Мамички, сакам да ве прашам тие што сте имале гестациски дијабет, на колку време одевте на цтг? Јас го открив во 35та недела, на крај, немам многу време за да го симнам зошто кај жени со покачени вредности на шеќер мора да се направи царски до 38ма нед. Бев кај проф. Бранкица Крстевска на диета сум со 18 лебни единици и сиофор 3 по 1 од 500 мг. Сепак, на гладно ми се качува сеуште оди и до 6,8 испид 5,5 немам измерено. После јадење супер вредности, проблемот е на гладно. Др Бранкица рече дека немам ниту еден ризик фактор, бебето не е поголемо , нема вишок плодова, и рече дела е чудно и да продолжам со даденото. Се слушнав со гинекологот ми рече ќе праиме на 2 дена цтг. И така сега ептен сум исплашена на крај
Незнам за цтг, ама знам дека последниве неколку недели си вон колосек. што од нервози и стрес, што од доктори, што од исчекување. Немаш ризик фактори, ќе одиш на царски, не си ја мачи душичката. Оди во шопинг, оди на кафе, види се со другарките, смени околина. Психичката состојба ти го прави шеќерот. Искулирај, закажи царски и израдувај не.
Царски закажав Ама ме вади од колосек , сега при крај и ова ме снајде и мислам хормоните ми се на максимум и ќе полудам
@eli25 си имаше стресови, мислам дека ова е реакција на твојот организам на тоа... опушти се мила, ќе биде се во ред, наскоро ќе се гушкате со бебето
Ајде мамичка. Штом си под редовна контрола бебе ќе е супер и ќе се гушкате во брзо време. Другото се ќе се среди. Не си прави дополнителни стресови што дополнително ќе ти влијаат на шеќерот.
И уште ова скриен шеќер каде во Скопје најчесто испитувате? И дали со упат од матичен гинеколог во Авицена е без платно или приватно си оди тој тест?
Во авицена со упат од матичен, само во понеделник со закажан термин и само со две мерења. за 450 денари можеш приватно кај нив, било кој ден тебе што ти одговара и со три мерења.
А кој дава најмеродавни резултатит тој со 2 мерења или 3? Јас во Авицена имам правено на приватно со 2 боцкања беше а на Ендокринологија со 3 боцкања беше.Резултати исто покажаа но тогаш ради пцос испитував а сега во бременост ми е нејасно незнам како е правилно да се испита и затоа си прашувам
Пс претпоставувам со три. И на гак така го прават. Со него мерат како организмоѕ ти преравотува после 1 и после 2 часа. Ова другово не знам како го прават @eli25 ти спиеш или се журкаш
Се ближиме на твоето неспиење. Не дека јас којзнае колку цврсто спијам. Плус станувам на пола саат. Барем знаеме ако ни се прави муабет ќе те најдеме
@eli25 мамииии имаше доста стресен период последниов месец.Чим Др.Бранкица кажала дека нема нус појави и си со терапија и гинеколог видел бебушко дека е добар не му се мисли ич.Прошеткај си,мисли си како ќе се гушкате со бепчо уште малце кога ќе ги видиш тие очиња најмили се ќе заборавиш.Со лесничко и Господ напомош
И за тоа благото што го даваат за пиење - мене не ми беше гадно, ама мноооогу благо ко за мој вкус. Шербет во чаша. Дунде се растури играјќи во стомак од толку благо!
Кукле каде испитуваше?со упат беше или приватно? И ова се резултати со 3 времиња или? П.С супер резултати така да си бидат
Во Авицена бев. Платив 450 денари. Претходно се јавував и прашував како е за со упат, ама ми кажаа дека се закажува. Некаде околу 10-15 јули закажуваа за 7ми август. Искрено, за 450 денари не ми се малтретираше да земам упат, да планирам кога да одам. Вака си отидов мене кога ми одговараше.