На бензинските на макпетрол го има на др место не сум ни проверила, се од таму го земам, инаку е 60 денари.
Здраво женски Јас имам пишувано на темата, кога бев бремена, имав гестациски дијабет. Сакам да прашам дали некоја од вас, која имала ГД во прва бременост имала и во втора? Доколку има некоја со вакво искуство да ми сподели.
Здраво. Дали може да ми кажете кои се протеинските пудинзи што ги јадете? Јас до сега се воздржував, ама сега толку ми се јаде благо, ќе си пукнам
На гладно 5.6 по 1час 8.4 по 2 часа 10.9 по 3 часа 11.4 и сега ме упати во понеделник на интернист... немам референтни вредности, но зошто да се качува после 2 часа?
Високи ти се вредностите.. ќе ти каже интернистот на што да внимаваш и како да се храниш, инаку да по 2 часа треба да е понизок ама тебе сите вредности ти се покачени. Слушај ги докторите сигурно прво режим на исхрана ќе ти дадат па да видиш како ќе се движат вредностите потоа.
Да не беше под стрес? Мене денес малку покачени вредности од обично. Дали дека цел ден ми беше турбо и под стрес или пак претерав со млечното...
Не бев под стрес, само многу изнемоштена, мислам пред онесвестување, а и не пијам вода многу, ќе видам во понеделник што ќе каже интернист дали нешто од ова имс врска. Не знам и млечното дали толку може да влијае. ќе пишам во понеделник
Вие што сте на диета со лебни единици, по колку днево треба да внесувате? Бев сабајле бо центар за дијабет ми дадоа диета со 18ЛЕ, а мене тоа некако многу ми се гледа. Ме скараа дека премалку храна внесувам, ради тоа и намалувам килажа. Иначе тромесечниот ми е супер 4.8
Мене ми дадоа со 20 и 24. А слаба сум. После на контрола се испостави и дека немам гес дијабет, ама заради вредности на граница едни ми викаа имаш други немаш. Како и да е си го задржав начинот на исхрана, убаво ми дојде малку урамнотеженост.
Да споделам искуство. Тримесечниот шеќер ми излезе во ред, во границите, сега припазувам на исхрана, повеќе протеини, помалку јаглехидрати, мнооогу вода, па ќе видиме