Јас сум 31 недела и сега го проверував шекерот. По 3 недели треба пак да го проверам, а во меѓувреме диета. Од денес почнав со диета, па се надевам дека ќе се нормализира и дека нема да стигнам до ендокринолог
Малце пониски ми беа резултатите од твоите, исто ми рече нема потреба од терапија, само диета. После еден месец повторив и супер се. Сеуште внимавам на храната, бел леб не јадам воопшто, тестенини и благо исто така.
Јас дум 32+4 гн плодот според матичната е за 5дена понапред и треба да испитам скриен шеќер не е малку доцна за испитување?
За скриен шеќер може да е рано, зошто најчесто не се развива пред 24та недела, и ако се испита пред тоа е џабе, а касно не може да е.
Баш тогаш се испитува у 28ма. Чудно ми е што сега те тера затоа што бебушот е 5 дена плус а тоа не е многу ..
Мислам Ок се За бремени се :5,1 гладно,10 по 1 час, 8,5 по 2 часа.Може некоја минимална диета но сепак ми личи ок, нека го види доктор едит:референтните на рез. не се за бремени, не ги гледај тие
Фала мила, дали ќе се спасам само со исхрана? Многу имам страв од шеќер, од сегде имам дијабетичари и од кај мајка ми и таткоти е
Уф дај Боже, ќе видам утре матичната што ќе ми каже, и ќе се консултирам со ендокринолог. Фала ти мила ❤️
Според тоа што мене ми објаснија, вредностите треба да се поразлични. Првото мерење да е ниско, откако ке испиеш шеќер по 1 да е високо и после 2 часа од пиење да падне. Ова кај тебе изгледа дека организмот не може да се справи со шеќерот. Инсулинска резистенција.
Тоа со ендокринолог. Има опција диета, можеби лекови или инсулин. Што и да е, најбитно е да не се противиш на терапија, без терапија е полошо за бебето. Гратациски дијабет често и не дава знаци дека постои и затоа се испитува. Ако имаш а не реагираш може да биде штетно за плодот. Контролиран дијабет не е опасен.
Сега и пишав на ендокринолог од државна, ми прати диета, една недела да ја држам, после да продолжам со диетата и да си земам апаратче да испитувам дома, да направам табела со вредностите и да и ги пратам, па се надевам ќе се среди.
Да членката погоре убаво пишала инсулинска резинстенција. Кај мене во бременоста беше така и го регулирав со диета, помали оброци(3главни оброка и 2 ужини), мерев дома шеќер и му праќав на ендокринологот кој ме упатуваше понатаму што како. Ништо страшно со диета ќе го решиш но мораш да посетиш ендокринолог за консултации и инструкции за понатаму. Со лесно и без грижи се решава