Е па така и јас сакав. Нема да можам да издржам толку време на столче да седам. А блиску ми е авицена до дома.
Прашај, мислам не е проблем.. и да е 500м, со кола најдобро и дома после ке си седиш... па пак назад со кола. Јас и со прва бременост си чекав кај теткава, сега пак.. побрзо времето ми поминува, таму ке се мрднев
Тука не дозволуваат никакво шетање, само до wc и назад и цело време да седеш додека чекаш да дојде саат да те боцнат повторно. 4 пати имам правено во 4 различни лабаротории и сите истото го имаат кажано дека никако одење додека се прави испитување на скриен шеќер. Повеќе објаснување нема тука само тоа, не може и готово. Првиот пат кога правев не знаев и сакав да слезам до долу мм сакаше нешто да ми даде, на 1 ви спрат е лабароторијата, ама приземје некако ни први спрат не беше не знам како да објаснам значи ни 5 метри немаше и штом отворив врата кога се дрзнаа сестрите еее еее каде ми вика? Им викам до долу само да земам нешто ме чека мм и одма идам, ми вика никако, нека дојде тој нека ти донесе што треба...... Којзнае зошто е тоа така, можеби точно како што пиша некој погоре дека со одењето се согорува шеќерот и може да даде погрешни резултати.....
@kukla21 Јас кога испитував во авицена дозволуваа само во тоалет да се оди друго ништо. Било каква активност го трошела шеќерот и со тоа погрешни резултаги
Добро, во реални услови не седиме нон стоп, па да развиваме дијабетис? Нормално е да се движиме. По моја некоја логика, пореални се реазултатите ако тераш нормални активности, него седење.
Јас одев 10м вкупно вчера, па ни толку.. лаб е на приземје со посебен влез и од лаб до кола, од кола во куќа, не ни бев у вц.. и пак за назад исто. Вода не се напив иако рече може малку ептен, но и онака не пијам нешто мн вода.. издржав без неа. Можеби ова одење малку разлика направило.. како и да е второ боцкање ми е 4.7, до 8.5 е граница, не верувам до толку да се согорило..
Јас треба некаде наредна недела да правам тест. Ми рекоја дека тестот трае околу 1час, планирам да одам насабајле околу 10:00, прашањето ми е дали јадевте нешто пред тестот, дали пиевте кафе и сл.? И друго прашање, од што се добива скриен шеќер, од јадење благо или пак од нешто друго?
Јас завршив со испитувањето Замислете ми рекоа сум смеела да јадам џабе умрев од глад Битно било после онаа течност што се пие да не се јаде ништо а предтоа сум смеела
Кој е тој тест од 1 саат? Минимум 2 би требало да е ако пиеш шеќер. Не треба да си јадена после 20ч претходниот ден. Иначе, ако имаш предиспозиции за шеќер, како вообичаен висок шеќер, шекераш во фамилија, поголем плод...... и "из чиста мира", значи може да се случи и ако нема претходни индикации, едноставно така работи организмот во бременост. Без грижи, од грижи се качува шеќерот.
@Mari* Јас досега немав слушнато дека постои испитување од 1ч и дека може да јадеш претходно. Ама ете научив нешто. Се надевам дека шеќерите ви се добри.
Претпоставувам дека референтните вредности се подесувани строго во мирување, зошто неможат да направат референтни вредности со дополнителен параметар движење, затоа што секој различно ќе се движи. И мене не ми дозволија да си заминам до Авицена, а и на ГАК золва ми кога правеше исто рпавило беше. таму те ставаат во кревет и те боцкаат. Дури и не подстануваш.
Америка, ама прашав колку ќе трае тестот за да знам временски да планирам и така ми рекоја. За јадење прашав исто и ми рекоја дека смеам да јадам под услов да не јадам благи работи ама некако чудно ми падна тоа па затоа прашав уште еднаш на форумов , за споредба. Сепак мислам дека нема да јадам, ќе идам одсабајле и ќе издржам 1час, повеќе ми беше страв да не ми се слоши од тоа течноста па затоа.
Да бе ништо страшно не беше,читајќи по темиве очекував шербет ама не беше ни близу толку благо Темно по боја и како сок Којзнае што ви даваат таму да пиете
Кило шеќер во 10 мл вода Секако дека не беше толку малку вода, ама јас таков впечаток имав... отров благо