Па морам да проверам скриен шеќер и претпоставувам ако има некоја индикација, ќе треба. Затоа што по приватните често се жалат дека грешни резултати има од урината. Утре ќе однесам урина во државно, па ќе видам и таму.
Оф извини Мислев на членката пред тебе реплицирам Шознам вака личи ок вредноста. Ако имаш апаратче да си проверуваш ?
Женски како се зема крв за испитување на скриен шеќер? Второто и третото боцкање треба да се венски така? Во лабораторијата каде испитувам сите ги правеле преку прст и не знам колку е веродостојно така. Колку време треба да помине да испитам во друга лабораторија повторно?
Ако не сум грешка, и во Систина ги боцкаат во прст. Чудно им беше зошто некаде ги боцкале во вена. Едит: Кога бев трудна испитував гестациски дијабет во Авицена. Бев на ендокринолог во Систина поради покачени вредности. Таму ми направија дополнителна анализа, гликозиран хемоглобин и требаше пак да ми земаат крв од вена. Тогаш ми искоментираа дека џабе ме решетеле за гестациски дијабет од вена, кога можело и од прст.
Се чудам искрено, во првата бременост беше венско, а и пореално е отколку од прст. Цела бременост преферирам испитување крвна слика од вена и баш за најважното ми земаат од прст.
Докторот ми рече дека сепак, независно од тоа дека ми земале од прст, вредностите се високи и морам да држам диета. И сега навистина не знам што смеам, а што не, барем додека да ја добијам листата за исхрана. Ќе се консултирам и со ендокринолог и нутриционист. Во случај да смеам, би пиела и бабини лекови, како глуварче и слично, знам дека помагаат за регулирање на шеќерот. Од што се состои диетата? Дали смеам чаеви, кафе,секако без шеќер, леб тонус претпоставувам. И од кое апаратче за мерење сте задоволни? Ова беа резултатите од капиларно земање крв.
Мене ендокринолог ми ја даде диетава, скоро два месеци сум на неа. Резултати феноменални, сега ми е дури низок шеќерот 2ка. Дома мерам шеќер по препорака на ендокринолог, пред јадења и по јадења, по 6 пати дневно мерам. Ама успеав за брзо да го симнам, мене ми беше понизок од твојот. Сепак консултирај се и ти со ендокринолог.
Др Марија (презиме незнам) во државна болница (млада докторка но ептен фина и стручна). Но морам да напоменам дека сум ептен одговорна и строга кон себе, од а до ш се придржував на исхраната.
Јас само наутро јадам црн леб по две кришки, за ручек многу многу ретко јадам леб. Не вечерам никогаш (ни пред бременоста не вечерав. Доручек околу 10-11 ми е, ручек околу 5-6 напладне. Ако ми се пријаде јадам јадкасти плодови, грицкам семки и така.
Дали некоја го користи Medisign MM1000 апаратчето? Да ми кажи во какви мерни единици покажува. На интернет вели дека мерните единици се mg/dl, a кај нас вообичаено се мери со mmol/L
@eli25 @Jana06 Бев вчера кај матичната и како што кажавте ми рече да направам тримесечен, прво ме охрабри дека можеби нешто благо повеќе да сум изела тој ден ама после на преглед испадна бебче поголемко за некои 5-60гр. и малку повеќе плодова вода што било знак дека сепак можно е да е шекер Ќе правам во понеделник тримесечен па ќе знаеме точно...треба ли за тоа нешто подготовки?
Здраво на сите. Јас сум 24+4 и матичната ми даде упат за испитување скриен шеќер на климичка биохемија, НО ми кажа дека е можно ако отидам да ме вратат и затоа НЕКАКО да ги добијам телефонски ако успеам да ми потврдат кога да одам . Затоа сакам да испитам на приватно, се надевам дека веродостојноста е иста.. Па бидејќи ми е прва бременост кажете ми каде испитувавте, колку време пред тоа не се јаде/ пие и дали за тестот таму ми даваат да пијам нешто?( така разбрав ). Фала ви
Оди во Авицена приватно ти е 500 мкд имаш и посебен дел за трудници како чекална. Можеш и со упат ако сакаш да закажеш ама само понеделник можеш да отидеш, и се им е зафатено до 18ти Април. Ништо не јадеш после 18h претходниот ден, одиш сабајлето таму ти зимаат крв, после 1саат ти дават да пиеш вода со нешто благо и после еден саат повторно ти земаат крв. Резултатите се готови за 2 саати.