
Каде испитувате интолеранција на инсулин? Пред неколку години испитував во Хемолаб ама беше околу 2500ден, дали има некаде поевтино или таа е цената?
Претпоставувам на инсулинска резистенција мислиш? Ако е така, таа е цената приватно и по другиве лаборатории (Авицена, Генеа Лаб).
Би требало на ендокринологија да може и на клиничка биохемија ..но незнам како и кој би издал упат... А по приватниве тука некаде им се цените исти...
Сабајле ќе испитувам скриен шеќер во Авицена, ми кажаа само 12 часа претходно да не јадам. А вода смеам да пијам нели? Од самата помисла дека 12 часа не смеам ништо да јадам, ноќеска во 3 се разбудив гладна се мислев како ќе издржам си направив филм дека ќе ми се слоши