@iki26 провери го пак за недела дена. Мислам не е лошо да одиш на ендокринолог , мислам и скриениот ти беше на граница. Може да е скокнат од стрес, јадење доцна....
Сега бев на контрола 16+3 сум а по мерките бебето одговара за 17,18та. Докторот препорачува скриен шеќер да проверам. Некоја со искуство, совет?
Најдобро провери зашо скриениот шеќер е причина кога бебето е поголемо од потребното. А ако имаш скриен шеќер со диета ќе се среди. Јас имам скриен шеќер. Затоа оди провери обавезно. Се што е на време откриено поубаво.
Mene od sam pocetok malata e so edna nedela ponapred.Ispitav skrien seker super mi e.Nemora da znaci deka imas problem. Ispitaj si i mirna ke si
Мене првото ми беше мн напредно бебе... а шекерот супер ми беше. Се роди 4.4 со меше, бутки, гзе, образи.. буце бебе нема правило.. но за секој случај провери си скриен ако немаш проверено..
Јас бев во 20 недела на контрола и сега сум во 24 значи во меѓувреме треба да проверам и на 5 Септември сум на контрола со резултатите,затоа прашувам дали мора во одредена недела,пошто докторката не спомна или нема врска.
25 недела сум и денес правев ОГТ-тест: Резултати: На гладно 4,8 После 60 мин. 7,5 После 120 мин. 5,7 Дури да однесам резултати ме плаши тоа 7,5 знае ли некоја дали е загрижувачко или е нормално.
Нормално е. Јас правев пред една недела, после 60мин ми беше 7, докторот ми кажа до 10 е во ред. Мислам дека сите вредности ти се добри.
Побитно е второто боцкање, а реф граница за тогаш е до 8, така да супер ти се резултатите Реф граница за првото боцкање по еден час е до 10.
Дали треба некоја подготовка пред да се испитува скриен шеќер? За ОГТТ кога испитував ми рекоа 100гр.чоколадо или парче торта до 20ч. Сигурно е истото испитување се имам заборавено ми се мешаат термините за инсулинска резистенција и ОГТТ и затоа да си прашам
Јас не живеам во Мк и правев пред една недела. И тука Др ми рече бар 10 саати пред тест да не јадам ништо (освен може малку вода), а и дента претходно да избегнувам чоколади, торти, сладолед...
Може ова со чоколадото ми беше за испитување инсулинска резистенција затоа не бев сигурна и си прашувам може ќе ми каже матичната како што треба но чисто сакав и ваше мислење.Фалааа ви многуу мешињааа