Да, јасно ми е, ама сепак како што кажав, кај мене постои поголема доза на внимателност зашто сум со дијагноза полицистични јајници и претходна лоша репродуктивна историја, а и тој резултат на гладно кај мене не беше инцидентен. Но, јас како што еднаш кажав, живеам во странство и тука се водат по други, построги критериуми според кои дијагноза се дава и без ОГТТ, доколку вредноста на крвна слика им се гледа сомнителна. Во мојот случај, мојата матична докторка што ми ја следи бременоста беше таа што веднаш изреагира и ми даде упат за преглед кај дијабетолог. Јас сум на диета и мерења уште од 14 г.н., и посетувам едномесечни контроли и едукација на дијабетолошка клиника и така ми рекоа дека ќе биде до крај, вредностите кои тука ги толерираат и границите се различни од она што читам дека се препораките во Македонија. Јас мерам секој ден со апаратче насабајле на гладно кога шеќерот не смее да биде повисок од 5.3 (преку венска крв толерираат до 5.0) и потоа уште три пати мерам 90 мин. после главен оброк кога вредноста не смее да надмине 6.6. Два пати дневно мерам со посебни ленти и кетони во урина. Отстапки (малку повисоки вредности од овие наведениве) ми рекоа дека се толерираат до 3-4 пати неделно.
И јас барав од тие лентите за урина, ама за жал кај нас нема, со оглед на тоа дека кај мене се појавуваше шеќер во урина. Да, различни се мислењата во секоја држава во однос на здравствени параметри...
Ај уште вечерва да ви подосаѓам тука се надевам. Во авицена со 2 боцкања имам утре во 7.30. Значи едно во 7.30 што е пред се, после претпоставувам во 8.30 го сметаат за прво и во 9.30 часот за второ боцкање? Така оди или грешка сум? Не за друго ко закажував ми рекоа до 10.30 дека ќе треба да седам, а јас во 10 45 имам на клиника закажано и ме фаќа нервоза дали ќе стигнам
Ако ти е закажано во 7:30 тогаш е прво боцкање. Пиеш течност. За 60 минути прво боцкање тоа е 8:30 и второ боцкање во 9:30.
Да во 7.30 прво. Чекаш да ја сработат таа анализа и АКО е ок шеќерот ќе ти дадат да пиеш шербет. Од кога ќе го испиеш по еден час, пак боцкање, па по еден час уште еднаш. 10 , 10 и нешто гарант ќе те фати.
А кога точно мерите? Мене ендокринологот ми рече 1 саат после јадење, ама моментот кога сум почнала да јадам, а не откако сум се најала
Ендокринолог со субспецијалност дијабетологија што работи со трудници (на прегледи одам во амбуланта за трудници во склоп на клиника за ендокринологија). 5.3 толерираат мерено со крв од прст (во домашни услови со апаратче), во лабораторија вредностите од серум ми рекоа дека треба да се пониски од 5.1. Ова им се востановени клинички стандарди според кои ги водат сите (дури и на дневникот што ми го дадоа за водење евиденција се запишани вредностите). На гладно дека треба да е помалку од 5.1, а два часа после јадење помалку од 6.7 ми има кажано и ендокринолог во МК кога бев на преглед (на приватно). Не ми е јасно како нема усогласени стандарди за ова кај нас туку кој како стигне, така си го толкува.
1 час откако ќе јадам. За гладно мислам дека повисоки вредности добивам оти непрсвилно мерам. Вечерам во 21ч. мерам во 07ч. Некогаш не вечерам (тогаш на гладно повисоки ми искачаат ) После јадење, ми се ниски
Женски сезнајки Конечно бев за скриен шеќер, ама дека до упат 2 боцкања само. Ваше стручно мислење додека се исконсултирам попладне со матичната Фала
Здраво женски, имам упат за испитување на скриен шеќер во synlab во кисела вода, се јавив да прашам за да закажам ми рекоа две боцкање се ќе дојдеш еднаш во 7ч ќе си идеш дома со кола ќе дојдеш уште еднаш во 9ч. а сегде читам дека има три боцкања? Што да правам ?
Леле колку се нервирам Значи како може да ти речат да си одиш дома? Неправилно мерење е тоа и тие тоа го знаат. Срамота и греота е ова што го прават Закажи си во авицена тафталиџе ќе платиш 450 денари и ќе ти направат правилно мерење, односно ќе ти земат крв штом стигнеш ќе ја сработат анализата и АКО ти е во ред тој шеќер ќе пиеш шербет и таму ќе седиш еден час, пак ќе ти земат крв, па седиш уште еден час и пак ќе ти земат крв и си одиш дома. Значи мора да мируваш тие 2 часа после пиењето шербет, не да си се шеташ. Свашта
Втора си што го пишува ова, а баш сакав кај нив да одам дека поблиску ми е. Значи и јас да си одам во Авицена. Не знам кој им е проблемот, порано таму седевме и 3 мерења беа.
Немале услови. И ок е. Ако немаш услови НЕМА да го правиш тестирањето. Не смееш да си дозволиш да го правиш ради реда, односно погрешно. Следно што е? Да одам наутро во 8 и да им кажам јас во 6 каснав кроасан, за крвна слика сум и да ми речат ако нема гајле. Буквално исто е.
Они и тогаш немаа услови, чекавме сите во 2 на 2 чекална ама ај, не ми сметаше. Авицена барем седиш како човек, на страна од сите. Ма да и Авицена ми направија голема утка последниот пат, а платив убаво за приватно. Нема друг избор, тоа е.