Јас правев со 3 дена по 100 гр милка. Резултатите ми беа исти. Претходно без оптеретување ми беа дури малце полоши. Горе-доле ко на @eli25 и @iki26. Тоа било гест.диабетис. На диета и со апаратче дома. Е сеа мн е битно дека нервоза, бел леб и скроб (компир, ориз....) мнооогу влијаат. Некогаш се случува да изедам крофна со крем и да не се качи воопшто. Некогаш ми е повисок пред јадење, а после јадење се смалува... Како ќе му текне. Некогаш и на психа мава. Поука: искулирај малце! (ова важи и за мене и за сите напатени со шеќеров)
@leo29 кај мене е чудна работата. На гладно висок, над вредности, а по јадење ок вредности. Пример вчера 6,2 на гладно, 6 по доручек , 6,2 по ручек . Вторник сум на ендокринолог па ќе видиме.
Јас понекогаш си правам и тестови. Пред некој ден сабајле ми беше 5,2. Доручкував пица, мерам, 8,5. дамла ме удри. Обично немам толкави скокови. Битно е, по можност, сабајле да е до 5.0, а после јадење можело да е 7-8. Тоа било нормално. Мене никогаш не ми е 5.0. Минимум 5.3,5.6, а па по јадење ретко достига 7, најчесто 6 и нешто. Па се тешам. Инаку скоро 10 кг ослабев откако сум на "диета", некаде од 5 гн.
Од две средни парчиња интегрална пица со зеленчук, домашна, ми беше 8,5 , од едно за доручек 8,3 . Од две топчиња сладолед ( беа големки, карамела со нутела) 7,1. Е ај сеа
Јас си вршев проверки и си експериментирав нешто. Имам "можности" па прошлата недела секој божји ден правев огтт. Секој ден "преоптеретувањето" го правев со различни јадења,не со гликоза. Највисоки вредности по еден час од јадење добив кога јадев 2 тонус лебчиња со шопска,а најниски кога јадев нутела на 4 парчиња бел леб со чаша млеко. И приметив дека 1 ден имав мали нервози и одма резултатите беа дури со 2 единици повисоки од највисокиот ден. Така да нема правило изгледа баш со ова јадењево
Јас воопшто не го мерам веќе. Колку сака нека биде. Внимавам на исхрана а не планирам на ендокринолог да одам или терапија да пијам Баш видов во првата бременост со оптеретување после 2 часа 9,3 ми бил па ништо не пиев и малава супер е. Убаво викате се е до ПСИХА
Јaс пoсле 2 чaсa имaв мaлку нaд гoрнa грaницa 8.52 a требa 8.5 мaксимум и дoктoрoт ми рече декa немaм шеќер и декa не изгледaме ниту јaс ниту бебетo кaкo некoј кoј имa шеќер. Си пoткaснувaм блaгo
Девојциња ај видете на кого му е појасно,според вредностите мислам дека е ок,ама сепак мислење од вас,пред да добијам и одговр од матичната
од сабајле сум на интегрален геврек,мислам кој знае какви ќе бидат резултатите ,ама ете викаш топ,а зошто цвекло повеќе душо? поз
Железото ти е 12, во нормала. Ама плодот ќе влече се повеќе и повеќе, па мора да го одржаваш. Може до 32 да оди. Да не претерувам 16-20 да можеш да го одржуваш без суплементи, ќе биде супер.
Најдобронамерно ви пишувам да не им верувате толку на гинеколозите кога ќе речат на граница си исфрли благо, газирано, бело брашно. Моите мерки на гладно беа 5,6 што автоматски е гест. дијабет поблага форма, доволно е само еден параметар да е покачен. Ова ми го објасни проф. Бранкица Крстевска. Во 9ти месец завршив со глукофаж. Си има јадење што смее што не. Дури и бело брашно има и благо. Иако кај мене и стресот имаше влијание, сепак сега да ми е паметот ќе одев на ендокринолог. Кај мене нема симптоми на шеќер, не ми се суши уста, бебе не е понапредно 2 недели, немам отоци, нема фамилијарна анамнеза , ама сепак бебето си примало од вишокот шеќер.
Слабо сме по благото и јас и он, дома не се наоѓа чоколадца кај нас ама лубеница, диња во секое време има.. тоа ке си јадам
Кога испитувавте скриен шеќер гладни одевте или смее да се јаде? Имам контрола во 12 дури па незнам дали да појадувам?
Скриен шеќер мора гладен да бидеш. Ама касно ти закажале, после уште 2 часа не треба да јадеш ништо. Ако можеш некако порано да одиш подобро, да не седиш нејадена цел ден.