Наредна недела ќе одам јас да испитувам. Јадевте благо повеќе деновите пред тоа или не мора? Различно читам сегде, а матичниот ништо не ми рече, само гладна да сум.
Јас сосема непланирано завршив на испитувањето и не внимавав на јадењето претходните денови, освен што имав 12 часа нејадено. По мене и не е веродостојно ако внимаваш или прејадуваш шеќер претходните денови. Треба да си јадеш како што јадеш за да знаеш дали треба да корегираш нешто во исхраната.
@Bibi_23 @fana фала Се јавив во 3 лабаратории нигде немаат можност да седам таму, треба да си одам, па да се враќам ама да не сум пешачела Ќе испитам Плодност на приватно, барем ќе седам внатре, нема да се шетам 3 пати.
Нерви искинав со тоа. Пренервозна бев. Како хемичар навистина не ми е јасно која будала би се потпишала на неверодостоен резултат??? Значи сите знаат дека мора да се седи. Ама немале услови па ќе треба да се вратиш. Не! Ако немаш услови за правилно изведување на тестот анализата нема ни да ја правиш симпл ас дет!
@fana точно. Плус разлика во цената на приватно и со упат е 100 денари таму 400, Плодност 500. Не ми е јасно зошто ми е упатот ако плаќам, плус за трудници нели бесплатно, ама тоа е си прават што сакаат. И на крај пак неточен резултат оти не е изведено ко што треба.
И кажував на Кристина, другарка ми све среќна испитала скриен шеќер во Син лаб мислам ( кај Промедика во Кисела Вода ) и радосна и биле супер резултатите. Ама ми вели уз муабет чекав 2 саати, па прошетав до Рамстор и ГТЦ, па се вратив. Арно малку енергија потрошила. Неможам да и докажам дека не е веродостоен резултатот. Во лабараторијата и рекле прошетај малку.
За да не ви се смачи од глукозата понесети си лимон да ви исцедат во него. Не сметало на резултатот, јас така направив по препорака во Дијабет центар кога испитував.
Како бе ццц. Некоја нова да не била, неискусна. Мене баш таму ми рекоа и вода многу да не пијам, само малку кога ептен ќе ми се пие. Најдобри ми беа Хемолаб, ептен си ја знаеја работата за било какви испитувања. Штета што Никоб лаб ги купија.
Јас немав дури и бебето си одговараше за неделите, не беше покрупно, плодова вода како што треба, баш никаков знак немав.