Со упат од општ лекар матичен гинеколог не дава упат за скриен шекер јас во Авицена испитував со упат беше некој 49 денари две боцкања а можеш и приватно 500 ден беше три боцкања имаш во Авицена со тоа
Здраво! Ме интересира дали некој има искуство со метформин таблетите дали се штетни во бременоста.. Јас сум 26та недела и уште ги пијам ендокринологот не ми ги прекина јас ги пиев пола година пред да останам бремена и кога останав не ми ги прекина правев гликоза толеранција во 12 недела беше малку покачен и ми ги продолжи и пред 2 недели правев пак пак беше малку покачен и не ми ги прекина.. Пијам 3×500mg ама овие денови се изначитав коментари демек биле штетни за плодот
Мене кога ми открија шеќер во бременоста веднаш ме ставија на инсулин. Како што знам трудници не смеат да пијат апчиња за шеќер, ама сепак консултирај се со ендокринолог.
A posle bremenosta dali prodolzi so insulinot dali ako pocnam sega vo bremenosta da go stavam ke prodolzam i posle bremenost
Штом се породив по две недели ми се стабилизираше шеќерот и ми го прекинаа инсулинот. Шеќер имав само во бременоста. И да те стават на инсулин не е ништо страшно, не му штети на плодот
Моето искуство ми покажа обратно. Со апаратче од прст кога мерам на гладно вредностите ми се секогаш 5.1-5.4 Од вена на гладно највисоко 4.7 досега. Исто, за огтт тестот затоа што вредностите после 1 и 2 часс ми се малку изнад границата, а земени се од прст, ми рекоа дека не може со сигурност да се заклучи дали имам гестациски, ама да си водам диета и мерам шеќер после 1 час.
Девојки ај од искуство. Јас правев скриен шеќер во авицена, На гладно 5.2 По еден час 7.9 По два 8.4. Еден ми вика добро е,друг не.што мислите
Јас знам на гладно <5.1, после 1час <10, после 2 часа <8.5 Со оглед на тоа што на гладно ти е минимално изнад граница, а после 2 часа минимално испод јас би ти препорачала да замениш бело брашно со интегрално, и да исфрлиш благо скроз. А седеше таму тие 2 часа, или беше до дома па се враќаше за боцкање?
Ради 13кава после 1 час ќе треба диета. Другите вредности ти се ок. Епа го немаш трошено. Ептен ти се гранични вредностите. Што ти кажа матичен/интернист? За високи вредности на гладно се препорачува да нема голема разлика помеѓу последен оброк од претходно и прв оброк сабајле. Е сега под оброк се подразбира и чаша млеко/јогурт пред легнување, не класична вечера.
Здраво, сакам да прашам дали имате искуство со таблети метформин...на тестот за скриен шеќер добив повисоки вредности од граничните, бев на ендокринолог и ми даде список со јадења кои ми се дозволени...веќе две недели го мерам шеќерот и во текот на денот имам нормални вредности, проблем е што наутро на гладно секогаш ми е над 5.5, никако пониско, а во текот на денот пред јаденје некогаш ми е дури и под 5..докторката кажа дека поради овие вредности наутро сака да ми воведе терапија па малку сум исплашена да не му наштетат на бебето..поз
Колку време имаш разлика помеѓу последен оброк од претходниот ден и сабајле на мерење? Немам искуство со терапија, мене само со диета ми се регулира. Кога вечерата ми е многу рано, сабајле обавезно ми е повидок шеќерот. Затоа секогаш пред спиење каснувам нешто, чаша јогурт, млеко, било кои јатки
Која недела си? Ендокринолог ти спомна терапија со метформин? Метформинот не е препорачливо да се пие после прв триместар, зашто нема доволно студии дека е безбеден во покасна бременост, ниту пак какви последици остава покасно во развојот на детето. Чудно ми е што ендокринолог ти го препорачува. Јас го пиев 2 години во континуитет, ми го прекинаа во 13 недела. Единствен безбеден и ефикасен лек за гестациски дијабетес е инсулин, и доколку диета не помага, тогаш се пристапува кон терапија со инсулин за што дозите ги одредува дијабетолог. И јас имам најголем проблем со шеќерот на гладно, ама ми рекоа дека повремени отстапки се толерираат, особено поради фактот што домашните апаратчиња за шеќер даваат повисоки вредности отколку што се добиваат со испитување на серумска крв. Помеѓу вечерата и сабајле кога стануваш да мериш не треба да имаат поминато повеќе од 10-11 саати. Доколку вечераш порано, а легнуваш покасно, тогаш треба пред легнување пак нешто малку да каснеш - чаша полумастен јогурт или млеко, неколку супени лажици урда, пола јаболко со полна лажица путер од кикирики, шака бадеми или индиски ореви. Некогаш јадам и половина протеински пудинг со неколку бадеми во него (оној што е без шеќер).
Влегувам во 29-та недела, да ендокринологот ми ги препорача,последно ми кажа до 20ч најдоцна да вечерам и наутро штом се разбудам да го измерам...секако ќе барам и второ мислење инаку испитав и тримесечен шеќер и тој ми е во нормални граници...ви благодарам на одговорите