Зар е можно да се растресам како да ми паднал шеќерот, а пред два часа гликоза пиев за второ и трето боцкање? Прави такво чувство качен шеќер, на растресеност? Многу слично ми е како кога ќе падне што велат старите..
Да, како гадење може, повраќање, вознемиреност, треперливост. Нормално е. Мене после тоа ми горчеше во уста, во хранопровод од шеќерот. 3 дена благо не каснав.
Фала @elenaklasik Според вас доцна е што испитав во 27+4? Изгубив време двоумејќи се оти матичната ми рече немало потреба, немало индикации. Ама читајќи ве вас, решив самоиницијативно да испитам.
Update:поради шеќер на рутинска слика од 5.9 денес проверив скриен во Плодност и испадна дека немам,на гладно ми беше 5.1 после наредните два пати 5.2 и 6.2 ,со три боцкања е и изнесува 500 денари,како инфо да се знае
Ако може некоја да го протолкува резултатот, чекам одговор од ендокринолог... Глукоза Т=0' 5.2 (4.2-6.1 mmol/L) Глукоза Т=60' 7.2 (нема референтна вредност) Глукоза Т=120' 4.6 (<7.8 mmol/L) Фала
Супер ти се. Во нулта време, на гладно, маалце за 0,1 ти е повеќе од границата. Со внимавање и повеќе движење и тоа би се регулирало. На другите рутиниски колку ти се движи?
Девојки ве молам за информација колку време точно трае целата постапка за испитување на скриен шеќер со три боцкања? Пример ако отидам утре во 9 часот во Синлаб, до колку најкасно би можела да завршам?
Со внимавање да споделам мои контролни резултати од венска крв: 0ч- 4,0 mmol/L 1h- 8,7 mmol/L 2h- 4,7 mmol/L
Претходно на гладно ми биле 4.4, 4.5, 4.8, 4.9. Ова е на последните рутински крвни слики. 5.2 е највисоко што некогаш ми било, не знам зошто така... Ќе намалам благо, тоа останува... Фала многу!
Помалку благо, повеќе протеини, ќе се стабилизира и тој првичниот. Се случува некогаш и од стресен момент да се покачи. Штом другите се во ред, не е ништо загрижувачки.
Девојки првото боцкање што е на гладно кај мене испадна висок 5.8 Додека второто и третото боцкање се одлични во нормала Второ 6.3 Трето 6.6 Матичната е на одмор а на скрининг трет сум закажана дури по две недели дали сметате дека морам веднаш да посетам лекар
И кај мене првата вредност на гладно испадна повисока. Не многу над граница, ама сепак 5.2. Другите две во ред беа. Консултирав ендокринолог, ме праша како е бебето со големина, и реков дека не отстапува многу со мерки, го мерат кога-како буквално. Ми рече не е страшно тогаш, ама секако можеш малце да повнимаваш на чоколади, сокови, торти и тоа... Ако имаш некое друго мислење, сподели.