Да ептен се грди Јас земав и од протеинските пудинзи пишува дека се без шеќер и со обезмастено млеко и мн. малку калории. И најдов едни колачиња од ДМ без шеќер
Колку саати после јадење мерите , Еден или два? И дали непосредно пред јадење или 1ч.пред? Да не сте земале скоро вакви ленти, имам и medisign апаратче ама мн.високи вредности ми дава, вчера од 1 тањир леќа, една краставица и лепче и пол диме без брашно 10,8 измери, измерив пак 11,3 . Со аку чек премерив 7, нешто ми даде.
Сабајле на гладно 6,8 со medisign,5,4 со аку чек. И сега што е точно? Вчера медисигн ми измери 12,8 по ручек, аку чек 7,8. Ќе баталам жими све. А што е најтрагично ни на ендокринолог не сум била сеуште . И незнам дали треба или не треба сама фатив да мерам
Пред некој ден мерев на гладно на medisign и имав 5.6 а после пола саат во лабараторија од вена ми беше 4.4. И мене ми дава чудни резултати, ако два пати се боцнам и измерам едно по друго ми покажува разлики и поголеми од 1. Така да не им верувам многу. Правеше скриен шеќер? Како ти беа резултати?
Да правев. 5,4 на гладно треба нели помалку од 5,1 а другите две вредности се во ред. Да , ќе преповторам и одма друга вредност дава Онојпат баш пишав тањир леќа, краставица и лепче и пол диме без брашно ми даде 11, нешто. Со аку чек (тоа ми е постаро, имам малку ленти кои ги штедам а веќе. не се увезува) 7, нешто. А ептен го фалеа у еурофарм. Барем да кажеа ќе дадев може пари за поскапо. Вака ми ствара дополнителна нервоза.
Medisign можеш слободно да го фрлиш во ѓубре После два месеци користење и вадење од памет пар пати со истиот глукометар, се префрлив на Accu-chek roche и има неверојатни разлики во мерењата и во самите апарати. Инаку јас со вредност 5.1 на гладно на општа крвна слика добив дијагноза на ран гестациски дијабетес уште во 13 недела и не ми ни дозволија да правам ОГТТ, туку добив стрикна диета со упатства за мерење на кетони во урина и шеќер во крв и водење дневник 4 пати дневно. Контрола имам секој месец доколку резултатите испаѓаат во ред, а при високи вредности треба да се јавам самата и порано да ми вклучат инсулин. Така да мислам дека со вредност 5.4 од серумска крв би требало обавезно да направиш консултација со дијабетолог и да продолжиш да мериш.
Па не би рекла дека е избрзано. Постојат специфични guidelines за дијагноза на ГД, а едно од нив е дека шеќер на гладно од серумска крв повисок од 5.0 на инцидентно мерење е дијагноза гестациски дијабетес и мора да се пристапи кон диета. На страна фактот што сум со ризик за ГД поради ПЦОС, сум со ин витро и со години на терапија со глукофаж кој го примав до 14 недела и кој ми го прекинаа непосредно пред да ме дадат на диета. Јас моментално не сум на инсулин, се трудам да се придржувам кон упатствата со исхраната, на прва контрола сеуште не сум била, моментално сум на секојдневни повеќекратни мерења на шеќер и урина. Инаку на прва контрола претпоставувам ќе биде анализа на крв и на урина и преглед кај дијабетолог со дневникот. Во странство живеам и овде вака е на Клиника за ендокринологија. Овде и девојки без ризик фактори што на ОГТТ на првото мерење добиваат резултат > 5.0, тестот им го прекинуваат и веднаш ги испраќаат на консултација кај дијабетолог. Тестот и се прави под надзор на дијабетолог.
И мене ме исплаши Мене со 1вото Бранкица ми даде и сиофор 3 пати и докторот се лутеше да не напраиме хипогликемија на бебето. Одма му измерија шеќер штом се роди.
Ама тебе ни оггт не ти направиле. Шеќерот на гладно може да ти го кренат повеќе работи, дури и ако си ја скокнала вечерата. Баш гестацискиот дијабет се испитува преку оггт, а ако рано во бременоста си имала тогаш тоа не е гестациски. Тука барем не даваат одма дијагнози, додека не се сигурни. Замисли на секој што има малку повисок шеќер на обична крвна да му лепеа дијагноза дијабет. Затоа мислам дека е избрзано. Да не ме сфатиш погрешно, нема ништо лошо во тоа да си пазиш на исхраната ама побарај и оггт со сите три мерења пред да те стават на инсулин.
Како што кажав, во случај кога шеќерот на гладно ги исполнува критериумите за дијагноза (во мојот случај >5.1), ОГТТ по протокол не изведуваат бидејќи дури истиот да се изведе и резултатите од второто и третото мерење да се во ред, критериумот е веќе исполнет со првото мерење на гладно. И поради тоа сметаат дека нема причина трудницата дополнително да ја оптеретуваат со гликоза, што мене ми е скроз логично. Нема причина јас да инсистирам на ОГТТ, тоа е протоколот по кој се водат. Шеќерот на гладно откако знам за себе ми е константно на горна и над горна граница, така што ова мерење не беше инцидентно, напротив, откако сум на терапија со метформин, шеќерот ми падна под 5.6, меѓутоа никогаш под 5.1 и покрај редовното земање на лекот. Имам дијагноза ПЦОС, хиперинсулинемија, дијабетес во најтесна фамилија, ОГТТ со инсулинемија правени на повеќе наврати во минати години, така што пак ќе кажам, избрзано не мислам дека е. Конкретно на членката погоре и дадов само совет бидејќи пишала дека има историја со гестациски дијабетес во претходна бременост, дека 5.4 на гладно не е вредност што би требало со оглед на историјата и моменталната ситуација да ја зема здраво за готово, туку подобро е да се консултира со ендокринолог односно дијабетолог што се бави со трудници, бидејќи сметам дека не се сите ендокринолози компетентни да даваат терапија. Се разбира, секој нека си одлучи како ќе постапува и што ќе прави. Во шеста гестациска недела шеќерот на гладно мерен во Македонија на крвна слика ми беше 6.03, отидов кај ендокринолог, ми ја тупна само диетата од Клиника без никакви дополнителни испитувања и конкретни насоки за мојот случај како и што да правам, во наредните 3-4 недели следејќи ја слепо таа иста диета, шеќерот ми се качуваше во плафон. Што значи баш таа диета, односно конкретни производи од неа (млечни) не ми одговараат. Плус сум слушала за еден куп примери за доктори кај нас што во бременост даваат да се пие метформин и тоа во подоцнежни недели, овде се фатија за глава кога им спомнав за глукофажот што го пиев до 14 недела, одма ми рекоа да го прекинам, дека не постојат студии за долгорочно влијание на лекот во развојот на бебето и ми рекоа дека единствен лек одобрен за трудници е инсулин. Затоа и ми се контролите, доколку не биде понатаму во ред со диетата, да ми воведат инсулин. Лично за мене тоа не е толку страшно, напротив, ќе ми даде мир.
Па добро тогаш, сепак не е избрзано, си правела оггт за инсулинемија, имаш историја, пцос значи скроз исто како мене. Јас мислев дека си проверила шеќер на гладно и ти спомнале инсулин што за мене е многу чудно. Ова е веќе друго.
Мешиња мене докторката ми рече 5,2 на гладно да е макс. после еден час 7,8 Вака е или секој различно кажува?
Ели имаше индикација за да испиташ скриен шеќер? Или рутински. Како ти беше шеќерот на крвните слики. Мене матичниот ми рече за сега нема потреба да провериш, во 28 недела ќе видиме.
Според тоа што мене ми го објаснуваа, ти имаш шеќер. Гестациски дијабет не е исто со дијабет тип еден или два. Значи гестациски се јавува само во бременост и се открива само со оггт. Дијабет 1 и 2 може да има секој. Поентата е да се види како организмот се однесува со глукоза, како ја користи. Кај многу трудници на гладно шеќерот е нормален ама по оптеретување по 2 часа шеќерот не паѓа. Треба да е најнизок на гладно, па највисок по 1 час и да падне по 2 часа.
Мене шеќерот на гладно ми беше 5.4, по два часа 11.3 и буквално ништо не ми рекоа, 3 доктори ми рекоа било сосем нормално, што малку ми е чудно...не знам дали да мерам пак. Индикација немав никаква за мерење.
Не, апсолутно немам "шеќер" односно дијабетес. Имам ПЦОС и хиперинсулинемија со гликоза на гладно вообичаено во вредности од 5.0 до 5.6 кои се нормални вредности за недијабетичари, а кои во бременост се веќе во ранг на гестациски дијабетес. На дијабетес тип 2 најчесто му претходи дијагноза предијабетес, ама далеку од тоа дека некој со вредност 5.6 е "шеќераш". Гестациски дијабетес дијагноза се добива кога е исполнет еден од трите критериуми, кај мене е исполнет првиот - гликоза на гладно ≥5.1 и затоа не се направени другите две мерења. Точно ми е јасно што имам како дијагноза и што е гестациски дијабетес, а што дијабетес тип 1 и 2, си ја знам и својата историја и не знам што сѐ не сум поминала од испитувања поврзани со неа, ама стварно не можам повеќе да објаснувам, сфаќајте си ја како сакате и слушајте што ви кажуваат докторите За последен пат: ОГТТ по протокол секаде во свет (освен очигледно не само кај нас) НЕ се прави доколку е исполнет првиот критериум, односно шеќерот на гладно да е ≥5.1. И да се направат и да не се направат другите две мерења, гликоза на гладно ≥5.1 во бременост не е нормален резултат и се третира како дијагноза и се дава терапија, во случајов диета со лебни единици.