Не треба да бидеш јадена 12 сати и пијана 10 часа ништо пред тоа. Многу доцна ти закажале, обично се оди насабајле, ако можеш презакажиси за друг ден порано. Инаку после тоа јас јадев по 15 минути пошто ништо не ми спомнаја.
Па многу касно ми имаат закажано,и нема шанси да ме примат да одам порано А баш сум гладна ко за беља
Мора и после првото боцкање да бидеш гладна уште 2 часа. Ако јадеш во текот на тие два часа нема да ти бидат релевантни резултатите. Шеќерот може да ти се покачи од храната или обратно.
Не јас мислев после последното боцкање, од како завршив и излегов од кај докторот. Инаку таму седев повеќе од 2 часа и не бев ни јадена ни пијана од вечерта од 7 . А појдов во 7 сабајлето.
Значи 3 пати ќе те боцнат. Првиот пат скроз на гладно, па ќе се напиеш шеќер и вода, па после еден час повторно ќе те боцнат. Пак ќе почекаш уште еден час и да видиш колку ќе ти се намали после 2 боцкање. Само немој ништо да јадеш во тие два часа чекање
Оти нема да е точен резултатот, со физичката активност ќе го согориш шеќерот. Не ми дозволија да излезам од лабораторија во Синлаб
Во ординацијата кај матичниот гинеколог се прават сите потребни испитувања така да има 5метри од лабораторијата до чекална
А јас два пати што го правев Со 3 мерења, 3 часа. Инаку да, не смееш да се движиш премногу. Во Авицена ми дадоа помалку од пола чаша вода после шеќерот и после не пиев. Земи си книга
Па немам ни каде можеби во меѓувреме ке завршам и кај докторот за да неморам и јас да чекам 3-4 часа Дете ке ме полуди таму
Јас имам тетка блиску Синлаб, па вчера ме боцнаа.. го испив тоа и ми дозволи да си одам кај тетка ми, таму си седев, лежев.. па со кола ме однесе пак на боцкање..