Истото го прашав пред некој ден. Повеќето го прават што сум слушнала. И јас се решив да го направам за мирна глава.
препорачливо е сите трудници да го прават, ете јас немав никакви индикации, шеќер во крв нормален, плодот си одговараше на неделите а сепак ми открија скриен шеќер кој успеав со правилна осхрана да го регулирам до крај
Утре ќе го правам тестот, знам дека не треба да се јаде претходно 12 часа, дали може да се пие вода или и тоа не треба?
Јас колку што знам може само вода да се пие вечерта, а сабајлето ништо. Така ми кажаа тогаш кога правев.
5,5 вредност на крвна слика висока е ? Индикација е за скриен? Сите мислења се различни....18+недела сум.....
Не мора да значи. Ако нешто повеќе си јадела благо претходниот ден или пак имаш помалку движење периодот, помалку си активна. А дури може и ако претходниот ден си била под стрес или па денот на земање крв. Провери пак за брзо и спореди. Во меѓувреме, внимавај си на исхрана.
Мене докторката ми кажа дека на гладно се над 5.1 е индикација и ќе треба диета или терапија. Најубаво да си закажеш кај ендокринолог и да те води. Сигурно ќе пробате прво со исхрана. Јас сум презадоволна од докторката Билјана Тодорова од ендокринологија. Цела бременост ме следеше, дури и за викенд знаеше да ми пише како сум, како ми се вредностите, и си комунициравме преку вибер, секогаш кога имаше простор за да не одам до кај неа. Ептен достапна докторка.
Зависи која е горната граница, немаат сите лаборатории исти референтни вредности. Инаку, шеќерот на крвна слика и тримесечен ми биле добри, а имам скриен шеќер. Не мора да значи ако имаш 5,5 дека имаш скриен. Направи си проверка во неделите кога се прави за да знаеш.
Тоа што си пиела вода нема врска, но храната од претходниот ден може да влијае на резултатот, особено ако не си прекинала со јадење околу 12 часа пред проверката.
Девојки ако може мислење, немам полицистични, немам проблем со андрогени хормони, слаба сум и константно внимавам на исхрана и секогаш имам лош квалитет на јајце клетки. Шеќерот по 60 и 120 мин оптеретување беше ок. Инсулинот е следен: На гладно 10 (горна граница 25) После 60 минути - 68 (горна граница 25) После 120 минути - 24 (горна граница 25). На гладно ХОМА ИР ИНДЕКС - 2.3 (рана инсулинска резистентност).
Доктор што вика? Ова не се лоши резултати, кај мене беше 140 после саат и 120 после два саати. Дијагнозата е баш инсулинска резистенција, пиев еден период Глукофаж и бев на диета и се подсреди работата. После една година правев контрола и пак почнав со терапија, забременив и еве сега немам испитано. Треба да одам. Кај тебе мислам дека е ок.
Девојки со овие вредности некој слично искуство што да се јади што да се пие ? Др ми рече да повнимавам на исхрана леб бел ,овошје и благо да избегавам и јас се трудам ама некогаш навистина ми се јади благо што правите во таков случај
Консултирај се со ендокринолог. Ќе ти каже што како треба да јадеш, и ќе си направиш сама мени. Бар јас така правев. И го држев под контрола. Ако имаш некои прашања, слободно пиши ми.