@fana пониски или повисоки вредности дава така кога се движиш. Јас треба да повторам скриен шеќер па да знам, искрено не ми е многу јасно како влијае движење и пиење многу вода на резултат од гликемија
Здраво на сите. Дали некоја имала висок шеќер на гладно на почеток на бременост? И што следи потоа, да правам веднаш скриен шеќер? Јас настинав, па отидов да направам крвна слика и црп. Е сега претходниот ден заради настинката испив два цедени сокови, некаде 6 портокали и 4-5 лимони :/ Демек за побрзо да помине… си имам секирации сега. Шеќерот ми испадна 5.9 што е премногу. Така де преплашив, што не знам сега што да правам :/ Искуства, совети? Благодарам.
Прво не се преплашувај, зголемен е, ама не е премногу. Обавзно ќе одиш на лекар, веројатно за скриен шеќер ќе те пушти. Овошје не си скратувај скрос, само избегнувај цедени сокови, многу полесно е и понезабележливо повеќе портокали ќе изедеш во една чаша цеден сок одколку да го јадеш само портокалот свеж.
Повтори го за една недела. Ако испадне пак висок ќе воведеш рестрикции Според мене немаш потреба од скриен, и на гладно да е покачен они те водат ко гестациски. Цедените сокови не се препорачливи кај висок шеќер, па може и од тоа е .
Една недела како проверувам шеќер. Кога јадам по правила на диетата шеќерот нормален. Вчера и денес викам ај ќе пробам пак по старо за ручек со локумче за десерт, чоколадни бадеми ,пастрмајлија, грашок ама моја количина итн. и ми покажа над 7. Со сокови цедени сабајле и италијански сендвич 6,2. Другите денови над 5,5 не отиде, ама кога пазев. Е сега дилемата ми е дека со вакво јадење и на нормален ќе му даде повисок шеќер или не? Не за друго ќе почнам и на мм да му мерам да не и он има гестациски, како што ги има сите други симптоми.
Истото е. Кај луѓе без проблем ќе покаже понизок шеќер. Пробував кај мм, сестра ми и другарка во исто време. Јадевме тестенини во сос и пиевме бело вино, кај сите беше низок само кај мене висок.
Дали ние со гестациски дијабетес имаме опасност од паѓање на шеќерот што се случува кај дијабетичарите? Вчера после секој оброк после 1h од јадење шеќерот од прст ми се движеше 5,6-6,9, ама благо и бел леб не јадев. Интернистот некако не ми изгледаше премногу загрижен за вредностите од ОГТТ тестот, ама еве се мислам дали да идам на ендокринолог.
Јас во петокот проверував ама приватно , немаше термини за со упат , но не верувам дека има разлика . Три пати боцкаат , прво боцкање па ќе почекаш резултат , па ти даваат гликоза да пиеш и ти пуштаа тајмер на 1h , па следи второ боцкање , пак ти пуштаат тајмер на 1h , и на крај трето боцкање и си одиш дома. Резултатите за еден саат ми беа готови и пуштени на меил.
Со упат се само две мерења, приватно се три. Со упат само понеделник може да се провери, приватно кога сакаш.
450 ден. е приватно , не знам стварно да ти кажам , уште две трудници имаше со мене што проверуваа , сите по 3 пати не боцкаа
Девојки чисто информативно да споделам со вас, отидов со упат во synlab ми рекоа две боцкања но јас инсистирав на три, не е проблем доколу инсистирате на три само што третото го доплаќате +120ден а првите две дека со упат бесплатни ( за оние кои авицена тафталиџе им е подалеку )
Браво за Синлаб. Во Авицена нема можност да си го доплатиш второто мерење, всушност ти викаат сите три на приватно да си ги платиш, ако сакаш три мерења. Прашав. Што не им гледам некое логично објаснување, освен профит. Ама на крајот од денот, да било толку битно второто мерење, ќе било овозможено со упат, барем така мислам.