Секако секако ќе се консултирам. Па јас тестенини и леб скроз ги укинат (јадам рж'н леб по 2-3 кришки дневно), исто газирани сокови и благо воопшто не јадев. Па кога видов дека ми е паднат на 2-3 си се частам малку блачко
Какво апартче за шеќер имате? Јас имав аку чек ама неможам ленти да најдам.Едно medisign ми го нудат у зегин 900 ден со 50 ленти. Кинеско било
Само што се консултирав и пратив мерења на ендокринолог, ми рече дека ми е многу паднат шеќерот и да внесувам повеќе храна (па и да се заблажувам ако приметам дека ми е лошо). @eli25 на гладно требало да биде 5-6 а по јадење до 8 највеќе (за нас трудните).
Уште кога спомна дека ретко кога вечераш( а и јас понекогаш знам да прескокнам вечера) сакав да ти пишам, ама дека немам баш искуство, реков да не згрешам. И јас мислам дека треба да се опуштиме, да не се гужваме толку, само да пазиме на внесот и преработените шеќери.
Немај гајле мила, на иста мака сме. Јас пред два месеци го купив апаратчето и тогаш си земав и ленти (со апаратчето имам 10 игли, мојата си ја дезинфицирам и на 2-3 недели ја фрлам, на мм исто ја дезинфицирам и на страна му ја чувам) со лентите што ги купив не ми дадоа игли плус.
Па и она тоа ми вика барем преку една вечер да вечерам барем една кришка и чашка јогурт ( ќе пробам некоја вечер ) Баш се гужваме се опседнав со шеќерот, како прав дијабетичар се понашам ( ама фамилијата од двете страни и мајка и татко имам дијабетичари и страв у коски) малку се олабавив одкако ми падна
@eli25 Истото апаратче го имам, да прашаш во аптеката во Ремедика за ленти? @Inamya Една игличка може повеќе пати да се користи? Ова не сум знаела, којзнае колку имам купено.
Да може, самите аптекарки ми кажаа, само ја дезинфицирам пред боцкање со алкохол и толку (сепак само јас се боцкам), па онака колку ленти толку игли, немаш потреба на секое боцкање да ја фрлаш
Периодов ептен ми се пријадува Не одам скроз по табелата, јадам по едно овошје најчесто, доручек леб без брашно две лепчиња со намаз,грчки јогурт, тост, палачинки со овесни, такво нешто… Ручек нормално што има без леб, мн. ретко вечерам.
Знам, потполно те разбирам. Мене кога ќе ме фати криза за благо имам чоколадо 80% какао (не е убава) ама се заблажувам по 2-3 коцки, пробај и ти. Ќе видиш за недела две ќе почне да паѓа не се секирај