Како издржа? Јас за секоја анализа ми викаат 12 саата пд 8 до 8 на пример ама многу тешко се издржува... баш тогаш ми се јаде.
Синоќе до 7 јадев, после додека да легнам 2.5 литри вода најмалку испив и сабајле кога станав веднаш отидов, од 7.30 имав закажано. Водата ме одржа сита. Јас сабајле отидов спремна со кроасан, бејкролс како на екскурзија, ако во случај ми се слоши одма да имам до мене што да апнам
Дали тие што имале во првата бременост гестациски, имале и во другата? Незнам дали да проверувам уште сега или таму кога се проверува 20 и некоја недела ?
Јас со пониски вредности од овие (4,8; 7,2; 8,4) сум на диета од ендокринолог и мерам шеќер со апратче за да го контролирам. Мене ми рекоа после 2часа треба да опаѓа и да биде до 6,5(кај мене беше 8,4). Консултирај се прво со твојот гинеколог па тој ќе те насочи за понатаму. Ништо страшно се се средува со исхрана
Мене како дијабетичар никогаш не ми гледаа на резултат инсулин само вредноста на шеќер што кај тебе е одлична…
Тогаш што би значело ова дека инсулинот е доста покачен? Пред 2-3 години со дупло пониски вредности пиев Метформин.
Оф душо незнам мораш да прашаш ендокринолог дека кај мене секогаш фали инсулин и сега се боцкам во бременост инаку пијам и јас метформин ..
А затоа не можев ништо онлајн да најдам, докторката ми испуштила буква во извештајот и барав 'миоцисин'. Фала ти за просветлувањето
Здраво. Ако некој се нашол во слична ситуација, ве молам да споделите искуство. И покрај тоа што се буцкам со инсулин и шеќерот ми е регулиран, на денешниот преглед докторката ми кажа дека имам вишок плодова вода и ме прати на гинекологија. Инаку сум 33 недела и 1 ден
Колку ти ја измери? Јас 37 ми рече доволно, малку повеќе 6.30 ми ја измери, рече до 8 не е страшно. Јас не боцкам, со исхрана регулирам, бебе никогаш не е измерено поголемо за неделите, така што можеби и не е страшно.